РЕ-Топ Вести
(Видео) „Никогаш не се откажувај“ – патиките на Трамп веднаш беа распродадени
Поранешниот американски претседател Доналд Трамп ја претстави новата линија на патики, еден ден откако њујоршкиот судија го казни со речиси 355 милиони долари на судење за граѓанска измама.
Поранешниот претседател вчера претстави модел на патиката Трамп во продавницата Sneakercon во Филаделфија, а додека зборуваше пред присутните, на подиумот постави пар патики во златна боја, кои ги рекламираше на новата веб-страница за цена од 399 долари.
– Ова е нешто за што зборувам 12, 13 години и мислам дека ќе биде голем успех – рече Трамп, кој е се поблиску до републиканската претседателска номинација за овогодинешните избори и реваншот со актуелниот претседател Џо Бајден, јавува Си-Ен-Ен.
На веб-страницата на продавницата беше објавено дека до синоќа се распродадени сите патики од овој модел, вкупно 1.000 пара, колку што имало на залиха.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Јадете умерено и не пазарете импулсивно – препораки за правилна исхрана за време на празничните денови
Можеби во празнична атмосфера, забавите, патувањата исполнети со вкусни и примамливи намирници и пијалаци не е лесно да се придржуваме до принципите на здрава и врамнотежена исхрана. Но, со внимателен избор на храна и умереност, можеме да уживаме во празниците, а и по празници без дополнителни здравствени ризици, велат од Институтот за јавно здравје (ИЈЗ).
На пазарење е најдобро да одиме наспани и по квалитетен оброк. Тешко ќе одолееме на импулсивно купување доколку сме гладни и по непроспиена ноќ, во такви ситуации ќе купуваме храна богата со шеќер, масти и сол и ќе бидеме склони кон донесување импулсивни одлуки.
ОСНОВНИ НАСОКИ ЗА ПРАЗНИЧНА ИСХРАНА
„Клучот“ за здрав режим на исхрана е во умереноста. Не јадете сè на гозбите и забавите. Јадете полека. Јадете блиску до вообичаеното време. Не прескокнувајте оброци за да јадете за време на гозбата или забавата. Така ќе е потешко да го контролирате шеќерот во крвта, ќе бидете навистина гладни и веројатно вечерта ќе се прејадете. Одберете овошје наместо грицки. Намалете ја количината на шеќер и не претерувајте со чоколадото.
ЗДРАВ РЕЖИМ НА ИСХРАНА
Избегнувајте пржена, висококалорична, мрсна и зачинета храна, а место таква, подгответе или изберете да јадете варена или храна печена во фурна. При изборот на месо, дадете приоритет на белото месо (пилешко, мисиркино), а ограничете ја употребата на црвено месо со видливи масти. Со месото задолжително подгответе доволно зеленчук и разни свежи салати. Рибата нека биде на празничната трпеза.
ВНИМАВАЈТЕ НА СОЛТА
Отстранете го соларникот од празничната трпеза. Користете несолени замени за солта, како што се црн бибер, луто, лимон, оцет, лук и други зачини.
АЛКОХОЛОТ И ЗАСЛАДЕНИТЕ ПИЈАЛАЦИ СЕ ИЗВОР НА Т.Н. „ПРАЗНИ КАЛОРИИ“
Преиспитајте го вашиот пијалак! Слатките пијалаци кријат кисела вистина. Не купувајте и не складирајте засладени пијалаци дома. Во кафулиња, ресторани и слично, не нарачувате безалкохолни пијалаци и избегнувајте шлагови, преливи, сокови на растворување, сирупи итн. Редовно носете со себе вода во стаклено шише.
Не постои безбедно ниво на консумирање алкохол! Консумацијата на алкохол може да предизвика непосакувани состојби, а алкохолот е и многу калоричен. , За лицата на возраст од 15 до 39 години нема здравствени придобивки од пиењето алкохол, туку само здравствени ризици.
ХИДРАТАЦИЈА ЗА ВРЕМЕ НА ПРАЗНИЦИТЕ
Водата нека биде Ваш прв избор!
Ако ви недостасуваат газирани пијалаци, изберете газирана минерална вода без вкус (арома).
Чај или домашно цеден сок без додаден шеќер.
* Имајте предвид дека, ништо од горенаведените пијалаци не се целосна замена за водата, туку може да заменат една порција.
НОЌЕН СОН
Намалениот сон, може да го отежне справувањето со шеќерот во крвта, а заради недоволното спиење, ќе ви се зголеми желбата за внес на храна богата со масти и шеќери. За да се заштитите од нерационален внес на храна, потрудете се навечер да спиете меѓу 6 и 8 часа.
ФИЗИЧКА АКТИВНОСТ
Одделете најмалку 30-45 минути дневно за пешачење.
КОРИСТЕЊЕ НА ПИРОТЕХНИЧКИ МАТЕРИЈАЛИ
Понесени од атмосферата, често, особено кај детската и адолесцентната популација, славењето е проследено со зголемена употреба на пиротехнички материјали.
Употребата на пиротехнички материјали има сериозни негативни јавноздравствени последици. Повредите поврзани со употребата на пиротехнички материјали се тешки, претворајќи ги многу прослави и весели моменти во несреќи.
Најзасегнати се децата, старите лица и лицата со респираторни или срцеви заболувања. Краткорочното изложување на нус-продукти од употреба на пиротехника може да влоши некоја постоечка белодробна болест или да предизвика астматичен напад. Кај луѓето со срцеви заболувања, краткотрајната изложеност на чад од употребата на пиротехмички средства може да се поврзе со срцев удар и аритмии.
Чадот од употребата на пиротехничките материјали придонесува за загадувањето на воздухот.
Не заборавајте, не страдаат само луѓето, страдаат и животните!
Правилната исхрана, редовната физичка активност и давање приоритет на безбедноста наместо на пиротехниката ќе нѝ помогнат во остварувањето на желбите кои ќе ги посакаме за годината што доаѓа.
РЕ-Ново
Маск има нов план: Сака да го урне „Јутјуб“
Илон Маск откри дека нов формат на видеосодржина доаѓа набргу на платформата X.
Милијардерот и сопственик на X откри дека оваа платформа набргу ќе овозможи видеосодржини со долга форма на паметните телевизори.
Одговарајќи на барање на корисник, Маск го потврди пристигнувањето на видео со долга форма на паметните телевизори.
Coming soon https://t.co/JlnlSL7eS9
— Elon Musk (@elonmusk) March 9, 2024
Изворите сугерираат дека апликацијата X TV ќе личи на апликацијата „Јутјуб“ за ТВ, што укажува на амбициите на Маск услугата да стане конкурент на платформата на „Гугл“.
Платформата X додава многу нови функции во последните месеци, а Маск веќе ја изрази својата намера да го претвори X во супер апликација, која може да направи сè – испраќање пораки, плаќање, но и гледање видеосодржини во долга форма.
РЕ-Топ Вести
Во Велика Британија компаниите тестираа работна недела од четири дена
Конечно е завршено испитувањето за ефикасноста на четиридневната работна недела во Велика Британија. Многу компании учеснички им дозволија на вработените да продолжат да работат помалку, а повеќе од половина ја направија промената трајна.
Помеѓу јуни и декември 2022 година работниците во 61 компанија во Обединетото Кралство работеа 80 отсто од своето нормално работно време за иста плата, додека ветуваа дека ќе завршат 100 отсто од нивната доделена работа.
Најмалку 89 отсто од тие фирми ја задржаа таа политика, а најмалку 51 отсто ја направија четиридневната работна недела постојана до крајот на 2023 година, се наведува во извештајот.
Студијата беше објавена на 21 февруари од Autonomy.
Ефектите од намаленото работно време беа исклучително корисни за персоналот и нивните компании, се вели во извештајот.
На крајот од студијата вработените пријавиле подобро физичко и ментално здравје, подобра рамнотежа помеѓу работата и животот и целокупно задоволство.