Контакт

Daily news

Голем раст на бројот терористички напади во 2016-та

Објавено пред

Бројот на терористичките напади во светот се зголемил за 14 отсто во текот на минатата 2016-та споредено се претходната година, а кога станува збор за западните земји забележан е раст од дури 175 проценти, се наведува во студијата на Aon, меѓународна компанија којашто меѓу другото се занимава и со управување со ризиците и посредување во осигурувањето.

Во студијата објавена во четвртокот се наведува дека минатата година се регистрирани 4.151 терористички акт во светот, во споредба со 3.633 во претходната 2015 година. Во западните земји во посочените години таа бројка се зголемила од 35 на 96, наведуваат стручњаците на Aon.

И покрај големиот раст на терористички дела во западните земји, тие не прават ниту три отсто од терористичкото насилство на глобално ниво.

„Сценариото за 2017 година не е розово. Навистина не гледаме причина поради којашто ситуацијата би се поправила. Кумулативниот ефект на политичките, економските и терористичките ризици создава крајно небезбедна атмосфера“, изјави за AFP, Луј Болаер, директорот на одделот за политички ризици на Aon во Франција.

Во извештајот се оценува дека „мали се можностите дека ризикот од политичко насилство ќе се намали во 2017-та (…). Губењето на територијата на групацијата Исламска држава во Ирак и во Сирија, веројатно ќе доведе до раширување на терористичката мрежа, што ќе резултира со сериозни ризици за десетици земји во регион и надвор од него, особено во Европа и во Азија“./крај/мф/сн

Најново

Забава25 минути

Сандра Булок: Црвениот тепих за мене е кошмар, секогаш ме фаќа паника

Сандра Булок откри дека и по децении успешна кариера сè уште се чувствува непријатно на црвениот тепих и дека позирањето...

Економија36 минути

Мицкоски: Во јули и август имаме ниво на годишна инфлација коешто е под нивото на Европската Унија

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, денеска, одговарајќи на новинарско прашање во однос на инфлацијата, изјави: „Па, да, јас кажав, ние...

Црна хроника1 час

Стружанец пријавил дека бил грабнат со закана со оружје, па признал дека измислил

ОВР Струга поднесе кривична пријава против К.Р. (32) од Струга поради сомнение за сторено кривично дело „лажно пријавување кривично дело“,...

Македонија1 час

Мицкоски не кажа колку пари е настапот на Давид Гета оти и граѓаните и буџетот настаните ги чинат 0 денари, сè платиле компании

Сите настани околу прославата на 35 години самостојност ги платиле општествено одговорни компании, рече премиерот Христијан Мицкоски. Иако денес првпат...

Македонија1 час

Само 32 отсто од учениците го достигнале основното ниво по математика, Јаневска: Резултатите се многу лоши

Резултатите од ПИСА 2025 се повторно многу лоши, но тие се одраз на претходно спроведените реформи во образованието, оцени денеска...

Македонија2 часа

15-годишен битолчанец спаси тричлено семејство од давење во Грција

Петнаесетгодишниот Михаил Николовски од Битола помогнал да се спаси тричлено семејство од Бугарија кое се нашло во опасност во морето...

Спорт2 часа

НБА сака да ја преземе Евролигата

НБА е подготвена да ја купи и преземе Евролигата. Потенцијалната понуда на НБА за купување на Евролигата би можела да...

Свет2 часа

Германија би можела да му достави на Киев податоци за Украинците способни за воена служба

Германија би можела да ѝ достави на Украина податоци за украинските мажи кои живеат во земјата и се способни за...

Свет2 часа

Кина воведува построги правила за вештачката интелигенција и авторските права

Кина планира да ги заостри и приспособи прописите за заштита на интелектуалната сопственост поврзани со вештачката интелигенција и алгоритмите, како...