Контакт

Daily news

Либиската крајбрежна стража се судри со криумчари на мигранти, четворица мртви

Објавено пред

Четири осомничени криумчари на мигранти се убиени во престрелка со либиската крајбрежна стража кај западниот брег на Либија во четвртокот, изјави портпаролот на крајбрежната стража Ајуб Касем.

Портпаролот рекол дека во престрелката е повреден германски новинар кој бил во бродот на крајбрежната стража, и дека судирот се случил кога припадниците на крајбрежната стража се обиделе да ги уапсат тешко вооружените криумчари недалеку од чамец со мигранти. На бродот биле уште и шпански камерман и либиски организатор кои не се повредени.

„Бродот на крајбрежната стража открил чамец со вооружени лица со помош на радар во текот на патролирање. На вооружените луѓе им е наредено да застанат, но тие одбиле да послушаат што значи дека најверојатно се криумчари. Стрелале кон крајбрежната стража, а таа возвратила на огнот“, изјавил за Reuters портпаролот Касем Ајуб.

Според него, четворица осомничени се убиени во престрелката, двајца се уапсени, а еден исчезнал./крај/мф/сн

Најново

Забава2 минути

Чекор што многумина го прескокнуваат, а сепак е важен: Зошто е од суштинско значење да ѝ посветите внимание на кожата пред спиење?

Вечерната нега на кожата на телото помага во одржување на хидратацијата и мекоста. Откријте кои креми, масла и активни состојки...

Спорт7 минути

Карик за својата иднина: Ништо нема да се случи

Манчестер Јунајтед успеа магично да освои бод против Астон Вила, но за иднината на тренерот Мајкл Карик сè уште се...

Македонија8 минути

Левица: ДПМНЕ го врати феудализмот – работниците во ЈП „Национални шуми“ спротивно на закон се принудени да прифатат цепаници наместо К-15

„Додека Мицкоски секојдневно ја убедува јавноста дека Македонија доживува економска преродба, во државното претпријатие „Национални шуми“ работничките права се враќаат...

Забава11 минути

(Фото/Видео) Роузи Хантингтон-Вајтли во интригантна креација: никој не ја очекуваше во разголено издание

Манекенката Роузи Хантингтон-Вајтли се појави во интригантна креација која многумина ги остави без зборови. Никој не очекуваше дека еден скулптурален...

Култура19 минути

Самир Љума, кинематограферот на „Медена земја“, на светска премиера во Талин со филмот „Моето заробено срце“

„Моето заробено срце“ (MY ENSLAVED HEART), босанска драма што ја напиша и режираше Џан Харба, ќе има светска премиера на...

Забава22 минути

(Фото/Видео) Ирина Шајк покажа дека е најубавата жена во едноставен црн фустан

Ирина Шајк се појави во ненаметлив фустан со тенки ленти кој го привлече вниманието на светот, докажувајќи дека дури и...

Свет29 минути

Трамп најави можна средба со Путин и Ши: „Се обидуваме да ја завршиме војната во Иран“

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека следната недела во Кина би можел да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин...

Свет36 минути

(Видео) Пожар во повеќекатница во Кина: загинаа 14 луѓе

Четиринаесет лица загинаа во пожар што избувна вчера во повеќекатна зграда во Тајуан, во северната кинеска провинција Шанси, објави денеска...

Свет41 минута

Пијанист од крузер спасен по девет часа во Тихиот Океан: преживеал благодарение на „Ел Нињо“

Пијанист од крузер е спасен откако поминал девет часа во Тихиот Океан, на околу 32 километри од брегот на Калифорнија....