Контакт

Свет

Путин: Не можам да гарантирам дека Навални ќе излезе жив од затвор

Објавено пред

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека не може да гарантира оти опозицискиот лидер Алексеј Навални ќе излезе жив од затвор. Тој исто така негира дека нарачал обид за атентат врз Навални.

На прашањето дали може да гарантира дека Навални ќе излезе жив од затвор, Путин рече дека не зависи од него.

„Видете, ваквите одлуки во оваа земја не ги носи претседателот. Нема да се однесуваат кон него полошо од кој било друг“, рече Путин.

Рускиот претседател уште еднаш негира вмешаност во нападот врз Навални.

„Немаме ваква навика да убиваме во кое било време“, нагласи тој и исто така негира дека Москва стои зад неодамнешниот сајбер-напад врз американската компанија „Солар виндс“ и мешањето во американските избори во 2020 година.

„Ние сме обвинети за разни работи. Мешање во избори, сајбер-напади и така натаму. И ниту еднаш, ниту еднаш и ниту еднаш не се потрудија да дадат доказ. Тоа, едноставно, се неосновани обвинувања“, истакна Путин.

Тој оцени дека руско-американските односи „паднале на најниската точка во последните години“, но дека тој и Бајден ќе може да работат заедно на прашања од заеднички интерес, како што е контролата на оружјето. Путин неодамна рече дека Бајден е „кариерен политичар“, а неговиот претходник Доналд Трамп го опиша како „живописна личност“.

Изјавите на Путин дадени во интервју за „Ен-би-си њуз“ се нова провокација на рускиот лидер пред утрешниот самит со американскиот колега Џо Бајден. Двајцата лидери утре ќе се сретнат во Женева во услови на ескалација на тензиите во врска со сајбер-нападот на Кремљ и мешање во изборите во САД, а Бајден се очекува да го отвори прашањето за Навални.

Вчера, Бајден процени дека ќе биде трагедија доколку Навални умре во затвор.

„Тоа само би им наштетило на неговите односи со остатокот од светот и со мене“, рече тој на конференцијата во Брисел по самитот на НАТО осврнувајќи се на Путин.

Свет

„Локдаун“ во уште еден град во Австралија

Објавено пред

Милиони Австралијци се погодени од новото заклучување, пренесува Би -Би -Си.

Властите воведоа тридневно заклучување во југоисточниот дел на Квинсленд, вклучувајќи го и третиот по големина австралиски град, Бризбејн.

Официјални претставници на Квинсленд објавија дека се потврдени шест нови случаи на коронавирус, сите поврзани со средношколец чиј тест беше позитивен во четвртокот.

Ограничувањата се најстроги досега во Квинсленд. На луѓето им е дозволено да ги напуштат домовите само за да купат основни потреби или да вршат основни работи, да вежбаат или да одат на лекување.

Минатата недела беше воведен „локдаун“ во Сиднеј, кој ќе трае до крајот на август.

Околу илјада полицајци се распоредени во Сиднеј за да спречат протести против мерките за борба против пандемијата.

Протестите минатиот викенд резултираа со серија апсења и судири со полицијата.

Помалку од 15 проценти од Австралијците се целосно вакцинирани против коронавирус.

Прикажи повеќе...

Европа

Британски научници: Многу е веројатно дека заштитата од вакцината ќе ослаби со текот на времето

Објавено пред

Заштитата што ја дава вакцината против коронавирусот, најверојатно, ќе ослаби со текот на времето, а кампањите за вакцинација ќе траат и во наредните години, велат научниците од советодавната група на британската влада.

„Голема е веројатноста дека со текот на времето имунитетот кон САРС-КоВ2 создаден од вакцината ќе слабее“, се вели во документот од САГЕ (Научна советодавна група за вонредни ситуации).

„Затоа, многу веројатно е дека кампањите за вакцинација против САРС-КоВ-2 ќе продолжат и во наредните години, но сега не знаеме колку често ќе мора да се ревакцинираме за заштита од Ковид-19“, велат научниците.

Документ со наслов „Колку долго вакцините ќе штитат од Ковид?“ беше составен од истакнати вирусолози и епидемиолози од повеќе институции – Кралскиот колеџ во Лондон, Универзитетот во Бирмингем и Јавното здравство на Англија.

Британија одобри и користи вакцини од три производители – „Астра зенека“, „Фајзер/Бионтек“ и „Модерна“. Податоците покажуваат дека вакцините штитат 95 проценти, па дури и повеќе од алфа-сојот, кој доминира во Велика Британија претходно оваа година, велат научниците, но способноста на вакцината да заштити од инфекција и пренесување од другите видови коронавирус е многу помала, сугерираат тие.

Во одделен извештај до британската влада од 22 јули научниците велат дека постои реална можност да се појават нови видови коронавирус што би можеле да предизвикаат посериозни болести или да го ослабат ефектот на вакцините што се сега достапни. Појавата на овие нови видови на вирусот може да доведе до посилни контроли и затворања со негативни последици за економијата.

Прикажи повеќе...

Европа

Институтот„Роберт Кох“ објави список на земји од кои Германците се враќаат најчесто заразени од коронавирус

Објавено пред

Институтот „Роберт Кох“ го објави својот редовен неделен извештај за состојбата на пандемијата во Германија, во кој, меѓу другото, се анализира колку Германци се заразиле од коронавирус за време на одморот во странство.

„Инфекциите со Ковид -19, што веројатно се случиле за време на патување или на одмор, играат зголемена улога во сегашната стапка на новозаразени во Германија“, велат од Институтот.

Во извештајот е опфатен период од четири недели.

Од 28 јуни до 25 јули пријавени се 3.662 случаја на новозаразени, а се претпоставува дека пациентите биле изложени на коронавирус во странство.

Според податоците на овој Институт, повеќето од жителите на Германија се заразени од коронавирус во Шпанија во изминатиот период (1.247 луѓе).

Турција е на второ место (249), а Холандија е на трето место (203).

Хрватска е на четврто место (197), а Грција е петта (180 заразени).

Од шестото до десеттото место се Русија, Франција, Италија, Австрија и Данска.

Се разбира, повеќето Германци се заразени од коронавирус во Германија (81 процент од новите инфекции), потенцираат од Институтот.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет25 минути

„Локдаун“ во уште еден град во Австралија

Милиони Австралијци се погодени од новото заклучување, пренесува Би -Би -Си. Властите воведоа тридневно заклучување во југоисточниот дел на Квинсленд,...

Спорт1 час

Ѓоковиќ поразен – пристигна како најголем фаворит за златниот медал, на крајот не упеа да освои ниту бронза

Олимпискиот турнир во сингл за најдобриот светски тенисер, Новак Ѓоковиќ се претвори во кошмар. Во Токио пристигна како најголем фаворит...

Македонија2 часа

Горан Сугарески разрешен од директорската функција во Царинската управа

Владата го разреши Горан Сугарески од функцијата директор на Царинската управа. „Владата ја прифати одлуката на Комисијата за именување, Горан Сугарески да...

Економија2 часа

Државата ќе им даде 111 милиони денари помош на туристички агенции, ресторани за свадби и ноќни клубови

Владата ќе додели еднократна финансиска помош во висина од 111 милиони денари за 382 лиценцирани туристички агенции, категоризирани ресторани за...

Македонија3 часа

(Видео) Државата ја зголеми наградата за олимпиецот Георгиевски

Владата на 93-та седница ја дополни одлуката за паричната награда за постигнатиот врвен олимписки успех на Дејан Георгиевски на Летните...

Регион16 часа

Вишеградската група со поддршка за „Отворен Балкан“, соработката ќе придонесе за регионална стабилност

Земјите од вишеградската група (Унгарија, Чешка, Словачка и Полска) го поздравија формирањето на иницијативата „Отворен Балкан“ (поранешен минишенген) од страна...

Регион18 часа

Српски автобус се преврте во Германија, повредени најмалку 19 лица

Најмалку 19 лица се повредени при превртување патнички автобус на германскиот автопат А13 помеѓу Стааков и Фрајвалде во правец на...

Македонија20 часа

Поради неправилности во работењето, сменет директорот на Националната библиотека „Свети Климент Охридски“

Директорот Фремзим Даути се разрешува од должноста директор на Националната установа, Национална и универзитетска библиотека „Свети Климент Охридски“ – Скопје...

Македонија20 часа

Илинден на Мечкин Камен без говор на Пендаровски, но првпат со Ахмети

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, нема да оди да го чествува Илинден на Мечин Камен на 2 Август иако шефот...

Македонија20 часа

Пендаровски нема да ги потпише измените на Изборниот законик, смета дека има нелогичности

Претседателот Стево Пендаровски нема да потпише указ за прогласување на измените на Изборниот законик со кој се бараат потписи од...

Македонија23 часа

Двајца починати и 74 нови случаи на Ковид-19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 4.582 тестирања, а регистрирани се 74 нови случаи на...

Македонија23 часа

Фирма казнета со 20.000 евра за испуштање мазут во Вардар

По пријава од граѓани за излеана темна дамка во реката Вардар кај Градско, државен инспектор за животна средина темелно ги...

Топ1 ден

Пешак загина, велосипедист тешко повреден – и во двата случаја возачите што ги удриле побегнале

Пешак во Скопје загина, а велосипедист е тешко повреден во два одделни случаја во кои биле удрени од автомобили, при...

Топ1 ден

Возачот кој усмрти пешак во Куманово бил пијан

Седумдесетгодишниот возач М.П. кој удри во пешаци во Куманово, од кои едниот почина, бил пијан, утврди кумановското обвинителство. Несреќата се...

Свет1 ден

Во Кина се појави ново жариште на коронавирус, најголемо по Вухан

Жариште на Ковид-19 откриено во кинескиот град Нанџинг се прошири во пет кинески провинции и главниот град Пекинг, а кинеските...

Топ1 ден

Во гостилница во Арачиново специјалците уапсија меѓународен наркодилер кој побегнал од затвор

Во акција во угостителски објект во скопско Арачиново, утрово околу 6 часот и 45 минути бил уапсен 43-годишен арачиновец кој...

Свет1 ден

Сè поголем притисок врз невакцинираните војници и државни службеници во САД

Американскиот претседател, Џо Бајден, донесе серија мерки за поттикнување на вакцинацијата во САД, вклучително и задолжителна вакцинација за милиони федерални...

Свет1 ден

Израел почнува со вакцинација со трета доза од вакцината

Израелскиот премиер, Нафтали Бенет, објави дека земјата ќеапочне да дава трета доза од вакцината против коронавирус на лица постари од...

Македонија1 ден

СДСМ објави уште петмина кандидати за градоначалници

СДСМ објави уште пет имиња на кандидати за градоначалнци за претстојните локални избори што ќе се одржат во октомври. Партијата...

Свет2 дена

Американски дипломат 14 години дрогирал и силувал жени, му се заканува доживотен затвор

Поранешен службеник на американската амбасада во Мексико се изјасни за виновен за дрогирање и сексуална злоупотреба  на најмалку 23 жени...

Досие