Контакт

Daily news

САД: FBI прави специјален оддел за Русија

Објавено пред

 Американското Федерално биро за истраги (FBI) планира да создаде специјална единици којашто ќе биде ангажирана на координација на истрагата за наводната „руска интервенција“ на ланските претседателски избори во САД.

Според изворите на весникот Financial Times, овој оддел ќе има цел да му достави на директорот на Бирото, Џејмс Коми, дополнителни можности за пристап до деталите од истрагата. „Тој (одделот) е наменет за зголемување на ресурсите“, рекол неименуван агент на FBI.

Се наведува дека вообичаено Бирото преферира да спроведува истраги од една од своите 56 филијали. Сепак, според поранешни и сегашни функционери, за истражување на „руското мешање“ во претседателските избори, неопходно е централно раководење со истрагата.

Financial Times истакнува дека новиот оддел ќе биде сместен во седиштето на FBI во Вашингтон, а ќе почне да функционира од следниот месец.

Се очекува дека контролата над новата служба ќе му биде доделена на специјалист по контраразузнавање, кој еднаш седмично ќе му поднесува извештај за работата на Коми и секојдневно ќе дава отчет пред заменикот директот на FBI, Ендрју Меккејб. Вкупно во одделот ќе има 20 агенти, од целата земја.

Весникот пишува и дека иследниците на FBI, исто така, ќе можат да ја оценуваат можноста за покренување кривични постапки. Сепак, како што се додава во написот, многумина песимистички ги оценуваат изгледите на овој оддел, поради тешкотијата во обезбедувањето докази за руската страна. Претходно директорот Коми изјави дека Бирото го истражува „руското мешање“ во изборите и „врските на изборната кампања на Трамп со Русија“.

Од своја страна, Москва повеќепати ги отфрли наводите на американското разузнавање за наводно обиди на руската влада да влијае врз изборите во САД. Медиумските извештаи дека претставници на изборниот штаб на актуелниот американски претседател Доналд Трамп биле во постојан контакт со руски функционери, во Кремљ ги опишуваат како неосновани./крај/мф/сн

Најново

Забава5 минути

Холивудскиот актер ослабе 90 килограми, многумина не го препознаа на фотографијата

Додека многу познати личности се потпираат на лекови за слабеење, холивудскиот актер Џон Гудман постигна трансформација на телото на сосема...

Забава14 минути

Луис Хамилтон објави фотографии со Ким Кардашијан и покажа како го поминуваат летото

Луис Хамилтон објави серија фотографии со Ким Кардашијан и покажа досега невидени моменти од нивната врска. Возачот на Формула 1...

Македонија21 минута

Филипче: Карпалак не смее да биде само датум во календарот

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, упати порака со почит и сеќавање кон загинатите бранители кај Карпалак, кои на денешен ден...

Македонија23 минути

Мицкоски: Карпалак е наша заедничка рана, но и наша обврска да паметиме

Постојат датуми кои не се само дел од календарот, туку остануваат засекогаш врежани во колективната меморија на еден народ. 8...

Македонија30 минути

ДУИ: Отстранувањето на албанскиот јазик од државните табли на Табановце е тешка провокација

Отстранувањето на албанскиот јазик од државните табли на граничниот премин Табановце, на територијата на Општина Куманово, претставува директно прекршување на...

Топ37 минути

Уапсен возач од Арачиново кој избегал по несреќата во Радишани во која загина 19-годишен мотоциклист

Полицијата приведе едно лице во врска со сообраќајната несреќа во Скопје во која вчера загина 19-годишен мотоциклист од скопско „На...

Црна хроника42 минути

Двајца фатени под сомнение дека подметнувале пожари во Македонија

Полициски службеници од ОВР Македонски Брод и ОВР Прилеп привеле две лица под сомнение дека предизвикувале пожари на отворен простор....

Црна хроника49 минути

Полицаец удрил лице со врзани раце во Градски парк, пријавен за малтретирање

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи до ОЈО ГОКК поднел кривична пријава...

Црна хроника52 минути

Осумгодишно девојче тешко повредено откако во него удрил „јагуар“ во Гостивар

Oсумгодишно девојче од Гостивар е тешко повредено по удар од автомобил во градот. „На 07.08.2026 во 21:30 часот во ОВР...