Европа
Убиени најмалку 39 луѓе на новогодишна забава во Истанбул
Најмалку 39 луѓе загинаа, меѓу кои 16 странци, во напад на ноќен клуб во Истанбул, рече во недела турскиот министер за внатрешни работи.
Нападот се случил околу 1.30 часот по полноќ по локално време, во познатиот ноќен клуб „Реина“ во областа Бешикташ во европскиот дел на Истанбул на брегот на Босфор.
Сулејман Сојлу, министерот за внатрешни рече дека продолжува потрагата по напаѓачот, кој се верува дека делувал сам.
Најмалку 69 луѓе се повредени, а укажана им е лекарска помош во болница, додаде министерот, Четворица од нив се во критична состојба.
„Потерата по терористот трае. Полицијата презеде акција. Се надеваме дека напаѓачот наскоро ќе биде уапсен“, додаде министерот.
Од жртвите идентификувани се само 21, а 16 се странци, а тројцата Турци веројатно биле дел од персоналот во кафулето.
Претходните извештаи за нападот велат дека напаѓачот бил облечен како Дедо Мраз влегол и пукал во гостите, но снимките кои ги покажа CCTV укажуваат на тоа дека напаѓачот носел црно палто.
.
Според гувернерот Васип Сахин, убиени се и еден полицаец и цивил пред напаѓачот да влезе во клубот.
„Пред да сфатам што се случува, сопругот паѓаше врз мене“, вели за AP, Синем Ујаник, жена која била во клубот. „Морав да подигнам неколку тела кои беа врз мене за да излезам. Беше страшно“.
Во клубот имало околу 700 луѓе, во времето на нападот, а некои скокнале и во водата за да се спасат./крај/bbc/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Околу 500 патници заглавени во авиони поради снег во Минхен
Околу 500 патници останале заглавени во авиони на аеродромот во Минхен, откако нивните летови биле откажани поради обилни снежни врнежи. Иако дел од авионите биле подготвени за полетување, патниците не можеле да се вратат во терминалот поради недостиг на автобуси и зафатени паркинг-позиции за авионите.
Повеќе од 100 летови планирани за четврток навечер биле откажани поради снегот, а дел од патниците ја поминале целата ноќ во леталата.
Лоша логистика и ограничен капацитет
Според портпарол на авиокомпанијата Луфтханза, дури и летовите што добиле специјални дозволи за ноќно полетување не можеле да тргнат. Како причина се наведува тоа што сите паркинг-места за авиони во близина на терминалот биле веќе зафатени, а капацитетот на автобусите за превоз на патници бил ограничен.
„Во тој момент сите паркинг-места кај терминалот беа исполнети, а бројот на автобуси е ограничен“, изјавил портпаролот, додавајќи дека организацијата на автобускиот превоз е во надлежност на аеродромот.
Летови кон повеќе европски и светски дестинации
Според информациите на Луфтханза, погодени биле летови кон Сингапур, Копенхаген, Гдањск, Грац и Венеција. Дури во раните утрински часови автобуси пристигнале и ги превезле патниците до терминалот.
Од аеродромот во Минхен кратко соопштиле: „Жалиме за непријатностите што настанаа“.
Студен бран во регионот
Ледениот бран изминатите денови го зафати и Виена, додека хаос беше пријавен и во Марибор, каде што голем број жители останаа без струја, а дел и без вода.
Поради состојбата, во поширокото подрачје на вториот по големина град во Словенија беше прогласена вонредна состојба.
Европа
Уапсени двајца тинејџери во Франција: планирале терористички напад
Двајца 16-годишници беа уапсени претходно оваа недела во северна Франција под сомнение за планирање напади врз трговски центар или концертна сала, соопшти канцеларијата на францускиот обвинител за антитероризам во петокот.
Апсењата спречија планиран напад, соопшти канцеларијата, пренесува Ројтерс.
Обвинителот за антитероризам рече дека еден од двајцата малолетници почнал да следи џихадистичка пропаганда. Имињата на уапсените не беа објавени.
Европа
Мерц реизбран за лидер на ЦДУ
Германската владејачка партија, Христијанско-демократската унија (ЦДУ), денес го реизбра Фридрих Мерц за свој лидер.
Мерц беше поддржан од 878 од 963 членови на партијата на националната партиска конференција во југозападниот град Штутгарт.
Резултатот е негов втор најдобар досега.
Во 2022 година, тој беше избран со 94,6 проценти од гласовите на онлајн партиска конференција, а подоцна беше потврден со гласање по пошта со 95,3 проценти од гласовите. Во 2024 година, тој доби 89,8 проценти од гласовите.
Дводневниот партиски состанок доаѓа на почетокот на предизвикувачка година за ЦДУ, која се соочува со избори во пет федерални држави во март и септември.
Според анкетите, крајната десница ги надминува конзервативците во две источни држави.
Мерц на митингот изјави дека ЦДУ мора „да спречи враќање на крајнодесничарскиот радикализам на власт во федералните држави на Германија“.

