Контакт

Daily news

Чуварот на храмот во Пакистан објаснил зошто ги убил 20-те верници

Објавено пред

Чуварот на храмот во пакистанската покраина Пенџаб, кој е уапсен за убиствата на 20 верници, ги појаснил своите мотиви за злосторството, соопштија во неделата претставници на локалната полиција.

„Педесетгодишниот Абдул Вахид призна дека ги убил овие луѓе, бидејќи се плашел дека тие биле дојдени да го убијат него“, изјавил за AFP претставникот на регионалната полиција Зулфикар Хамид.

Мотивот за злосторството официјално не е утврден, но според полицијата, осомничениот, кој бил службеник во изборната комисија на Пакистан, би можело да биде ментално нестабилен, а, исто така, масакрот би можел да биде поврзан со борбата за раководење со храмот. Првично полицијата објави дека Абдул Вахид не бил душевно болен. Покрај тоа, според сознанијата на пакистанските медиуми, Вахид и порано пројавувал агресија кон локалните верници.

Убиството се случило ноќта кон саботата во градот Саргода во источната пакистанска покраина Пенџаб. Како што раскажале преживените во суфискиот мавзолеј – храм посветен на Али Муамед Гуџар, жителот на локалниот центар Лахоре, Абдул Вахид телефонски повикал повеќе од 20 верници и ги примал еден по еден во засебна просторија во храмот. Чуварот на храмот ги нудел со храна и пијалак во коишто имало наркотик, а потоа ги соблекувал и ги усмртувал со дрвена палка или со нож.

Три жени успеале да избегаат од храмот. Полицијата го уапси Вахид, како и уште две лица, кои се осомничени дека можеби се негови соучесници во масовното убиство.

Мнозинството пакистански верници особено во Пенџаб го практикуваат суфискиот ислам, мистично верско учење кое е во спротивност со талибанското поимање на милитантниот ислам. Ваквите храмови во текот на годината привлекуваат илјадници верници, посебно за време на годишнините од раѓањето и смртта на мистиците. /крај/мф/сн

Најново

Спорт4 часа

(Видео) Халанд ја сруши Данска во 96-та минута за место четвртфиналето – Новата „седумка“ погоди за победа на Португалија во Крдиф

Норвешка покрај Португалија, од Групата 4, ќе игра во четвртфиналето, во Лигата на нации. Норвежаните со спектакуларен пресврт и гол...

Спорт4 часа

Митревски го режираше пресвртот во Битола – Пелистер го победи Гумерсбах

Пелистер го победи Гумерсбах со 29:28 (9:14), во четвртото коло во Европската лига. Со првата европска победа оваа сезона, Пелистер...

Свет5 часа

Објавена е листата на најстресни градови во светот

Њујорк го освои првото место на листата на најстресни градови во светот, со оценка од 7,56 од максимални 10, според...

Свет5 часа

Херцог: „Ја штитиме Европа од џихадистичкиот бран“

Израел ја брани Европа од џихадистичкиот бран, изјави денес претседателот на земјата Исак Херцог, кој се сретна со чешкиот премиер...

Свет5 часа

Руски дрон над главниот град на Молдавија; Претседателката: Закана за цела Европа

Претседателката на Молдавија, Маја Санду изјави дека руски дрон летал над главниот град Кишињев и најави дека ќе побара дополнителни...

Свет6 часа

Украинскиот министер за одбрана: Главен приоритет за Украина оваа зима е заштитата на небото, размената на ракети е неопходна

Украинскиот министер за одбрана Евгениј Хмара денес изјави дека главен приоритет за Украина оваа зима е заштитата на небото, како...

Свет6 часа

Захарова: Странските војници во Украина би биле легитимна цел на руската армија

Портпаролката на Министерството за надворешни работи на Русија, Марија Захарова, изјави дека евентуалното распоредување на француски војници во Украина би...

Свет6 часа

Претседателот на Финска ги повика европските лидери директно да преговараат со Путин

Финскиот претседател Александар Стаб ги повика европските лидери директно да преговараат со рускиот претседател Владимир Путин за решавање на војната...

Спорт6 часа

(Видео) Спектакуларен меч на Кипар – Олимпијакос го победи Макаби

Кошаркарите на Олимпијакос го победија Макаби со 97:95 во 12-то коло од Евролигата, по спектакуларни 45 минути кошарка. Олимпијакос повторно...