Свет
Агенцијата на ОН: Во Газа има хуманитарна трагедија од колосални размери
Ситуацијата во Појасот Газа е трагедија од колосални размери, оцени денеска Агенцијата на ОН за помош на палестинските бегалци (УНРВА), еден месец по почетокот на конфликтот меѓу Израел и палестинската милитантна група Хамас.
УНРВА во објава на мрежата Х наведе дека еден месец на луѓето во Појасот Газа им е одбиена помош, умираат и се принудени да ги напуштат своите домови поради бомбардирањето.
„Секој ден се борат да добијат леб и вода. Затемнувањето без струја ги дели луѓето од нивните најблиски и остатокот од светот. Ова е принудно раселување и хуманитарна трагедија од колосални размери“, се наведува во публикацијата.
По нападот на Хамас, Израел почна со силни воздушни напади и воведе блокада на Појасот Газа, а потоа копнените единици на израелската армија влегоа во палестинската енклава.
Бројот на загинати Палестинци во Појасот Газа од почетокот на конфликтот надмина 10.000, од кои 4.100 се деца, соопшти вчера Министерството за здравство во Газа, кое е под контрола на Хамас.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Кина повеќе не е главен трговски партнер на Германија
Соединетите Американски Држави ја престигнаа Германија во првиот квартал во трговијата со Кина и ја зазедоа позицијата на главен трговски партнер, пресмета Ројтерс врз основа на официјалната статистика.
Вредноста на американско-германската трговија достигна 63 милијарди евра во периодот од јануари до март, покажуваат податоците на Дестатис. Кинеско-германската размена изнесува нешто помалку од 60 милијарди евра.
Веќе во 2023 година, Кина беше најголемиот трговски партнер на Германија, осма година по ред, со девизна вредност од 253 милијарди евра. Заостанувањето на германско-американската размена тогаш беше само неколку стотици милиони евра.
„Германскиот извоз во САД повторно се зголеми (во првиот квартал) благодарение на зајакнувањето на американската економија, додека извозот во Кина се намали, како и увозот“, рече Винсент Стамер од Комерцбанк, објаснувајќи ја промената на врвот на рангирањето на германските трговски партнери во првиот квартал.
Структурните фактори исто така одиграа одредена улога, додаде Стамер.
„Кина го зголеми синџирот на вредност и сега сама произведува пософистицирани стоки кои порано ги увезуваше од Германија“, рече Стамер, додавајќи дека германските компании го замениле извозот во Кина со префрлање на производството во азискиот гигант.
Свет
Словенија ја започна процедурата за признавање на Палестина
Министерката за надворешни работи на Словенија, Тања Фајон, изјави дека словенечката влада ја започнала процедурата за „признавање на независната, суверена држава Палестина“.
По состанокот на владата, таа изрази надеж дека признавањето ќе се случи што е можно поскоро и дека целта на тој потег не е само симболична, туку и да се смири ситуацијата во Газа, пренесува СТА.
Фајон објасни дека одлуката на словенечката влада се заснова на границите меѓу Израел и Палестина од 1967 година, што значи дека територијата на Палестина би ги опфаќала Појасот Газа, Западниот Брег и Источен Ерусалим.
Регион
Кси Џинпинг му подари скулптури на Вучиќ кои го симболизираат кинеско-српското пријателство
За време на официјалната посета на Белград, кинескиот претседател Кси Џинпинг на српскиот претседател Александар Вучиќ му подари скулптури на Небесниот храм во Пекинг и Храмот на Свети Сава изработени од челик.
Фотографија на Кси Џинпинг и Вучиќ во присуство на нивните сопруги кои ги гледаат подароците беше објавена на интернет од страна на помошничката министерка за надворешни работи на Кина, Хуа Чунјинг, а пренесена од Спутник.
President Xi gifted President Vučić sculptures made of steel produced by the HBIS Smederevo steel plant. pic.twitter.com/66Mh5cae5v
— Hua Chunying 华春莹 (@SpokespersonCHN) May 9, 2024
Таа во најавата наведе дека на скулптурите се претставени небесниот храм во Пекинг и храмот Свети Сава во Белград, кои го симболизираат кинеско-српското пријателство.