Свет
(Видео) Мајката на девојката чие видео го објави Хамас: Го молам светот да ми го донесе детето дома
Хамас објави видео од киднапираната Миа Шем, 21-годишна Израелка, која исто така има француско државјанство, по што нејзиното семејство одржа прес-конференција. Керен Шарф Шем, држејќи ја фотографијата од ќерка си, рече дека го видела своето дете на видеото и веќе слушнала шпекулации дека била застрелана во рамото или ногата.
На видеото што го објави Хамас се гледа како девојка со преврзана рана на раката зборува директно пред камерата.
„Имам 21 година и сум од Шохам“, рече таа во едноминутниот клип.
Таа моментно се наоѓа во Газа и се лекува во тамошната болница.
„Ве молам, извадете ме одовде што е можно побргу“, додаде таа.
„Изгледа преплашено, како да има многу болки. Го молам светот да го донесе моето дете дома. Таа отиде на фестивал да се забавува, а сега е во Газа. Ова е злосторство против човештвото. Треба сите да се здружиме да се спречи овој терор и се вратат сите дома. На ќерка ми ѝ треба лекарска помош“, рече мајка ѝ.
„Таа е борец, таа е воин. Таа помина низ сè во својот живот. Знаев дека се бори и нема да се откаже. Таа има најголемо срце, таа е мојот најдобар пријател. Сакам да ѝ кажам на ќерка ми дека ја сакам многу и многу ми недостига. Секој ден замислувам како ја гушкам кога ќе си дојде дома“, изјави Керен Шарф Шем.
На конференцијата учествуваше и братот на Миа, кој рече дека сака да каже едно и само едно: Миа, Миа и сите други заложници да се вратат дома“.
„Миа е невино дете, кое само сакаше да оди на забава со другарките. Но, таа беше киднапирана и е далеку од дома. Ние ја сакаме назад“, додаде братот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Авион се судри со јато птици во Мумбаи
Авионот на авиокомпанијата “Емирати” безбедно слета во Мумбаи, бидејќи непосредно пред слетувањето се судри со јато фламинга. Десетици птици загинаа од ударот на авионот, соопшти авиокомпанијата.
Боинг 777 кој летал на релација Дубаи-Мумбаи се судрил со јато фламинга, а се проценува дека имало околу 300.
Како што потврди портпаролот на компанијата „Емирати“ за Ројтерс, авионот слетал безбедно и сите патници се добро, пренесува РТС.
„Во инцидентот е оштетен авионот. Повратниот лет на овој авион кој требаше да лета за Дубаи е откажан“, изјави портпаролот на компанијата.
Европа
Лидерот на опозицијата во Британија: Изборите се шанса да се стави крај на хаосот на владата на Сунак
Кир Стармер, лидерот на британската опозициска Лабуристичка партија, денеска изјави дека националните избори во јули ќе и дадат шанса на земјата да стави крај на хаосот на конзервативната влада на британскиот премиер Риши Сунак.
„Време е за промени“, им рече Стармер на своите приврзаници откако Сунак објави дека изборите ќе се одржат на 4 јули, објави Ројтерс.
Британскиот премиер Риши Сунак претходно денеска потврди дека националните избори во Британија ќе се одржат на 4 јули.
Сунак додаде дека кралот Чарлс III одобрил распуштање на парламентот и дека изборите ќе се одржат на 4 јули.
Ројтерс претходно објави дека Сунак најавил дека изборите ќе се одржат во втората половина на годината.
Свет
Нетанјаху: Објавата на Ирска, Шпанија и Норвешка за признавање на Палестина „награда за тероризам“
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска ја осуди најавата на Ирска, Шпанија и Норвешка дека наскоро ќе ја признаат независна Палестина како „награда за тероризмот“ и нагласи дека Тел Авив останува решен кога е во прашање победата во Појасот Газа.
Во изјавата, Нетанјаху изјави дека 80 отсто од Палестинците на Западниот Брег „го поддржуваат масакрот извршен од Хамас на 7 октомври“, пишува „Тајмс оф Израел“.
„На ова зло не смее да му се даде земја. Тоа ќе биде терористичка држава. Ќе се обидат да го повторат масакрот од 7 октомври, а ние нема да се согласиме на тоа“, рече тој.
Израелскиот лидер нагласи дека „наградата за тероризмот нема да донесе мир“ и дека одлуката на овие земји да ја поштедат Палестина нема да го спречи Израел да го победи Хамас.
Норвешка, Шпанија и Ирска најавија претходно денеска дека ќе ја признаат палестинската држава на 28 мај.
Како што рече ирскиот министер за надворешни работи Мајкл Мартин, Ирска планира да ја признае палестинската држава врз основа на нејзините граници од 1967 година, кои ги вклучуваат Газа, Западниот Брег и Ерусалим како главен град и на Израел и на Палестина.