Свет
(Видео) Последици од разорниот земјотрес во Јапонија
Силниот земјотрес со јачина од 7,6 степени според Рихтеровата скала предизвика големи штети на западниот брег на Јапонија, пришто едно лице загина, а се верува дека повеќе останале заробени под урнатините, пренесува The Japan Times.
Снимките снимени со мобилни телефони и камери ја покажуваат разорната моќ на земјотресот и штетата што ја предизвикал.
#JAPAN has been hit by a massive 7.6 #EARTHQUAKE!
Orders to evacuate have been issued, along with tsunami warnings.
I hope everybody is safe🙏 pic.twitter.com/hZrLPk5a3Y
— Tansu Yegen (@TansuYegen) January 1, 2024
По земјотресот со јачина од 7,6 степени, јапонската метеоролошка агенција издаде предупредување за силна сеизмичка активност во следните седум дена, а особено во следните два до три дена, кога земјата повторно би можел да ја погоди земјотрес со јачина од 7 степени.
Effect of the earthquake that hit Central Japan today: roads cracking and pavements rising.
[📹 mmmin726]pic.twitter.com/TE1PAB3Qbc
— Massimo (@Rainmaker1973) January 1, 2024
Повеќе од 36.000 домаќинства останаа без струја во префектурите Ишикава и Тојама, објави операторот Хокурику Електрик Пауер.
The damage in Japan is endless. Such a horrible way to start 2024 😓 #japan #earthquake pic.twitter.com/1mDKoS6aeS
— Tobi Mülhauser 🍕 (@TobiMuelhauser) January 1, 2024
Јапонскиот нуклеарен оператор објави дека не се потврдени никакви неправилности во нуклеарните централи долж Јапонското Море.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Русија поднесе тужба против белгискиот депозитар „Еуроклир“ поради замрзнатиот руски имот
Руската централна банка соопшти дека поднела тужба до арбитражниот суд во Москва против белгискиот депозитар Еуроклир, поради, како што наведува, „незаконити постапки“ и плановите на Европската унија за користење на замрзнатата руска имотна маса.
Според соопштението, тужбата опфаќа надомест на штета во висина на вредноста на замрзнатата имотна маса на централната банка, како и замрзнатите хартии од вредност и изгубениот приход. Руската централна банка најави дека размислува и за постапки пред меѓународни и арбитражни судови.
Од банката наведуваат дека постапките на „Еуроклир“ ѝ нанеле штета на Русија, бидејќи ѝ било оневозможено управување со сопствените финансиски средства и хартии од вредност. „Еуроклир“ не ја коментираше директно најавената тужба, но потврди дека против компанијата во Русија веќе се поднесени повеќе од 100 тужби.
Според податоците, во Европската унија се замрзнати околу 210 милијарди евра руски средства, од кои најголемиот дел се наоѓаат на сметките на „Еуроклир“ во Белгија. ЕУ и земјите од Г7 веќе ги користат каматите од замрзнатиот имот за финансирање заем за Украина.
Европската комисија во последно време ги забрза подготовките за користење на замрзнатиот руски имот за финансиска поддршка на Украина, а конечен договор се очекува на самитот на ЕУ следната недела.
Свет
Британец тврдеше дека во самоодбрана ја убил сопругата, судот му поверува – сè се смени кога проговори детето осум години по убиството
Столар од Сари во Обединетото Кралство, Роберт Родс (52), е прогласен за виновен за убиство на својата сопруга Доун Родс, осум години откако првично бил ослободен од обвинението, објави Скај њуз.
Родс ја убил сопругата во јуни 2016 година во нивниот дом во Редхил, тврдејќи дека дејствувал во самоодбрана, по што во 2017 година бил ослободен. Случајот бил повторно отворен откако нивното дете во 2021 година дало ново сведочење, наведувајќи дека било манипулирано од таткото да лаже за настаните.
Апелациониот суд ја поништил ослободителната пресуда поради новите докази, а поротата на Крунскиот суд во Лондон сега го прогласи Родс за виновен за убиство, суровост кон дете, попречување на правдата и кривоклетство. Изрекувањето на пресудата е закажано за 16 јануари.
Свет
Белата куќа: Фластерите на рацете на Трамп не се од повреда
Портпаролката на Белата куќа, Каролин Ливит, изјави дека фластерите што во неколку наврати беа забележани на рацете на американскиот претседател Доналд Трамп не се резултат на повреда, пренесе „Унилад“.
Таа на прес-конференција објасни дека Трамп постојано се ракува со голем број луѓе додавајќи дека Овалната соба „е како Гранд централ станица“. Ливит наведе и дека претседателот секојдневно зема „аспирин“, што може да придонесе за појава на модринки.
Објаснувањето предизвика реакции и дополнителни прашања во јавноста, но од Белата куќа инсистираат дека здравјето на претседателот е добро. Лекарот на Белата куќа на 1 декември соопшти дека 79-годишниот Трамп е во одлична општа здравствена состојба по извршениот систематски преглед.

