Свет
(Видео) Тенк влета на плажа додека луѓе се сончаа: неговото маневрирање налути многумина во Русија
Тенк влета на плажа додека луѓе лежеа на крпи и се сончаа во рускиот град Тјумен.
Мирниот летен ден ненадејно го прекинал тенк „Т-72“ на руската армија, кој двапати без застанување налетал на луѓе на плажата.
Според пишувањата на локалните медиуми, во близина на дивата плажа на Андрејевското Езеро има воен полигон во сопственост на Министерството за одбрана. Сепак, доаѓањето на тенкот „Т-72“ и неговото маневрирање меѓу капачите налути многумина.
Локалните жители рекоа дека со години доаѓаат на брегот на езерото за да се сончаат, но пред неколку дена војниците од инженерското училиште ископале неколку тунели и патеки околу езерото за нивните вежби.
Near #Tyumen, a tank went straight to the beach near the lake, where people were resting. pic.twitter.com/lQUlXDrbvl
— NEXTA (@nexta_tv) July 10, 2023
„Дојдовме на плажа во 11 часот наутро, се сончавме и пливавме, а потоа без предупредување дојде тенк со полна брзина. Насекаде имаше пареа, чад и силна смрдеа на гориво“, изјави еден очевидец.
Од военото училиште, пак, тврдат дека областа е забранета за собирање цивили.
„Ништо не се случи“. Ова е територија на Министерството за одбрана и во тој простор е забрането собирање и капење цивили. Целата област беше раскопана. Ова е нашиот терен за обука. Тенкот, едноставно, излезе од шумата, се сврте и се врати назад, тоа е сè. Никој никому не му се заканувал“, соопштија од Военото училиште.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Италија во проблеми: младите работници бегаат во странство
Младите квалификувани Италијанци се повеќе заминуваат во странство, што може скапо да ја чини италијанската економија.
Дури 40 отсто од вработените до 34 години имаат договори на определено или сезонски договори. За остатокот од работоспособното население тој процент е значително помал и изнесува 13 проценти.
Во Италија просечната бруто-годишна плата е околу 27.000 евра, што е дванаесет отсто помалку од просекот на ЕУ и 23 отсто помалку од германскиот просек. Вработените помлади од 34 години заработуваат во просек по околу 16.000 евра. Постојаниот, добро платен договор е редок за младите луѓе во Италија.
Експертите забележуваат опасен развој за италијанската економија – се повеќе добро образовани студенти емигрираат во странство, и до 20.000 годишно, а овие бројки се тројно зголемени во последните десет години.
Кристина Фрегуја раководи со секторот на пазарот на труд во Агенцијата за статистика „Иста“. Таа забележува зголемени тешкотии кога станува збор за наоѓање и задржување на квалификувани работници, особено на југот на земјата, кои се итно потребни за модернизација на економијата и економскиот раст.
Додека северот на Италија сè уште има корист од емигрантите од југот, овие традиционално помалку развиени делови од земјата губат десетици илјади работници секоја година.
Состојбата на италијанскиот пазар на труд е уште потешка за младите жени. Ним им се нудат договори на определено време многу почесто од нивните машки колеги. Слабата понуда на јасли и градинки, особено на југот, дополнително ги принудува младите жени да одлучуваат помеѓу семејството и кариерата.
Свет
Украина го смени командантот на Харков
Украинскиот командант одговорен за североисточната линија на фронтот во Харков беше сменет за време на руската офанзива, изјави во понеделникот воен портпарол.
Сменет е Јуриј Галушкин, кој од април годинава беше на чело на Харков, а на негово место дојде Михаил Драпатиј, беше објавено, а причините за оваа одлука не се наведени.
Руските сили постигнаа значителни придобивки долж границата во регионот Харков во последните денови.
Украинската армијa претходно денес призна дека руските сили напредуваат во нивната офанзива во североисточниот дел на регионот Харков.
Свет
Луѓето што имаат проблеми со тежината во ЕУ одат на боледување 2,5 пати повеќе од другите
Луѓето што имаат проблеми со тежината во Европа имале 2,5 пати поголеми шанси да одат на боледување од другите, покажа истражувањето презентирано на Европскиот конгрес за дебелина во Венеција.
Според истражувањето на 122.598 работници во 26 европски земји, луѓето што имаат проблеми со тежината толку повеќе земале боледување наведувајќи болки во зглобовите, дијабетес, депресија или проблеми со срцето, пишува британски „Тајмс“.
Боледувањето е двојно зголемено во Обединетото Кралство во последните 10 години намалувајќи ја продуктивноста на британската економија за речиси 33 милијарди фунти.