Свет
(Видео) Јапонија се збогува со поранешниот премиер Шинзо Абе
Јапонија денеска се прости од Шинзо Абе, политичарот со најдолг мандат како премиер, со молитви, цвеќиња и знамиња завиткани во црни ленти. Долга редица луѓе се формира пред централниот будистички храм „Зојоџи“ во Токио, каде што се одржа погребната церемонија.
Поворката со телото на Абе потоа ќе помине низ центарот на Токио, покрај зградата на парламентот, каде што истакнатиот јапонски политичар првпат влезе како млад пратеник во 1993 година, и пред зградата на владата, од која ја водеше нацијата во два мандата како премиер.
Како што пренесува „Ројтерс“, Абе ќе биде кремиран на приватна церемонија, на која ќе присуствуваат само членовите на семејството и блиските пријатели.
Американскиот државен секретар Ентони Блинкен пристигна во Токио вчераутро на враќање од Југоисточна Азија за да се прости од Абе, а американскиот министер за финансии, Џенет Јелен, и потпретседателот на Тајван, Вилијам Лаи, беа во приватна посета како семејни пријатели.
Shinzo Abe — Japan’s longest-serving prime minister
OBIT: https://t.co/4RHd6GBFZ4
???? People in Tokyo queue with flowers to pay their final respects to Japan’s former prime minister Shinzo Abe at Zojoji Temple, where a private funeral is to be held pic.twitter.com/xHoYCYRuz1
— AFP News Agency (@AFP) July 12, 2022
Францускиот претседател Емануел Макрон испрати видео со сочувство објавено на официјалниот претседателски профил на земјата на „Твитер“ по посетата на јапонската амбасада во Париз.
„Се сеќавам на сите наши средби и соработка, особено за време на мојата посета на Јапонија во 2019 година. Изгубив пријател. Тој ѝ служеше на својата земја со голема храброст и смелост“, рече Макрон.
Убиецот, кој беше уапсен на местото на настанот и идентификуван од полицијата како 41-годишниот Тецуја Јамагами, верувал дека Абе ѝ помагал на религиозна организација, на која ѝ донирала и мајка му, објави новинската агенција „Кјодо“ повикувајќи се на истражните органи.
Јапонскиот огранок на Јужнокорејската црква за обединување вчера потврди дека мајката на осомничениот за убиството на поранешниот јапонски премиер е припадничка на таа црква, но ги негира тврдењата дека црквата од некого барала големи донации.
Претседателот на јапонскиот разгранок на оваа црква, Томихиро Танака, изјави дека Абе не бил член на црквата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Кремљ: Мешањето на силите на НАТО во украинскиот конфликт – огромна опасност
Режимот во Киев е прилично непредвидлив, интервенцијата на воените сили на НАТО во украинскиот конфликт на теренот претставува огромна опасност, изјави за новинарите портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
Според него, Москва ја смета за крајно провокативна петицијата објавена на веб-страницата на украинскиот лидер Володимир Зеленски, во која се апелира да се поканат странски војници во Украина.
„Сметаме дека ова во најмала рака е крајно провокативно и го следиме многу внимателно“, рече Песков.
Францускиот претседател Емануел Макрон неодамна во интервју за „Економист“ изјави дека не ја исклучува можноста за испраќање војници во Украина, на барање на Киев, доколку Русија ја пробие линијата на фронтот. Според него, „многу земји од ЕУ“ се согласиле со мислењето на Париз за ова прашање.
Медиумите претходно објавија и дека Франција испратила војници од својата Легија на странци во Украина, пренесува Танјуг.
Регион
Шји Џјинпинг: Србија е првата земја од Европа со која ќе изградиме заедница со заедничка иднина
Претседателот на Народна Република Кина, Шји Џјинпинг, изјави дека во денешните разговори со претседателот Вучиќ е постигнат значаен консензус и дека Србија ќе биде првата земја од Европа со која ќе изгради заедница со заедничка иднина.
„Заеднички објавивме дека ќе изградиме заедница меѓу Кина и Србија со заедничка иднина во новата ера, што ќе отвори ново поглавје во историјата на кинеско-српските односи. Пред осум години Србија стана првиот сеопфатен стратешки партнер на Кина во Централна и Источна Европа, а денеска станува првата европска земја во која ќе изградиме заедница со заедничка иднина“, рече Шји во говорот по размената на потпишаните меѓудржавни договори меѓу Србија и Кина во Палатата „Србија“.
Тој посочи дека како вистински пријатели и добри партнери Кина и Србија уживаат политичка доверба, која е силна како карпа.
Свет
Во Берлин нападната сенаторка, трет напад врз владин политичар за само неколку дена
Германската полиција соопшти дека поранешната градоначалничка на Берлин, сенаторката Франциска Гифај била нападната во локалната библиотека каде непознат маж ја удрил одзади со торба наполнета со тежок предмет, а потоа побегнал.
Во нападот Гифај, која сега е министерка за економија на Берлин и член на партијата СПД на канцеларот Олаф Шолц, беше полесно повредена.
Нападот врз Гифаи е трет напад врз владин политичар за само неколку дена, пренесува Ројтерс.