Свет
Добил писмо со неидентификуван бел прав: смртна закана за синот на Трамп?
Властите истражуваат откако Доналд Трамп Јуниор, најстариот син на поранешниот американски претседател, вчера отворил писмо со неидентификуван бел прав во неговиот дом на Флорида. „Резултатите од тестот на супстанцијата не дадоа јасен заклучок за што точно се работи, но официјалните лица на местото на настанот не веруваат дека е смртоносен“, изјави Ендрју Сурабијан, портпарол на Трамп Јуниор.
Трамп Јуниор дели дом на Флорида со свршеницата Кимберли Гилфојл. Канцеларијата на шерифот на округот Палм Бич потврди дека помага во истрагата и соработува со Тајната служба. Трамп Јуниор го отворил писмото, во кое имало смртна закана, во неговата домашна канцеларија, пишува „Асошиетед прес“.
На местото на настанот пристигнале припадници на итната помош во заштитни костими. Трамп Јуниор игра важна улога во предизборната кампања на својот татко, често е во првите редови на настаните и се појавува во интервјуа. Ова е вторпат белиот прав да му се испраќа на најстариот син на поранешниот претседател.
Во 2018 година неговата тогашна сопруга Ванеса била однесена во болница во Њујорк кога отворила плик адресиран до сопругот, во кој имало неидентификуван бел прав. Полицијата подоцна соопшти дека супстанцијата не е опасна.
Во март 2016 година полициските детективи и агентите на ФБИ истражуваа заканувачки писмо испратено до станот на братот на Доналд Трамп Јуниор, Ерик, во кое исто така имало бел прав за кој било утврдено дека е безопасен. Коверти со бел прав исто така беа испратени двапати во 2016 година во кулата „Трамп“, која служеше како изборен штаб на Трамп.
Измамните напади со употреба на бел прав се поигруваат со стравовите што датираат од 2001 година кога писма со смртоносниот антракс беа испратени до новинските организации и канцелариите на двајца американски сенатори. Тие писма убиле пет лица.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
(Видео) Приведени 100 учесници на пропалестинските демонстрации на Универзитетот во Бостон
Полицијата денеска го растури студентскиот протест против израелската агресија во Појасот Газа на североисточниот универзитет во Бостон, а Универзитетот соопшти дека се уапсени околу 100 студенти.
Од универзитетот додаваат дека секој што имал универзитетска лична карта е ослободен и дека „ќе се соочи со дисциплинска постапка на универзитетот, но не и законска постапка“.
Во соопштението на универзитетот се нагласува дека активностите на демонстрантите се зголемени на ниво кое училиштето „не може да го толерира“, пренесува Бостон Хералд.
Les étudiants de l'Université Northeastern de Boston ont empêché les fourgons de police de quitter les locaux avec les étudiants arrêtés après avoir tenté de démanteler le camp de solidarité de Gaza. pic.twitter.com/bnJQQJ7YZU
— Marysieńka (@MarieMarysienka) April 27, 2024
Регион
Ужас во Загреб: пронајдено тело во автомобил во одводен канал
Граѓани попладнево во одводен канал во Загреб пронашле возило со тело на непознато лице, соопшти полицијата.
Повикот во полиција стигнал нешто по 13 часот.
Полицијата набрзо пристигнала на локацијата меѓу Антуновац и Тења и потврдила дека лицето во возилото починало, пишува Вечерњи лист.
Истрагата е во тек.
Свет
(Видео) Нарачала фустани преку интернет, а во пакетот ѝ стигнала епрувета со крв
Ана Елиот од Тенеси неодамна нарачала фустани преку онлајн продавница, а кога пристигнал пакетот била преплашена.
Во кутијата, покрај облеката, пронашла епрувета со човечка крв и конзерва грав!
„Епруветата немаше име, име на лабораторија, ниту датум кога е земена крвта“, објаснува таа во видеото кое е прегледано повеќе од седум милиони пати.
Девојчето го контактирало Центарот за контрола и превенција на болести, кој го третира инцидентот како „биолошка опасност“, пренесува New York Post.
Ана ги предупреди клиентите на онлајн продавницата да бидат внимателни при отворањето на пакетите, а подоцна откри дека била во контакт со нивните претставници.
„Покренавме истрага и утврдивме дека пакетот поминал контрола на квалитетот и го оставил нашиот пакет без дополнителни артикли. Само со артикли кои се нарачани“, велат од компанијата.
Жителката на Тенеси објави серија видеа во кои ги информира своите следбеници за најновите случувања.
Претставник на транспортната компанија изјави:
„Искрено се извинуваме за ова искуство. Ние ги третираме пратките на нашите клиенти со најголема грижа и преземаме соодветни чекори за да го решиме овој проблем“.
Сè уште не се знае чија крв е во шишето, а конзервата со грав е уште поголема мистерија.
@anna_200.1 @SHEIN is denying that they have anything to do with it. And the @CDC.govOfficial ♬ Spooky, quiet, scary atmosphere piano songs – Skittlegirl Sound