Свет
Ердоган: Чекаме 50 години на прагот на ЕУ, во овој момент на Русија ѝ верувам не помалку отколку на Западот
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган смета дека украинската криза ќе трае долго нагласувајќи дека соработува со Русија и дека ѝ верува не помалку отколку на Западот, пренесуваат медиумите во регионот.
„Немам причина да не ѝ верувам на Русија. Колку што е сигурен Запад, толку е и Русија. Во последните 50 години стоевме на прагот на Европската Унија и во овој момент ѝ верувам на Русија не помалку отколку на Западот“, рече Ердоган во интервју за Пи-би-ес.
„Половина од увозот на природен гас доаѓа од Русија, што значи наша солидарност. Одиме напред со заеднички чекори, соработуваме и во одбранбената индустрија. Сето тоа можеме да го направиме заедно со Русија“, додаде претседателот.
Според него, Анкара и земјите членки на ЕУ имаат разни ставови за Руската Федерација.
„Русија е еден од моите најблиски соседи. Имаме и заедничка историја“, рече Ердоган.
Тој смета дека конфликтот во Украина ќе трае долго. Сепак, Турција се надева дека тоа ќе заврши што е можно побргу, рече претседателот.
Ердоган истакна дека Москва „навистина сака да стави крај на конфликтот што е можно побргу“, пренесе „Спутник“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
28 милиони долари за кампањата на Бајден собраа холивудските ѕвезди
Голем број холивудски ѕвезди, меѓу кои и Џорџ Клуни и Џулија Робертс на синоќешната донаторска вечера за кампањата на претседателот Џо Бајден собраа 28 милиони долари.
Тоа е најголема сума во историјата собрана за некој демократски кандидат.
Донаторската вечера се одржа во театарот Пикок во Лос Анџелес, а водителот на емисијата „Лејт најт“ (Late night), Џими Кимел, ги интервјуираше Бајден и поранешниот претседател Барак Обама, кои ја истакнаа потребата да се победи поранешниот претседател Доналд Трамп.
Бајден истакна дека за време на неговиот претседателски мандат „усвоен е секој главен закон што бил планиран“. Додека Обама изрази восхит за сеопфатната легислатива за здравствена заштита, јавни работи, животна средина, новите технологии, безбедноста на оружјето и другите големи иницијативи што ги спроведува сегашната администрација.
Трамп синоќа беше во Детроит и ја критикуваше економската политика на Бајден.
Европа
Германската полиција уби навивач кој со секира влегол во фан-зоната на Европско првенство (ВИДЕО)
Германската полиција во Хамбург имаше полни раце работа. Во градот каде хрватската фудбалска репрезентација ќе го одигра следниот натпревар на ЕП, оној против Албанија, полицијата застрела и уби еден маж. Германските полицајци биле принудени на тоа, бидејќи мажот сакал со секира да нападне случајни минувачи во фан-зоната за време на Првенството.
Напаѓачот во Хамбург прво ги нападнал навивачите со секира, а потоа ги нападнал и обезбедувањето.
Полицијата прво употребила солзавец, а потоа пукала. Еден од истрелите на полицаецот бил предупредувачки, а вториот го погодил.
Наспроти првичните вести, нападот очигледно нема никаква врска со Европското фудбалско првенство.
„Местото на нападот е далеку од просторот каде се следат првенствените натпревари. Нема индиции дека напаѓачот има врски со некоја од навивачките групи“, соопштија од полицијата.
Денеска во Хамбург се игра натпреварот помеѓу Полска и Холандија и градот е преполн со навивачи на двата табора.
Европа
Четворица загинати во страшна сообраќајка во Грција, пожарникарите го сечеа возилото за да ги извадат телата (ВИДЕО)
Во сударот меѓу автобус и автомобил, што се случи денес наутро пред Токсотес Ксанти, на стариот национален пат Ксанти-Кавала во Грција, четири лица загинаа, а три се повредени.
Според првите информации, во судирот што се случил нешто по 08:00 часот, едно возило изгубило контрола и удрило во автобус што минувал.
Патниците загинале на лице место, а пожарникарите го сечеле возилото за да дојдат до телата на настраданите во автомобилот.