Европа
Захарова го откри планот на НАТО: објави која земја е следната Украина
Захарова предупредува дека НАТО има план да создаде нова Украина.
НАТО, изразувајќи подготвеност за продлабочување на соработката со Кишињев, очигледно подготвува полигон од Молдавија за геополитичка конфронтација со Русија, се вели во изјавата на портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова.
Заменик-генералниот секретар на НАТО Мирчеа Џоан рече дека Алијансата е подготвена да оди толку далеку во односите со Молдавија колку што сака таа република.
„Видовме до што може да доведе до продлабочување на соработката на некои земји со Алијансата и нејзините ветувања за „поддршка“ наспроти „руската закана“ – „обоени револуции“, државни удари, политичка нестабилност и економска криза. Ова особено се однесува на постсоветскиот простор, кој за НАТО е своевиден „тест“ за геополитичка конфронтација со нашата земја. „Очигледно, таква судбина се чека на Молдавија“, рече Захарова, коментирајќи ја оваа изјава.
Според неа, обидите да се вовлече Молдавија во НАТО, изгледаат особено цинични кога ќе се погледне ситуацијата во Украина, која, како што вели Захарова, во голема мера беше предизвикана од неодговорната политика на проширување на алијансата.
Захарова додаде дека Русија изразува надеж дека во Молдавија има повеќе политичари кои разбираат дека приближувањето кон НАТО е придружено со губење на суверенитетот.
„Нескротливото проширување на сојузот не е ништо повеќе од продолжување на неоколонијалните традиции на Западот, кои не ги земаат предвид ниту внатрешните политички специфичности на државите, ниту вековните врски со нивните соседи“, рече Захарова.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Норвешка ги затвора границите за руските туристи
Норвешка денеска објави дека набргу ќе ги затвори границите за руските туристи не дозволувајќи им директен пристап до шенген-зоната. Иако не е членка, Норвешка го следи примерот на ЕУ, која презеде слична мерка по руската инвазија на Украина. Скандинавската земја дели 198 километри копнена граница со Русија на Арктикот.
„Одлуката за заострување на правилата за влез е во согласност со пристапот на Норвешка да застане на страна на своите сојузници и партнери како одговор на илегалната агресија на Русија против Украина“, рече министерката за правда, Емили Енгер Мехл. Норвешка, членка на НАТО, речиси престана да издава туристички визи за руските граѓани од пролетта 2022 година.
Само имателите на долгорочна виза издадена пред тој датум или поседуваат виза издадена од друга земја од шенген-зоната можеа да го поминат граничниот премин Сторски – Борис Глеб, единствениот копнен премин меѓу двете земји. Од 29 мај ќе им биде забранет влез во Норвешка.
Предвидени се исклучоци, соопшти Министерството, особено за руските граѓани што ги посетуваат членовите на блиското семејство што живеат во Норвешка и оние што работат или студираат во таа земја или други земји од шенген-зоната. Иако не е членка на ЕУ, Норвешка е тесно поврзана со неа и ги усвои речиси сите санкции што Брисел ги воведе против Русија.
Европа
Уапсен заменикот на моќниот генерал на Путин
Генерал-полковник Вадим Шамарин, началник на Главната управа за комуникации и заменик-началник на Генералштабот на вооружените сили на Валериј Герасимов, е уапсен во Русија. Тој е осомничен за примање поткуп од големи размери, пренесоа руските медиуми.
„Комерсант“ пишува дека куќата на Шамарин била претресена, а потоа бил одведен на распит. Ова е четврто апсење висок функционер во руската одбрана од април кога заменик-министерот за одбрана, Тимур Иванов, беше ставен во истражен затвор поради сомнение за примање поткуп.
Оттогаш уапсени се и генерал-полковник Јуриј Кузњецов, началник на Генералштабот во Министерството за одбрана, и генерал-мајор Иван Попов, поранешен командант на руската 58. армија. Низата апсења доаѓаат во време на големи промени во одбранбениот естаблишмент на Русија откако претседателот Владимир Путин го разреши Сергеј Шојгу од функцијата министер претходно овој месец заменувајќи го со Андреј Белоусов.
Инаку, во 2020 година беше уапсен Халил Арсланов, претходникот на Шамарин на позицијата началник на Главната управа за комуникации. Тогаш Арсланов беше обвинет за проневера на 6,7 милијарди рубли. Стануваше збор за набавка на телекомуникациска опрема по напумпани цени.
Европа
Лидерот на опозицијата во Британија: Изборите се шанса да се стави крај на хаосот на владата на Сунак
Кир Стармер, лидерот на британската опозициска Лабуристичка партија, денеска изјави дека националните избори во јули ќе и дадат шанса на земјата да стави крај на хаосот на конзервативната влада на британскиот премиер Риши Сунак.
„Време е за промени“, им рече Стармер на своите приврзаници откако Сунак објави дека изборите ќе се одржат на 4 јули, објави Ројтерс.
Британскиот премиер Риши Сунак претходно денеска потврди дека националните избори во Британија ќе се одржат на 4 јули.
Сунак додаде дека кралот Чарлс III одобрил распуштање на парламентот и дека изборите ќе се одржат на 4 јули.
Ројтерс претходно објави дека Сунак најавил дека изборите ќе се одржат во втората половина на годината.