Европа
Зеленски го разреши украинскиот амбасадор во Германија
Украинскиот претседател Володимир Зеленски го разреши амбасадорот во Германија, Андриј Мелник.
Во декретот објавен од претседателскиот кабинет е наведено дека разрешени се и амбасадорите на Украина во Норвешка, Чешка, Унгарија и Индија, но не е наведена причината за разрешувањето.
Мелник неодамна се соочи со притисок затоа што го бранеше украинскиот националистички лидер Степан Бандера, кој ја предводеше групата одговорна за етничко чистење и масакрот на десетици илјади Полјаци за време на Втората светска војна. Германските медиуми, , повикувајќи се на украински извори, претходно објавија дека Мелник треба да биде преместен во Министерството за надворешни работи во Киев.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Сопругот на италијанска европратеничка пронајден мртов во автомобил, таа мисли дека е убиен
Анџело Онорато, сопруг на италијанската европратеничка Франческа Донато, е пронајден мртов во својот автомобил во Палермо, пренесува Corriere della sera.
Истрагата за неговата смрт е во тек, но според италијанските медиуми се поверојатно е дека тој си го одзел животот. Но, неговата сопруга се сомнева дека тој е убиен.
Таа се посомневала дека нешто се случило со нејзиниот сопруг откако тој не одговорил на нејзините повеќекратни повици. Таа на крајот го пронашла неговиот автомобил користејќи ГПС и се јавила на 911.
Тој бил пронајден на возачкото седиште со пластична лента околу вратот. И покрај тоа што првично објавија италијанските медиуми, на неговото тело не се пронајдени прострелни рани. На маицата била пронајдена дамка од крв.
Истражителите не ја исклучуваат можноста дека Онорато требало да се сретне со некого на улицата каде што е пронајдено неговото тело.
Онорато беше архитект и сопственик на продавница во Палермо. Се занимаваше со политика како неговата сопруга, а во 2022 година се кандидираше за регионални избори на листата на демохристијаните, но не беше избран.
Во 2019 година, неговата сопруга беше избрана во Европскиот парламент, каде што се истакна по нејзините евроскептични ставови и противење на вакцинацијата и рестриктивните мерки за време на пандемијата.
Европа
(Видео) Надзорните камери на трговскиот центар во Харков го снимија моментот на нападот, 16 мртви
Бројот на загинати во рускиот напад на специјализиран трговски центар со градежни производи во Харков се искачи на 16. Меѓу жртвите има и 12-годишно дете. Повредени се 44 лица, од кои 14 жени, а 30 мажи.
Олех Синехубов, шеф на воената управа на регионот Харков, изјави дека се идентификувани телата на 14 загинати лица. Тој додаде дека биле пронајдени фрагменти од две тела кои допрва треба да се идентификуваат. Уште осум лица се сметаат за исчезнати.
A series of video recordings from cameras inside the Ukrainian home improving store, at the moment of russia’s strike.
Lots of civilian people walking around the store on the weekday.
Russia’s terrorism cannot be happening for a third year in a row, Ukraine critically needs the… pic.twitter.com/kw1TihRhre
— Ihor Lachenkov (@igorlachenkov) May 26, 2024
Нападот се случил во саботата попладне и предизвикал огромен пожар. На пожарникарите им биле потребни повеќе од 16 часа за да го изгаснат пожарот. Националната полиција на Украина објави видео кое го овековечува моментот на рускиот напад. На видеото се гледаат луѓето како лежерно се движат низ продавницата, пред да следи силна експлозија.
Поліція показала "Епіцентр" зсередини у момент російського удару pic.twitter.com/R2yhvqfIFr
— Українська правда ✌️ (@ukrpravda_news) May 26, 2024
„Видеото на кое во моментов работат истражителите го покажува моментот на ударот. Ова јасно покажува дека луѓето биле целосно неподготвени за таков напад. Тие биле на нивните работни места и се занимавале со својата работа. Сега ја анализираме секоја минута од снимката од надзорната камера“, истакна Синехубов.
Европа
Уапсени две млади момчиња: планирале напад со нож на верници во синагога во Германија
Германските власти денеска соопштија дека уапсиле двајца мажи осомничени дека планирале напад со нож врз верници во синагога во Хајделберг, на југозападот на земјата.
Осомничените, на возраст од 24 и 18 години, беа приведени за време на одделни полициски операции во покраината Баден-Виртемберг на почетокот на овој месец, соопштија државните обвинители и полицијата, пренесе АП.
Тие разговарале за убиство на еден или повеќе верници во напад на синагогата, по што ќе следуваше нивна „маченичка смрт“, а сакаа полицијата да ги убие, се вели во заедничкото соопштение на германските власти.
Осомничените се соочуваат со обвиненија за заговор за убиство.
Полицијата го открила заговорот со претрес на домот на повозрасниот осомничен на 3 мај.
При претресот, полицаецот пукал и ранил еден од осомничените откако се фатил за нож.
Доказите запленети за време на претресот вклучуваат размена на онлајн пораки меѓу двајцата осомничени во април, во кои тие разговарале за можен напад на синагогата, соопштија властите.
На 18 мај полицијата го приведе помладиот осомничен и изврши претрес во неговиот стан.
Двајцата осомничени се германски државјани, а 18-годишникот има и турско државјанство, соопштија властите.
Нивните имиња не се објавени.
Германските лидери предупредија на ризиците од напади врз Евреите и го осудија порастот на антисемитизмот по избувнувањето на војната меѓу Израел и Хамас.