Свет
Илјадници бегалци заразени со коронавирус се заробени во Мароко

Илјада бегалци од супсахарска Африка се заробени во Мароко во целосна сиромаштија и заразени со коронавирус, пренесува лондонски „Гардијан“.
Бегалците не успеале да стигнат на своите финални одредишта, бидејќи им е забранета работата и пристапот до хуманитарна помош поради вонредните мерки.
„Бедата ни е пред очите“ изјавил Осман Ба, лидер на здружението на супсахарските заедници во Мароко.
„Овие луѓе не можат да одат никаде, а невладините организации не можат да дојдат до нив“, додал тој.
Мароко одамна е транзитна земја за бегалците кои патуваат кон Европа, но и земја домаќин за многумина. Во овој моментов е потребна итна хуманитарна помош за најмалку 20 илјади бегалци, од кои поголем дел се жители на земјите од супсахарска Африка.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Америка инвестира половина милијарда долари во развој на универзални вакцини

Соединетите Држави инвестираат 500 милиони долари во проект за вакцини, со цел да се развијат универзални вакцини кои штитат од повеќе видови на вируси одеднаш, објави „Волстрит журнал“.
Проектот вклучува производство на вакцини од хемиски инактивирани цели вируси, што потсетува на начинот на кој вакцините против грип беа развиени пред неколку децении, соопшти Волстрит журнал.
Овој потег е дел од она што Министерството за здравство и човечки услуги го нарекува „Генерациски златен стандард“ – универзална технологија за вакцини што претставува промена во финансирањето од проектите „Ковид-19“ кон студии за повеќе вируси, објави весникот.
Проектот, исто така, вклучува истражување на втора универзална вакцина против грип и универзални вакцини за коронавирус.
Свет
Почина најстарата личност на светот

Бразилката која беше прогласена за најстарата личност на светот, Ина Канабаро Лукас, почина на 117-годишна возраст.
Таа почина во Конгрегацијата на сестрите Терезијан во Порто Алегре, каде ги помина последните години, објави БФМ.
Ина стана најстарата личност на светот по смртта на Јапонецот Томико Итока во јануари, кој исто така почина на 116-годишна возраст.
Својата духовна кариера ја започнала на 16-годишна возраст кога влегла во училиштето на сестрите Терезијан, а на 26-годишна возраст се замонашила.
Во текот на животот служеше како учителка и секретар, а во 2018 година, на речиси 110-годишна возраст, доби апостолски благослов од папата Франциско.
Лукас е втората најстара калуѓерка во историјата, по Французинката Лусил Рандон, која живеела до 118 години.
По смртта на Лукас, најстарата личност на светот стана Англичанката Етел Катерам, која во моментов има 115 години и 252 дена, според Геронтолошката истражувачка група (ГРГ).
Регион
Шест месеци по падот на настрешницата, собир на граѓаните во Нови Сад

Денеска во Нови Сад се навршуваат шест месеци од падот на настрешницата на влезот на железничката станица, кога 16 лица загинаа, а едно е тешко повредено и се уште е во болница.
Студентите во блокадата на Универзитетот во Нови Сад ги повикаа граѓаните да се соберат пред станицата за во 11:52 часот да им се оддаде почит на жртвите.
„Не ги забораваме жртвите од падот на настрешницата во Нови Сад. Тој настан, кој е резултат на невнимание, неодговорност и институционална негрижа, однесе животи и ги остави семејствата и заедницата во болка и со прашања на кои се уште не се одговорени“, велат новосадските студенти.
Откако ќе оддадат почит, насобраните во колона ќе тргнат по булеварот Ослободување до Мостот на слободата, кој ќе биде блокиран неколку часа.