Контакт

Daily news

Кремљ: Нападот со гас во Сирија е монструозно злосторство, но податоците на САД за него се необјективни

Објавено пред

Кремљ во четвртокот смртоносниот напад со гас во северозападната сириска покраина Идлиб го нарече „монструозно злосторство“, но соопшти дека заклучоците на Вашингтон за овој инцидент, кој се случи претходно седмицава не се засновани на објективни податоци.

dobivaj vesti na viber

„Станува збор за опасно и монструозно злосторство, но би било погрешно веднаш некој да биде етикетиран“, изјави за новинарите во Москва портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков, пренесува Reuters.

Користењето на хемиското оружје е неприфатливо, додал портпаролот на Кремљ, и ги повикал сириската армија доколку постои такво оружје да обезбеди да не падне во рацете на терористите.

„Ние не се согласуваме со тие заклучоци. Веднаш по трагедијата никој немал пристап во овој регион…. и какви и да се податоци кои може да ги добие американската страна или нашите колеги од другите земји не можат да бидат засновани на објективни факти“, додал Песков пред новинарите во Кремљ.

„Основната идеја е да не треба да се носат избрзани заклучоци. Неопходно е размена на информации, неопходно е споредување на достапните информации и заклучоците може да се изведат само потоа, а не претходно. Носењето какви и да се заклучоци пред ваквата размена на информациите и пред спроведувањето на истрагата, се разбира, не може да се сметаат како заклучоци коишто ја одразуваат реалност“, истакнал портпаролот на Кремљ, издвојува агенцијата ТАСС.

Руското министерство за надворешни работи соопшти претходно во четвртокот дека е прерано да се обвинува сириската влада за овој напад во Идлиб, како и дека е потребно да се спроведен непристрасна темелна истрага, пренесе новинската агенција РИА.

Агенцијата DPA, пак, истовремено пренесе дека сирискиот министер за надворешни работи Валид ал-Муалем одлучно ги отфрлил обвинувањата дека сириската армија користела хемиско оружје во покраината Идлиб.

„Повторно нагласувам дека нашата војска е користела хемиско оружје и дека нема да го користи. Ниту против цивилите, ниту против терористите“, рекол шефот на сириската дипломатија на прес-конференција во Дамаск

Сириската армија категорички ги отфрли обвинувањата за наводен напад со хемиско оружје, меѓутоа противниците на официјален Дамаск, САД и Европската унија сметаат дека токму владата е одговорна за наводниот напад најверојатно со отровен гас кој во вторникот усмртил најмалку 86 а  повредени беа неколку стотини лица, поради што Советот на безбедност на Обединетите нации свика итна седница.

САД и регионалните сојузници во минатото ја обвинуваа војската на сириската влада дека користи воени отрови. Официјален Дамаск ова го негира тврдејќи дека такви агенси поседува џихадистичката организација Исламска држава, како и дека тајните служби на сунитските држави во соседството исценирале таков голем напад крај престолнината за да предизвикаат американска воена интервенција во Сирија.

Од 2013 година сириските власти според договорот меѓу Русија и САД го предадоа целиот хемиски арсенал, а беше овозможена и меѓународна инспекција на постројките во кои може да се произведуваат хемиски агенси. Следната 2014 година Сирија ги предаде последните резерви од хемиско оружје на заедничката мисија составена од претставници на Обединетите нации и Организацијата за забрана на хемиско оружје (OPCW) на којашто Дамаск ѝ пристапи истата година.

Но во вторникот Белата куќа ја обвини владата на сирискиот претседател Башар ал-Асад, од кого сега не бара изрично повлекување од должноста како претходната администрација којашто ја смета за одговорна и за сегашниот инцидент.

Според Песков, доказите за инцидентот кои ги поднесуваат ткн наречените Бели шлемови (група волонтери блиски на сунитската вооружен опозиција која им помага на цивилите во погодените области), не може да се сметаат за веродостојни.

Најмалку 86 луѓе, меѓу кои 30 деца, умреле во вторникот во хемискиот напад близу местото Хан Шејкун во покраината Идлиб во северозападна Сирија, соопшти опозициската Сириска опсерваторија за човекови права (SOHR) со седиште во Лондон, која се повикува на мрежа на активисти на теренот. Во нејзините претходни извештаи не беше директно посочено на виновникот за ова злосторство./крај/мф/сн

Daily news

Бислимовски – Лорковски: Реформите во енергетиката мора да продолжат

Објавено пред

Претседателот Марко Бислимовски, заедно со членовите и раководителите на секторите на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) остварија средба со Артур Лорковски, директорот на Енергетската заедница.

dobivaj vesti na viber

Реформите во енергетиката мора да продолжат, континуитетот е клучен – фокусот да се задржи на активностите поврзани со интегрирање на пазарите за електрична енергија, нивна транспарентност и интегритет, како и неопходните реформи на пазарот со природен гас, што ќе обезбедат фер пристап за сите учесници, согласно новите европски мрежни правила – се сложија соговорниците.

Претседателот Бислимоски му се заблагодари на директорот Лорковски за позитивниот наратив за работата на РКЕ при презентацијата на Извештајот за имплементација на законодавството на Енергетската Заедница за 2024 година за државава во Собранието.

„Во очекување на новиот Закон за енергетика, РКЕ во соработка со Министерството за енергетика континуирано работи на подготовка за имплементација на новиот енергетски пакет. Интегрираниот пристап помеѓу сите чинители досега покажа дека е клучен за квалитетна и успешна регулатива, која ќе биде основа за развој на енергетските пазари . Капацитетите со кои располагаме, професионалниот тим кој се гради со години наназад и овој пат може да одговори на сите предизвици кои претстојат. “ изјава Марко Бислимоски, претседател на РКЕ

Лорковски посочи дека Енергетска Заедница ќе остане партнер во понатамошните процеси и дека стојат на располагање за поддршка во делот на креирање на подзаконските акти, откако ќе се донесе новиот закон за енергетика. Процесот на транспонирање на ЕУ правилата е клучно за да осигура работата на РКЕ за стратешките прашања поврзани со обезбедување на сигурна, стабилна и континуирана испорака на енергија.

Прикажи повеќе...

Daily news

Измамници се претставувале како Бред Пит и навеле обожавателки да веруваат дека почнале романтична врска со него

Објавено пред

Во Шпанија уапсени се пет лица кои изнудиле 325.000 евра од две жени претставувајќи се како познатиот американски актер Бред Пит, соопшти денеска МВР на таа земја на својата официјална веб-страница.

dobivaj vesti na viber

Во текот на истрагата се покажа дека криминалците контактирале со своите жртви преку веб-страница за обожаватели на американскиот актер, ја добиле нивната доверба и ги навеле да веруваат дека почнале романтична врска со Бред Пит.

Потоа со лажно претставување ги натерале жртвите да инвестираат во комерцијални проекти.

Прикажи повеќе...

Daily news

Спаси жена што сакаше да скокне од мост, а со години бесплатно ги хранеше бездомниците: Џон Бон Џови ја враќа вербата во човештвото

Објавено пред

Познатиот рокер Џон Бон Џови пред десетина дена беше тема на сите светски медиуми кога убеди непозната жена да не скокне од мост. Овој потег не е единствениот што ја докажува неговата емпатија и хуманост кон луѓето што не ги познава.

dobivaj vesti na viber

Џон Бон Џови, американскиот музичар и фронтмен на познатиот бенд „Бон Џови“, на пешачкиот мост го снимал спотот за песната The People’s House кога од другата страна на оградата забележал жена.

На снимките од надзорните камери што ги сподели локалната полиција може да се види како Џон со член на својата екипа ѝ приоѓа на потресена жена. Потоа се потпрел на оградата и почнал да разговара со неа повикувајќи ја да се врати на безбедно по што ѝ помогнал да се прекачи преку оградата.

Бон Џови потоа ја прегрна и тие стоеја така околу една минута пред заедно да одат по мостот.

Полицискиот оддел Метрополитен во Нешвил го сподели видеото на нивниот канал на „Јутјуб“ и рече дека пејачот ѝ помогнал на очајна жена.

Секоја чест за Џон Бон Џови и неговиот тим што ѝ помогнаа на една жена на пешачкиот мост „Сејгенталер“ во вторникот вечерта.

„Бон Џови успеа да ја убеди да се симне од платформата на мостот на реката Камберленд на безбедно“, објави полицијата на платформата X.

Обожавателите на рокерот не беа изненадени од неговиот потег. Имено, тој во 2011 година основал непрофитна организација, односно синџир ресторани, каде што немало ценовници, а плаќањето на сметката било опционално.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

Светна новогодишната елка! Отворен и Божиќниот маркет во Скопје

Во Скопје вечерва светна новогодишната елка и официјално беше отворен Божиќниот маркет, со што симболично беше означен почетокот на празничната...

Свет2 часа

Зеленски: Не е постигнат компромис за територијалното прашање за време на преговорите во Берлин

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека позициите на САД и Украина за поделбата на териториите сè уште се разликуваат. Тој...

Свет5 часа

Херојот Ахмед од Сиднеј би можел да ја загуби раката: „Сè би повторил“

Ахмед ал Ахмед, случаен минувач кој вчера херојски совлада и разоружа еден од напаѓачите на плажата Бонди, порача дека и...

Свет5 часа

(Фото) Фудбалер на македонскиот клуб „Рокдејл Илинден“ меѓу жртвите во нападот на плажата Бонди во Австралија

Меѓу убиените во вчерашниот терористички напад на плажата Бонди е и фудбалер на Рокдејл Илинден – клуб на македонската дијаспора...

Економија8 часа

Од полноќ нови цени на горивата

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука...

Македонија9 часа

(Видео) Мицевски: Поднесовме Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, заедно со пратеници од коалицијата ВРЕДИ и ЗНАМ, ја поднесовме „Резолуцијата за осуда на манипулациите на...

Македонија11 часа

(Видео) Крај на мигранти во Македонија се става само ако се потпише резолуцијата на СДСМ, рече Кузеска

„Со договорени мигранти за пари ДПМНЕ ја предаде Македонија, ја продаде за пари, за скапи кредит врз грбот на народот....

Свет12 часа

(Фото) 10-годишно девојче, двајца рабини и маж што го преживеал холокаустот: познати жртвите од Сиднеј

Во терористичкиот напад на плажата Бонди вчера беа убиени најмалку 15 цивили, од кои многумина го славеа првиот ден од...

Свет14 часа

(Видео) Татко и син убија 15 луѓе во Сиднеј: „Се заколнале на верност на ИСИС“

Таткото и синот кои убија 15 лица на еврејски фестивал на плажата Бонди во Сиднеј во неделата можеби имале врски...

Европа14 часа

(Видео) Снимено уривањето на огромен руски воен транспортен авион, се преполови во воздухот

Рускиот канал на Телеграм „Маш“ објави снимка од падот на рускиот воен транспортен авион Ан-22 во регионот Иваново. Снимката го...

Македонија15 часа

Земјотрес почувствуван во Македонија

Утрово во 7.20 часот беше почувствуван земјотрес на територијата на Македонија, објави ЕМСЦ. Според ЕМСЦ земјотресот бил со јачина од...

Свет15 часа

(Видео) Нападот врз Бонди е чин на чисто зло, вели австралискиот премиер

Австралискиот премиер Ентони Албанез и началниците на полицијата одржаа прес-конференција во Сиднеј. „Она што го видовме вчера беше чин на...

Свет16 часа

(Видео) Преживеан од холокаустот загина штитејќи ја сопругата на плажата Бонди

Една од жртвите на терористичкиот напад во неделата за време на прославата на Ханука во Австралија беше Алекс Клајтман, преживеан...

Свет16 часа

(Видео) Американски режисер и неговата сопруга пронајдени мртви: полицијата се сомнева дека е убиство

Полицијата на Лос Анџелес истражува нешто што го опишува како очигледно убиство откога две тела беа пронајдени во домот на...

Македонија1 ден

Неправилности и проблеми со „Безбеден град“ ќе се пријавуваат преку специјален пункт или на интернет

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, е задоволен од резултатите од тест-периодот на проектот „Безбеден град“. Тошковски вели дека граѓаните...

Економија1 ден

Мицкоски: Буџетот е ликвиден, трезорот нема да се затвори на 15 декември

Премиерот Мицкоски изјави дека Буџетот е ликвиден и сите обврски се извршуваат тековно. Како што појасни Мицкоски, 15 декември не...

Македонија1 ден

(Видео) ВМРО-ДПМНЕ предлага Резолуција за осуда на дезинформациите за мигранти

ВМРО-ДПМНЕ денеска претстави „Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција“. „Во изминатите...

Македонија1 ден

(Видео) Димитријевиќ: Власта носи мигранти за пари

„Во буџетот нема пари. За првпат во историјата, утре – 15 декември – се затвора Трезорот. Државата доцни со сите...

Топ2 дена

Oбвинителство: За насилство во училиште во Сарај, побарана судска постапка спрема пет деца

Основното јавно обвинителство Скопје до судијата за деца при Основниот кривичен суд Скопје поднесе Барање за поведување подготвителна постапка за...

Македонија2 дена

АХВ: Спречен увоз на над 26 тони замрзнато пилешко месо од Бразил

Инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) спречија увоз на над 26 тони замрзнато пилешко месо од Бразил...