Свет
Либан: Израел нè нападна, погодени се две села; Израелската војска: Погодени се повеќе воени цели на Хезболах
Израел погоди две села на југот на Либан во воздушен напад, објавија либанските медиуми.
Израел рано утринава изврши воздушен напад врз две села на југот на Либан, јави денеска либанската телевизија „Ал Мајадин“.
Израелски ракети ги погодија Кафр Шуба и околината на Одаисех, се додава.
Израел: Погодени се повеќе воени цели на Хезболах во Либан
Израелската армија денеска соопшти дека нападнала воени цели на милитантната исламистичка организација Хезболах во пограничната област со Либан. Меѓу целите беше и набљудувачки пункт, од каде што во средата беше лансирана противтенковска наведувана ракета врз градот Рош Ханикра, на северот на Израел, пренесува „Ројтерс“.
🔻12 hour operational recap:
Here’s a summary of activity on our border with Lebanon:
• 9 launches crossed from Lebanon into Israel
• 4 interceptions by the IDF Aerial Defense Array
• several anti-tank missiles fired from Lebanon toward IsraelOur forces responded to these…
— Israel Defense Forces (@IDF) October 19, 2023
Израелската војска соопшти дека нападите биле извршени како одговор на нападите врз Израел во изминатиот ден. Според ИДФ, девет ракети биле лансирани од Либан поради што се огласиле сирените во Кирјат Шмона и неколку околни населби.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Авион се судри со јато птици во Мумбаи
Авионот на авиокомпанијата “Емирати” безбедно слета во Мумбаи, бидејќи непосредно пред слетувањето се судри со јато фламинга. Десетици птици загинаа од ударот на авионот, соопшти авиокомпанијата.
Боинг 777 кој летал на релација Дубаи-Мумбаи се судрил со јато фламинга, а се проценува дека имало околу 300.
Како што потврди портпаролот на компанијата „Емирати“ за Ројтерс, авионот слетал безбедно и сите патници се добро, пренесува РТС.
„Во инцидентот е оштетен авионот. Повратниот лет на овој авион кој требаше да лета за Дубаи е откажан“, изјави портпаролот на компанијата.
Европа
Лидерот на опозицијата во Британија: Изборите се шанса да се стави крај на хаосот на владата на Сунак
Кир Стармер, лидерот на британската опозициска Лабуристичка партија, денеска изјави дека националните избори во јули ќе и дадат шанса на земјата да стави крај на хаосот на конзервативната влада на британскиот премиер Риши Сунак.
„Време е за промени“, им рече Стармер на своите приврзаници откако Сунак објави дека изборите ќе се одржат на 4 јули, објави Ројтерс.
Британскиот премиер Риши Сунак претходно денеска потврди дека националните избори во Британија ќе се одржат на 4 јули.
Сунак додаде дека кралот Чарлс III одобрил распуштање на парламентот и дека изборите ќе се одржат на 4 јули.
Ројтерс претходно објави дека Сунак најавил дека изборите ќе се одржат во втората половина на годината.
Свет
Нетанјаху: Објавата на Ирска, Шпанија и Норвешка за признавање на Палестина „награда за тероризам“
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска ја осуди најавата на Ирска, Шпанија и Норвешка дека наскоро ќе ја признаат независна Палестина како „награда за тероризмот“ и нагласи дека Тел Авив останува решен кога е во прашање победата во Појасот Газа.
Во изјавата, Нетанјаху изјави дека 80 отсто од Палестинците на Западниот Брег „го поддржуваат масакрот извршен од Хамас на 7 октомври“, пишува „Тајмс оф Израел“.
„На ова зло не смее да му се даде земја. Тоа ќе биде терористичка држава. Ќе се обидат да го повторат масакрот од 7 октомври, а ние нема да се согласиме на тоа“, рече тој.
Израелскиот лидер нагласи дека „наградата за тероризмот нема да донесе мир“ и дека одлуката на овие земји да ја поштедат Палестина нема да го спречи Израел да го победи Хамас.
Норвешка, Шпанија и Ирска најавија претходно денеска дека ќе ја признаат палестинската држава на 28 мај.
Како што рече ирскиот министер за надворешни работи Мајкл Мартин, Ирска планира да ја признае палестинската држава врз основа на нејзините граници од 1967 година, кои ги вклучуваат Газа, Западниот Брег и Ерусалим како главен град и на Израел и на Палестина.