Свет
(Видео) Макрон се обрати на нацијата – нема да се откажеме од нашите вредности
Франција повторно беше цел на терористички напад, порача францускиот претседател, Емануел Макрон, во Ница, каде што утрово беа убиени тројца луѓе.
Тој најави дека Франција воведува засилени контроли на безбедност во училиштата по терористичкиот напад во Ница.
Déclaration après l’attaque terroriste de Nice. https://t.co/9UmVPYLDf7
— Emmanuel Macron (@EmmanuelMacron) October 29, 2020
Исто така, Макрон нагласи дека по нападот во Ница ќе биде мобилизирана дополнителна воена цила.
Војската ќе ги штити најголемите француски градови, училиштата и религиските објекти, истакна Макрон. Наместо сегашните 3.000, овие места ќе ги чуваат 7.000 војници.
„Франција е нападната поради нашите вредности, а ние нема да се откажеме од нив“, изјави францускиот претседател.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Француските експерти препорачуваат децата да не користат паметни телефони пред да наполнат 13 години
На децата не треба да им се дозволува да користат паметни телефони пред да наполнат 13 години и треба да им се забрани користењето на конвенционалните социјални медиуми како ТикТок, Инстаграм и Снепчет до 18 години, се вели во експертскиот извештај нарачан од францускиот претседател Емануел Макрон.
Макрон побарал експертите да предложат упатства за употреба на паметни телефони кај детската популација.
Тој сака да преземат решителни чекори за да ја ограничат нивната изложеност на негативното влијание на оваа технологија, пренесува лондонски Гардијан.
Регион
Земјотрес со јачина од 4,7 степени во Хрватска, почувствуван и во БиХ
Земјотрес со јачина од 4,7 степени според Рихтеровата скала утрово во 05:38 часот е регистриран во Хрватска, објави Европскиот медитерански сеизмолошки центар (ЕМСЦ).
Според информациите од Европскиот медитерански сеизмолошки центар, земјотресот бил на 92 километри јужно од главниот град Загреб и на 14 километри од границата со Босна и Херцеговина, кај Тржачка Раштела.
Земјотресот бил на длабочина од 10 километри.
Земјотресот најмногу бил почувствуван во централна Хрватска и во дел од Босна и Херцеговина со интензитет од V-VI степени според Европската макросеизмичка скала.
Засега нема извештаи за повредени лица или за предизвикана материјална штета.
Свет
Небензја: Русија е категорично против резолуцијата за Сребреница
Рускиот амбасадор во Обединетите нации Василиј Небензја изјави дека Русија е категорично против резолуцијата за Сребреница во Генералното собрание на ОН и додаде дека секоја страна и должи на другата и Сребреница не е единствената темна страна на таа војна.
Тој посочи дека промовирањето на нацрт-резолуцијата на Генералното собрание на ОН за геноцидот во Сребреница го прекршува Дејтонскиот договор.
„Тој нацрт е едностран и политички мотивиран“, рече тој.