Свет
Макрон: 2024 ќе биде година на гордост и надеж
Францускиот претседател Емануел Макрон им порача на Французите дека 2024 година ќе биде година на гордост и надеж, обележана со Летните олимписки игри во Париз и повторното отворање на катедралата Нотр Дам по катастрофалниот пожар.
„Само еднаш во сто години можете да бидете домаќини на Олимписките и Параолимписките игри, само еднаш во илјада години можете повторно да изградите катедрала“, рече Макрон.
„2024 година ќе биде година на решителност, на одлуки, на закрепнување, на гордост. Всушност, година на надеж“, рече тој.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Вучиќ: На седницата на Советот за безбедност на ОН ќе одговорам на оние кои ги обвинуваат Србите дека се геноциден народ
Српскиот претседател, Александар Вучиќ, нема да учествува на самитот на лидерите на Западен Балкан и Европската Унија во Котор, Црна Гора, бидејќи ќе присуствува на седницата на Советот за безбедност на ОН за, како што рече, „да одговори на оние кои би ги обвинилe Србите дека се геноцидна нација“.
Пред заминувањето за Њујорк, Вучиќ во Белград се сретна со рускиот амбасадор Александар Боцан-Карченко, откако во понеделникот беше домаќин на шефот на дипломатијата на Украина, Дмитро Кулеба, кој беше во Србија во исто време со Олена Зеленска, сопругата на претседателот на Украина.
Србија постојано ја осудува руската инвазија на Украина во Обединетите нации и други меѓународни форуми, но одбива да се приклучи на меѓународните санкции против Кремљ, пишува „Н1“.
На денешната средба со рускиот амбасадор, Вучиќ рече дека одржувањето на стабилноста во регионот е од витален интерес за Србија, но дека произволните потези и иницијативи на Приштина како што е резолуцијата на Генералното собрание на ОН за Сребреница не придонесуваат за процесот на помирување, градење доверба и соработката во регионот.
Во посета на Србија е и европскиот комесар за соседство и проширување Оливер Вархеји, кој во понеделникот на заедничката прес-конференција со српскиот претседател, зборувајќи за резолуцијата за Сребреница, рече дека не се согласува со колективното казнување на еден народ.
„Не се согласувам со ставот за колективна вина, не мислам дека стигматизирањето на српскиот народ и колективната вина е одржлив избор, ниту пак ќе придонесе за надминување на ужасите од балканските војни“, рече Вархеји.
Резолуцијата со која се потсетува на геноцидот врз Бошњаците од Сребреница треба да биде претставена на седницата на Генералното собрание на Обединетите нации во мај, а Вучиќ и претседателот на Република Српска, Милорад Додик, постојано укажуваа дека споменатата резолуција е обид за наметнуваат колективна вина на српскиот народ, а тие инсистираат на тоа дека немало геноцид во Сребреница, иако тоа беше потврдено со пресудите на Хашкиот трибунал.
Резолуцијата повикува да се воспостави 11 јули како меѓународен ден на сеќавање на жртвите на геноцидот во Сребреница, уште еднаш се осудуваат сите дејствија со кои се величат сторителите на воени злосторства, злосторства против човештвото и геноцид утврдени со пресудите на меѓународните судови. Ја нагласува важноста од завршување на потрагата по останките на преостанатите жртви кои досега не се пронајдени и повикува на продолжување на гонењето на сторителите на геноцидот кои се уште се на слобода.
Македонија е коспонзор на Резолуцијата за Сребреница. Претходно денес, претседателот на партијата Македонци во Србија, Горан Илијевски, испрати писмо до новата претседателка на Македонија, Гордана Сиљановска Давкова, да се огради од „непромислената“ одлука на министерот за надворешни работи Бујар Османи и со тоа да ја поништи одлука за прогласување геноцид во Сребреница.
Европа
(Видео) Нападнат полициски конвој во Франција, има загинати: превезувале затвореник, кој побегнал со напаѓачите
Најмалку две лица загинаа, а тројца се повредени во напад на полициски конвој што превезувал затвореник во Франција, пренесуваат медиумите во регионот.
Нападот се случил околу 11 часот во близина на наплатна рампа во Ере, департман на северот на Франција.
#Eure #Incarville Plus que l'attaque du fourgon pénitentiaire c'est un attentat !. C'est une exécution. Mohamed A. et ses complices toujours en fuite !! #LFI #INSOUMIS #Gauche pic.twitter.com/8ht8hJAftc
— Nath-K (@KaanNathalie) May 14, 2024
Според француските медиуми, напаѓачите избегале со затвореникот што бил во конвојот.
🇫🇷🚨 BREAKING: Three prison officers have been shot dead in France after a van transporting inmate Mohamed A. was ambushed at the Incarville tollbooth by several heavily armed men who opened fire.
The detainee escaped and fled with the men. He was known to the courts for drug… pic.twitter.com/3pLv48EYqa
— Remix News & Views (@RMXnews) May 14, 2024
Избеганиот затвореник е познат по прекарот Мува, а е осуден за кражба и провала.
Нападот, во кој учествувале неколку вооружени мажи, се случил на наплатната рампа на автопатот А154 околу 11 часот, пишуваат медиумите.
Европа
Русија: Зазедовме уште еден град во областа Харков
Руски трупи го зазедоа градот Бухруватка во областа Харков во Украина, соопшти руското Министерство за одбрана, а пренесе „Ројтерс“.
Тврдењето доаѓа неколку часа откако руската новинска агенција „Тасс“ објави дека паднале западните и северните делови на Вовчанск во украинската област Харков.
Во тек е евакуација во Вовчанск
Во тек е евакуација во градот Вовчанск, во североисточниот регион на Харков.
Локалните власти стравуваат дека судбината на Вовчанск може да ја отслика судбината на Бахмут и Авдиивка, украински градови во кои жестоките борби ги принудија Украинците да се повлечат.