Свет
(Видео) Над 50.000 луѓе евакуирани поради поплавите во Кина, 11 лица се водат исчезнати
Најмалку 11 лица се водат како исчезнати во поплавите што ја зафатија југоисточната кинеска провинција Гуангдонг поради обилните врнежи во претходните денови.
🚨"Shaoguan, Guangdong Devastated by Heavy Floods Following Intense Rainfall on April 20, 2024#HeavyRain#HeavyFlood#Disaster#Viralvideo pic.twitter.com/0VUO85i5aB
— shubham tripathi (@shubham99821057) April 21, 2024
Во поплавите повеќе од 50.000 луѓе се раселени, соопшти Одделот за управување со вонредни состојби во Гуангдонг, пишува „Чајна дејли“.
Невремето најмногу ги погоди градовите Шаогуан, Гуангжу, Хејуан, Жаокинг, Меиџоу и Хуиџоу.
On April 20th, Shaoguan, Guangdong, was hit by flooding, causing widespread water and power outages, and significant flooding throughout the city. pic.twitter.com/nXpoHGkbZP
— chen Z (@cz8921469_z) April 21, 2024
На спасувачките служби на помош им пристигна кинеската армија, која помага во расчистувањето на патиштата, јавува „Ројтерс“.
Кинеската влада вчера го одобри спроведувањето на плановите за вонредни состојби поради заканата од поплави во провинцијата Гуангдонг, кои им се закануваат на 127 милиони жители.
Метеоролозите вчера објавија дека нивото на водата во одредени делови од реките во таа покраина достигна ниво што се случува само еднаш во 50 години.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Во Северна Кореја за првпат оваа година се положи заклетва на лојалност за роденденот на Ким Џонг Ун
За прв пат откако севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун ја презеде власта во 2011 година, од севернокорејските граѓани беше побарано да дадат заклетва за лојалност оваа година на неговиот роденден, соопшти јужнокорејскиот Институт за развој на југ и север (SAND) со седиште во Сеул.
Во петокот, институтот објави фотографии од текстот на заклетвата во папката, за која се верува дека е направена на 40-тиот роденден на Ким, 8 јануари, пренесува Ројтерс.
Северна Кореја никогаш официјално не го потврдила датумот на раѓање на Ким, а традиционално ваквите церемонии за заклетва се одржуваат на родендените на неговиот татко и дедо, претходни севернокорејски лидери.
Свет
Потврдено е дека во Мексико се пронајдени телата на исчезнатите туристи
Мексиканските власти потврдија дека двајца австралиски и еден американски турист, кои беа пријавени за исчезнати во северно Мексико, се мртви откако нивните тела ги идентификувале нивните родители.
Јавниот обвинител Елена Андраде им кажа на родителите и дипломатските службеници дека мексиканските власти целосно ќе се посветат на истрагата за да ги изведат одговорните за злосторството пред лицето на правдата, пренесува Ројтерс.
Телата на браќата Калум (33) и Џејк (30) Робинсон од Австралија и американецот Картер Роуд (30) беа пронајдени на дното на бунар во мексиканската држава Долна Калифорнија минатата недела, по повеќедневна потрага.
Свет
Белоруски министер за надворешни работи: Украина се обидува да пренесе оружје на територијата на Белорусија за напад
Министерот за надворешни работи на Белорусија Сергеј Алејник изјави дека Украина често провоцира обиди за транспорт на оружје и експлозиви на белоруска територија, што може да се користи за терористички акти во Русија.
Алејник за РИА Новости изјави дека во текот на оваа и минатата година биле запрени 40 канали за транспорт на оружје и експлозиви од Украина на територијата на Белорусија и оценил дека тоа е загрижувачка информација.
Тој додаде дека Комитетот за безбедност на Белорусија неутрализирал 20 и притворил околу 30 диверзанти кои преминале од Украина во Белорусија и подготвувале терористички акти.