Свет
На дронот што го погоди Киев напишана морничава руска порака: „Ова ви е за Белгород“
Две лица се затрупани под урнатините по нападот со беспилотно летало утринава врз Киев, објави градоначалникот на главниот град на Украина, Виталиј Кличко, а новинарот на „Ројтерс“ од Киев изјави дека на дел од дронот видел дека пишува: „Ова ви е за Белгород“.
Руските власти од Белгород ја обвинија Украина дека стои зад вчерашниот напад на воен полигон во регионот Белгород во Русија, кога беа убиени 11 регрути.
#UPDATE Russian ‘kamikaze drones’ attacked Kyiv early Monday, Ukraine’s presidency said, describing the assault as an act of desperation
Air raid sirens sounded in the city shortly before the first strike, followed by sirens across most of the countryhttps://t.co/LbD1hNeSxH pic.twitter.com/RYGZu2AUlK
— AFP News Agency (@AFP) October 17, 2022
Кличко претходно изјави дека како резултат на напад со дрон врз Киев се случила експлозија во станбена зграда во Шевченската област.
„Во овој момент знаеме дека од зградата се извлечени 18 лица, а според прелиминарните податоци, две лица останале под урнатините. Во тек се спасувачки операции, се отстрануваат уништените делови од зградата“, изјави Кличко на „Телеграм“, објави „Гардијан“.
Тој додаде дека властите продолжуваат да се обидуваат да го утврдат бројот на жртвите во нападот на Киев.
Неколку експлозии утрово одекнаа во централниот дел на Киев. Шефот на кабинетот на претседателот на Украина, Андриј Јермак, изјави дека руските сили го нападнале Киев со беспилотни летала „камикази“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Русија: Вративме шест украински деца на нивните семејства
Руските власти во средата, по посредство на Катар, предале шест украински деца приведени во Русија на нивните роднини, објави руската државна агенција „Тасс“.
Шест момчиња на возраст од 6 до 17 години, меѓу кои и двајца браќа, беа вратени на нивните семејства во Амбасадата на Катар во Москва во присуство на претставникот на комесарот за детски прашања на Кремљ, Марија Лвова-Белова.
Меѓународниот кривичен суд (МКС) води кривична постапка против неа и рускиот претседател Владимир Путин за депортација на деца.
Западот го обвинува Кремљ дека организирал депортација на илјадници малолетници од Украина.
Украина бара враќање на речиси 20.000 малолетници, кои биле „депортирани или насилно раселени“ во Русија од почетокот на рускиот напад врз Украина на 24 февруари 2022 година.
Пред повеќе од една година МКС издаде налог за апсење на Владимир Путин и Лвова-Белова за депортација на деца.
Европа
Командант на шведската армија: Путин го сака островот Готланд, ако нападне, почнува војна со НАТО
Рускиот претседател Владимир Путин го сака шведскиот остров Готланд, предупреди шефот на шведското Министерство за одбрана, Микаел Биден.
Готланд, најголемиот остров во Шведска, споредлив по големина со Род Ајленд, е стратешки лоциран во средината на Балтичкото Море, помеѓу Стокхолм и руската ексклава Калининград.
Руското Министерство за одбрана објави план за проширување на територијалните води во Балтичкото Море, што предизвика меѓународна загриженост.
„Сигурен сум дека Путин со двете очи гледа во Готланд. Целта на Путин е да ја добие контролата над Балтичкото Море“, рече Биден, врховен командант на вооружените сили на Шведска.
„Ако Русија ја преземе контролата во Балтичкото Море, тоа би имало огромно влијание врз нашите животи – во Шведска и сите други земји што граничат со Балтичкото Море. Не можеме да го дозволиме тоа“, рече Биден.
„Балтичкото Море не смее да стане игралиште на Путин“, додава тој.
По демилитаризацијата во 2005 година, Шведска повторно воведе постојани трупи во Готланд во 2016 година по руската анексија на украинскиот полуостров Крим. Шведска исто така стана најновата членка на НАТО во март, што значи дека е опфатена со членот 5 од алијансата, кој гарантира дека сите други членки застануваат во меѓусебна одбрана доколку бидат нападнати.
„Ако Путин го нападне Готланд, тој може да им се закани на земјите на НАТО од морето. Тоа би бил крај на мирот и стабилноста во нордиските и балтичките региони“, рече Биден.
Регион
Утре ќе биде погребан убиецот од Тузла: ги уби сопругата и двете деца, а потоа скокна од зграда
Погребот на Мујага Чичкошиќ, кој пред неколку дена во тузланската населба Ступине ги уби сопругата и двете деца со секира, а потоа се самоуби скокајќи од зграда, ќе се одржи утре, 23 мај.
Погребот ќе се изврши во 16 часот пред џамијата во Шевар, а погребот ќе биде на гробиштата во Шевар.
Чичкошиќ делото го извршил со секира, убиството детаљно го испланирал, секирата ја купил на пазар, а во креветче убил двегодишно дете.
Убил уште едно деветгодишно дете во аголот на станот. Мајката Амела се обидела да спречи сè, но не успеала.