Свет
Нобеловата награда за економија ѝ припадна на Клаудија Голдин
Нобеловата награда за економски науки за 2023 година ѝ беше доделена на Американката Клаудија Голдин.
Кралската шведска академија на науките одлучи да ѝ ја додели наградата за економски науки Sveriges Riksbank за 2023 година на Голдин за „обезбедување подлабоко разбирање на факторите што влијаат на можностите на жените на пазарот на трудот и колку нивната работа е барана“.
„Фактот дека изборот на жените честопати ѝ останува ограничен со бракот и грижата за домаќинството и семејството е во срцето на нејзините анализи и објаснувачки модели. Студиите на Голдин исто така нè научија дека за промената е потребно време бидејќи изборите што влијаат на целата кариера се засноваат на очекувањата, кои подоцна може да се покажат како лажни. Нејзините сознанија се протегаат многу подалеку од САД, а слични обрасци се забележани во многу други земји. Нејзиното истражување ни дава подобро разбирање на пазарот на труд вчера, денес и утре“, се наведува во напишаното на „Твитер“.
Голдин е третата жена што ја добила Нобеловата награда за економија.
Таа е родена на 14 мај 1946 година во Њујорк, а предава економија на „Харвард“. Таа е ангажирана во широко поле на истражување, вклучувајќи ги женската работна сила, родовиот јаз во платите, нееднаквоста во приходите, технолошките промени, образованието и имиграцијата.
Минатата година Нобеловата награда за економија им припадна на поранешниот гувернер на Федералните резерви на САД, Бен Бернанке, и двајцата економисти Даглас Дајмонд и Филип Дибвиг за нивната работа во раните 80-ти, кои обезбедија основа за модерно разбирање зошто се потребни банки.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Русија: Вративме шест украински деца на нивните семејства
Руските власти во средата, по посредство на Катар, предале шест украински деца приведени во Русија на нивните роднини, објави руската државна агенција „Тасс“.
Шест момчиња на возраст од 6 до 17 години, меѓу кои и двајца браќа, беа вратени на нивните семејства во Амбасадата на Катар во Москва во присуство на претставникот на комесарот за детски прашања на Кремљ, Марија Лвова-Белова.
Меѓународниот кривичен суд (МКС) води кривична постапка против неа и рускиот претседател Владимир Путин за депортација на деца.
Западот го обвинува Кремљ дека организирал депортација на илјадници малолетници од Украина.
Украина бара враќање на речиси 20.000 малолетници, кои биле „депортирани или насилно раселени“ во Русија од почетокот на рускиот напад врз Украина на 24 февруари 2022 година.
Пред повеќе од една година МКС издаде налог за апсење на Владимир Путин и Лвова-Белова за депортација на деца.
Европа
Командант на шведската армија: Путин го сака островот Готланд, ако нападне, почнува војна со НАТО
Рускиот претседател Владимир Путин го сака шведскиот остров Готланд, предупреди шефот на шведското Министерство за одбрана, Микаел Биден.
Готланд, најголемиот остров во Шведска, споредлив по големина со Род Ајленд, е стратешки лоциран во средината на Балтичкото Море, помеѓу Стокхолм и руската ексклава Калининград.
Руското Министерство за одбрана објави план за проширување на територијалните води во Балтичкото Море, што предизвика меѓународна загриженост.
„Сигурен сум дека Путин со двете очи гледа во Готланд. Целта на Путин е да ја добие контролата над Балтичкото Море“, рече Биден, врховен командант на вооружените сили на Шведска.
„Ако Русија ја преземе контролата во Балтичкото Море, тоа би имало огромно влијание врз нашите животи – во Шведска и сите други земји што граничат со Балтичкото Море. Не можеме да го дозволиме тоа“, рече Биден.
„Балтичкото Море не смее да стане игралиште на Путин“, додава тој.
По демилитаризацијата во 2005 година, Шведска повторно воведе постојани трупи во Готланд во 2016 година по руската анексија на украинскиот полуостров Крим. Шведска исто така стана најновата членка на НАТО во март, што значи дека е опфатена со членот 5 од алијансата, кој гарантира дека сите други членки застануваат во меѓусебна одбрана доколку бидат нападнати.
„Ако Путин го нападне Готланд, тој може да им се закани на земјите на НАТО од морето. Тоа би бил крај на мирот и стабилноста во нордиските и балтичките региони“, рече Биден.
Регион
Утре ќе биде погребан убиецот од Тузла: ги уби сопругата и двете деца, а потоа скокна од зграда
Погребот на Мујага Чичкошиќ, кој пред неколку дена во тузланската населба Ступине ги уби сопругата и двете деца со секира, а потоа се самоуби скокајќи од зграда, ќе се одржи утре, 23 мај.
Погребот ќе се изврши во 16 часот пред џамијата во Шевар, а погребот ќе биде на гробиштата во Шевар.
Чичкошиќ делото го извршил со секира, убиството детаљно го испланирал, секирата ја купил на пазар, а во креветче убил двегодишно дете.
Убил уште едно деветгодишно дете во аголот на станот. Мајката Амела се обидела да спречи сè, но не успеала.