Европа
(Од минута во минута) Германија вели дека Путин се премислил околу плинот, САД: Русите се повлекуваат од Чернобил
Денес е 35. ден од руската инвазија на Украина
Клучни настани:
- Русија почнува да се повлекува од областа на нуклеарната централа Чернобил, соопшти Пентагон
- Германската влада денеска објави дека Русија гарантира оти Европа нема да мора да плаќа за испораките на руски гас во рубљи
- Русија не гледа голем напредок во вчерашните преговори
- Макрон и Путин разговараа, рускиот претседател рече дека ќе размисли за хуманитарна мисија за Мариупол, но само кога бранителите на Мариупол ќе се предадат
- Зеленски и Бајден разговараа за нов пакет санкции против Русија
- Си-Ен-Ен објави дека Русите почнале да повлекуваат дел од војниците во близина на Киев, но исто така објавија дека се уште се слушаат експлозии во близина на Киев.
- САД предупредуваат дека дел од руската војска што се повлече од областа Киев најверојатно ќе нападне на друго место
- Серија експлозии во воен камп во Русија, нема официјални информации за причината
- Украина и предложи на Русија да усвои неутрален статус, а за возврат бара безбедносни гаранции за траен прекин на рускиот воен напад
- Русија најави дека драстично ќе ги намали воените активности околу Киев и Чернихив со цел да се постигне договор со Украина
- Словачка протерува руски дипломати
Од минута во минута:
22:30 Француски министер: Не гледам напредок во преговорите, војната продолжува
„Војната продолжува, а засега, колку што знам, нема ништо ново. Русите изјавуваат сешто, но јас ќе верувам само на нивните дела, а не на нивните зборови“, рече Ле Дриан.
22:00 САД: Русите се повлекуваат од областа на нуклеарната централа Чернобил
Русија почнува да се повлекува од областа на нуклеарната централа Чернобил, соопшти Пентагон, пренесува АФП.

21:23 Германската влада: Путин рече дека Европа може да продолжи да плаќа за гас во евра
Германската влада денеска објави дека Русија гарантира оти Европа нема да мора да плаќа за испораките на руски гас во рубљи. Канцеларијата на Олаф Шолц објави соопштение во кое се вели дека рускиот претседател Владимир Путин му рекол на германскиот канцелар дека Европа може да продолжи да плаќа за гас во евра.
Во телефонскиот разговор со Шолц, Путин рекол дека парите може да се уплатат во банката Гаспром, а потоа да се префрлат во рубљи во Русија.
20:31 Велика Британија воведува нови санкции за руските олигарси
Обединетото кралство воведе нови санкции за руските олигарси. Имено, објавени се нови закони кои имаат за цел да ги спречат руските олигарси да пристапат до британските воздухопловни и поморски технички услуги, јавува Би-Би-Си.
20:20 Јанша: Го поддржувам испраќањето на системот С-300 во Украина
Словенечкиот премиер Јанез Јанша изјави дека го поддржува испраќањето на системот С-300 во Украина.
„Да, го поддржувам тоа бидејќи тоа е опремата што најмногу и’ треба на Украина“, изјави тој за Си-Ен-Ен, додавајќи: „Не сакам многу да зборувам за тоа што им даваме“, пренесе „Индекс“.
19:17 И Словачка протерува руски дипломати
„Словачка ќе го намали персоналот на руската амбасада во Братислава за 35 лица. Жалиме што по претходните протерувања на руски дипломати во последните неколку години, руската дипломатска мисија не покажа никаков интерес да работи коректно во Словачка“, изјави портпаролот на Министерството за надворешни работи Јурај Томага.

18:44 Зеленски и Бајден разговарале за нов пакет санкции за Русија
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека со американскиот колега Џо Бајден телефонски разговарале половина час, а станало збор и за нови санкции против Русија.
18:00 Рекордна стапка на инфлација во Германија
Инфлацијата во Германија во март достигна рекордни 7,3 отсто, што е највисоко ниво од обединувањето, покажува првата проценка на заводот за статистика, а владините економски советници предупредија на значителен ризик од рецесија поради руската инвазија на Украина
17:36 ОН: Постојат веродостојни тврдења дека Русија користи касетни бомби
Мишел Бачелет, комесарката на ОН за човекови права, денеска изјави дека има „веродостојни тврдења“ дека Русија користела касетни бомби во Украина најмалку 24 пати.
17:30 Бајден денеска ќе разговара со Зеленски
Американскиот претседател Џо Бајден денеска ќе оствари телефонски разговор со украинскиот претседател Володимир Зеленски, потврди Белата куќа.
Белата куќа соопшти дека Бајден ќе разговара со Зеленски „за континуираната поддршка за Украина во време на руската агресија“.
17:20 Џонсон: Не целиме кон смена на Путин, туку кон заштита на Украинците
Целта на Велика Британија не е промена на режимот во Москва или смена на рускиот претседател Владимир Путин, изјави британскиот премиер Борис Џонсон.
Тој рече дека намерата на Лондон е да ги заштити Украинците во војната.

16:30 Германија ја активираше првата фаза од планот за итни случаи за гас
Германскиот сојузен министер за економија Роберт Хабек ја активираше фазата на рано предупредување од таканаречениот „план за итни случаи за гас“.
Планот има три кризни нивоа. На првото ниво, предвидено е формирање на кризен тим кој ќе ја анализира и проценува состојбата со снабдувањето, со цел, доколку е потребно, да се преземат дополнителни мерки за зголемување на безбедноста на снабдувањето.
14:50 Русија ангажирала 75 отсто од целата своја армија во Украина, тврди американски генерал
Русија ангажирала 70 до 75 отсто од целата своја армија во инвазијата на Украина, изјавил денеска во американскиот конгрес генерал Тод Волтерс, командант на американските сили во Европа.
JUST IN: Russia has committed 70 to 75 percent of its TOTAL military to the war in Ukraine, top U.S. general in Europe tells Congress.
Ukraine can “certainly succeed” in stalling Russia, said Gen. Tod Wolters.
— Jack Detsch (@JackDetsch) March 29, 2022
14:20 Норвешки судија назначен за шеф на истрагата на ОН за воени злосторства во Украина
Највисокото тело за човекови права на ОН денеска го назначи Ерик Мозе, поранешен норвешки судија на Европскиот суд за човекови права, за претседател на тричлената комисија која ќе ги истражува можните воени злосторства извршени за време на конфликтот во Украина.
На Мозе, поранешен претседател на Меѓународниот кривичен трибунал за Руанда, ќе му се придружат Јасминка Џумхур, омбудсман за човекови права во Босна и Херцеговина и Пабло де Грајф од Колумбија, политички теоретичар специјализиран за правни прашања, пренесува агенцијата АП.
Советот за човекови права на ОН формираше истражна комисија претходно овој месец.
14:05 Можно е Кремљ да купува време пред најжестокиот напад, вели поранешен руски министер
Андреј Козирев, кој беше министер за надворешни работи на Русија од 1990 до 1996 година, ја понуди својата анализа за ветувањето на Русија драстично да го намали интензитетот на воените операции околу Киев и Чернигов.
„Добрата вест од руско-украинските разговори во Истанбул не е дека Путин одеднаш дејствува со добра волја, туку дека херојскиот украински отпор го принуди да бара други решенија и дипломатска измама“, напиша Козирев на „Твитер“.
13:40 Путин остро реагирал кога Макрон му го споменал Мариупол
Претседателот на Русија Владимир Путин изјави дека сите напади на Мориупол ќе престанат само доколку се предадат сите украински војници од тој град, јави Би-Би-Си.
Британскиот јавен сервис се повика на соопштение од Кремљ, во кое се наведува дека Путин тоа го рекол за време на телефонскиот разговор со францускиот претседател Емануел Макрон.
12:55 Москва: Преговорите со Украина значајно не напредуваа
Русија не забележала ништо што би можело да влее надеж дека конечното решение на конфликтот во Украина ќе дојде наскоро, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, осврнувајќи се на вчерашните преговори во Истанбул.
12:16 Финска влегува во НАТО поради страв од руските напади?
Финците ја преиспитуваат својата воена неутралност и стравуваат дека за тоа размислува и рускиот претседател Владимир Путин.
Која граница нема да ја помине Кремљ? За тоа веќе никој не е сигурен, дури ни земја како Финска, која има големо искуство во толкување на руски сигнали пишува „Дојче веле“.
12.10 Јенс Столтенберг: Украина сама да одлучи за неутралноста
Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг денеска повика на воздржаност во оценувањето на исходот од преговорите меѓу руската и украинската делегација во Истанбул.
Преговорите меѓу Русија и Украина „дефинитивно отидоа чекор подалеку“, рече Игор Жовква, заменик началник на кабинетот на претседателот Володимир Зеленски
11:39 (Видео) Кадиров откри каде се наоѓа неговата војска
Лидерот на Чеченската Република Рамзан Кадиров објави видео на кое се гледа каде се наоѓаат неговите војници.
Како што изјави, тие се во Луганската Народна Република.
11.25 Украински власти: Вечерва немаше област без сирени за тревога – Русите излажаа
Нема област каде што во текот на ноќта не се огласиле сирените за тревога, изјави утринава висок украински функционер откако руските власти најавија дека ќе има воени деескалации околу Киев и во Чернихив, град на северот на земјата.
11.20 Повеќе од 4 милиони луѓе ја напуштиле Украина поради војната
Високиот комесаријат за бегалци на Обединетите нации (УНХЦР) денеска соопшти дека досега повеќе од четири милиони луѓе ја напуштиле Украина, по рускиот напад врз оваа земја, во најголемата бегалска криза во Европа од Втората светска војна
10.40 Бајден: Западот чека да види дали Русија ќе го исполни ветувањето за деескалација на нападот
Американскиот претседател Џо Бајден изјави дека западните сојузнички земји чекаат да видат дали Русија ќе го исполни ветувањето за деескалација на нападите околу украинскиот главен град Киев и северниот град Чернихив, пренесува Гласот на Америка.
10:37 Во Украина пристигнува смртоносно оружје од Британија
Борис Џонсон рече дека сака да обезбеди „посмртоносна“ воена помош за Украина, бидејќи предупреди дека Владимир Путин ќе се обидел да ги интензивира борбите.
10:28 Американски генерал: Можеби ја преценивме силата на руската армија
Американскиот генерал Тод Волтерс изјави дека е можно САД да ги прецениле можностите и капацитетите на руската војска поради „дупка“ во собирањето разузнавачки информации и ги потцениле одбранбените способности на Украина пред рускиот напад врз Украина.
Кога Русија ја нападна Украина кон крајот на минатиот месец, американското разузнавање процени дека целосниот руски напад врз Украина ќе доведе до пад на Киев во руски раце за неколку дена.
10:05 Градоначалникот на Чернихив: Времето ќе покаже дали Русите ја зборуваат вистината
Градоначалникот на Чернихив, Владислав Атрошенко, вели дека ветувањето на Русија дека ќе ги ублажи нападите врз Киев и Чернихив би било добра вест доколку е вистина.
09.55 Лавров: Русија е заинтересирана за развој на односите со Кина
Русија е заинтересирана за стабилен и доследен развој на односите со Кина, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров на почетокот на средбата со неговиот кинески колега Ванг Ји
#Russian Foreign Minister Sergey Lavrov and Chinese Foreign Minister Wang Yi met Wednesday in Tunxi, #China, according to a photo released by Russia's Ministry of Foreign Affairs. #UkraineRussiaWar pic.twitter.com/oiEonyFpnz
— GAROWE ONLINE (@GaroweOnline) March 30, 2022
09.52 Москва: Вашингтон да се врати на нуклеарниот дијалог без политика
Москва го повикува Вашингтон да се врати на неполитизиран, професионален дијалог за нуклеарната безбедност, изјави денеска рускиот амбасадор во САД, Анатолиј Антонов.
09:50 Москва: Вашингтон да се врати на нуклеарниот дијалог без политика
Запрашан од новинарите да ги коментира коментарите на американската потсекретарка за контрола на вооружувањето и меѓународна безбедност Бони Џенкинс, која тврди дека Русија создава нуклеарни ризици во Украина, Антонов рече дека тоа е „русофобна реторика“, пренесува ТАС С.
09.48 Експлозии во Киев – денот започна со сирени
Во близина на Киев утрово повторно одекнаа експлозии, јавува Би-Би-Си.
09.45 Украинците му одговорија на Вулин: Да не и помагавме на Србија, можеби ќе бевме во НАТО
Амбасадата на Украина во Белград ги повика српските власти да го тргнат симболот „З“ од јавните површини, што го изразува непријателскиот однос кон Украинците и јавно да застанат во одбрана на украинскиот народ.
09.35 Британија: Русите се принудени да се вратат во Белорусија и Русија за да се реорганизираат
Британското воено разузнавање соопшти дека руските војници кои претрпеле големи загуби во Украина биле принудени да се вратат дома и во соседна Белорусија за да се реорганизираат и да се снабдат
09.30 Западот ја обвини Русија дека предизвикува глад во светот
Русија беше обвинета пред Советот за безбедност на Обединетите нации дека предизвикува глобална криза со храна и ги става луѓето во ризик од глад со започнување на војната во Украина, која е житница на Европа
Си-Ен-Ен објави видео од уништувањето во Ирпин, град кој од понеделникот е вратен под контрола на Украина. Според Си-Ен-Ен, обемот на уништувањето може да се види на видеото што го обезбеди невладината организација „Украински проект за сведоци“.
09.00 САД ги повикаа своите граѓани веднаш да ја напуштат Русија
Соединетите Американски Држави издадоа ново предупредување за патување во Русија, напоменувајќи дека руските власти би можеле да ги изолираат и приведат Американците во земјата
08.50 Сателитски снимки од Мариупол – остана само името од градот
Шефот на мисијата на Обединетите нации за човекови права во Украина, Матилда Богнер изјави дека во Мариупол може да има илјадници цивилни жртви. Таа за „Ројтерс“ изјави дека мисијата нема точна проценка, но работи на собирање повеќе информации
08.30 Руските војници бележат загуби, дел од нив се повлекуваат од Украина
Британското Министерство за одбрана објави нов извештај за настаните во Украина, во кој се наведува дека руските војници бележат големи загуби и се принудени да ги реорганизираат своите капацитети
(1/4)
Russian units suffering heavy losses have been forced to return to Belarus and Russia to reorganise and resupply.— Ministry of Defence ?? (@DefenceHQ) March 30, 2022
08.20 Украина ја забранува работата на московската патријархија
Врховната рада на Украина регистрираше предлог-закон за забрана на Московската патријаршија во Украина
08.10 Лавров пристигна во првата посета на Кина од почетокот на руската инвазија на Украина
Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров пристигна во Кина, што е негова прва посета на земјата откако Русија ја започна инвазијата на Украина на 24 февруари
08.00 Британско аташе: Русите не успеаја да го опколат Киев
Британското Министерство за одбрана соопшти дека е речиси сигурно оти руската офанзива не успеала во целта да го затвори обрачот околу Киев
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Данска ќе обезбеди четири борбени авиони Ф-35 за мисијата на НАТО во Арктикот
Данска ќе обезбеди четири борбени авиони Ф-35 за мисијата на НАТО „Арктички стражар“, изјави данскиот министер за одбрана Троелс Лунд Поулсен.
НАТО во среда објави дека ја започнал мисијата за зајакнување на своето присуство на Арктикот, како дел од напорите за намалување на тензиите во рамките на алијансата предизвикани од желбата на американскиот претседател Доналд Трамп да ја преземе контролата врз Гренланд од Данска.
„Нашиот придонес (со борбени авиони Ф-35) го зајакнува целокупното присуство во регионот и ја нагласува улогата на Данска како активен сојузник на Арктикот и Северниот Атлантик“, рече Поулсен во соопштението.
Министерот им рече на новинарите пред Минхенската безбедносна конференција дека очекува и САД да придонесат во мисијата на НАТО.
НАТО започна со планирање на мисијата откако Трамп и генералниот секретар Марк Руте се сретнаа во Давос минатиот месец. По таа средба, Трамп ги повлече заканите за царини за европските земји и ја исклучи употребата на сила за преземање на контролата врз Гренланд.
Руте и Трамп се согласија во Давос дека НАТО треба да преземе поголема одговорност во Арктикот, со оглед на руските и кинеските амбиции во областа.
Европа
Откриена масовна измама со билети за Лувр: Запленети 130.000 евра
Париската полиција уапси десет лица осомничени за организирање масовна измама со билети во музејот Лувр. Меѓу уапсените наводно има вработени во музејот и туристички водичи кои ги таргетирале кинеските посетители во шема што вклучувала продажба на лажни билети и пререзервирање на тури со водичи, објавува „Еуроњуз“.
Според францускиот весник „Ле Паризиен“, полицијата ги уапси осомничените во вторник откако раководството на Лувр пријавило „неправилности“. За време на операцијата, запленети се три возила, 130.000 евра во готово и замрзнати се речиси 200.000 евра на банкарски сметки. Откриени се и неколку банкарски сефови со големи суми готовина.
Раководството на музејот во соопштението наведува дека сега „воспоставило структуриран план против измами врз основа на мапирање на измами, серија превентивни и куративни мерки, правни, технички и контролни мерки и следење на резултатите“.
Апсењата следат по низа лоши вести за најпопуларниот музеј во светот и една од најпочитуваните институции во Франција. Од минатиот месец, Лувр е принуден делумно да ги затвора вратите за посетители секоја недела поради штрајк на персоналот незадоволен од платите и условите за работа.
Протестите започнаа кон крајот на минатата година по објавувањето на осудувачки владин извештај за безбедносните пропусти, кои беа откриени по дрскиот грабеж на француските крунски скапоцености во октомври.
Европа
Зеленски: За Трамп, прекинот на огнот во Украина е само политичка победа и прашање на наследство
Украинскиот претседател Володимир Зеленски во интервју за „The Atlantic“ изјави дека претпочита да не склучува никаков мировен договор со Русија отколку да ги принуди Украинците да прифатат лош договор.
Американското списание објави растечка загриженост кај некои членови на внатрешниот круг на Зеленски дека неговиот прозорец за решение се затвора и дека Украина би можела да се соочи со години континуиран, мачен конфликт доколку не се постигне договор за завршување на војната оваа пролет.
Зеленски беше цитиран како вели дека претпочита да не прифати „договор отколку да го принуди својот народ да прифати лош“.
„Дури и по (скоро) четири години интензивно војување, тој вели дека е подготвен да продолжи да се бори доколку е потребно за да обезбеди достоинствен и траен мир“, се вели во статијата, забележувајќи дека Зеленски рекол дека „Украина не губи“ кога бил прашан за неговата проценка на позицијата на Киев на фронтот.
Два круга трилатерални преговори меѓу Русија, Украина и САД се одржаа во главниот град на Обединетите Арапски Емирати, Абу Даби, на 23 и 24 јануари и на 4 и 5 февруари.
Во понатамошните коментари за списанието, Зеленски рече дека „нема поголема победа“ за американскиот претседател Доналд Трамп од наоѓање решение за војната меѓу Русија и Украина.
„За неговото наследство, ова е број 1“, рече тој, додавајќи дека постигнувањето такво решение пред американските меѓуизбори во ноември би била „најдобрата ситуација“ за Трамп.
„Да, тој сака помалку смрт. Но, ако вие и јас разговараме како возрасни, тоа е само победа за него, политичка“, додаде тој.
Коментарите дојдоа откако Зеленски им рече на новинарите за време на викендот дека САД инсистираат на решавање на војната меѓу Русија и Украина „до почетокот на ова лето“ и дека Вашингтон „веројатно ќе изврши притисок врз страните во согласност со овој распоред“.
Во изјавите објавени од украинските медиуми, тој рече дека Киев разбира дека „внатрешните проблеми“ во САД влијаат на овој рок, особено со почетокот на кампањата за меѓуизборите подоцна оваа година.

