Контакт

Европа

(Од минута во минута) Путин ги изнел условите за договор со Украина, Зеленски: Војната мора да заврши

Објавено пред

Денеска е 24. ден од руската инвазија на Украина.

dobivaj vesti na viber

Клучни податоци:

– Украинците тврдат дека убиле уште еден руски генерал, според нив, ова е петти загинат генерал од руска страна, од почетокот на воениот судир
– Зеленски испрати порака до Москва, го покани Путин на разговор
– Украинското Министерство за одбрана соопшти дека Русите го прекинале пристапот до Азовското Море
– Украински официјален претставник изјави дека Русите гранатирале воена база во Миколајив, десетици загинати и ранети
– Џо Бајден и Шји Џјинпинг разговараа вчера, кинескиот претседател рече дека Кина не ја поддржува кризата во Украина

21:50 Британски полковник: Ако Русите користат хемиско оружје, играта е завршена

Полковникoт Боб Стјуарт, изјави дека моралот на руските војници е ужасен, но дека тие имаат огромна сила на своја страна. „Недостигот на морал беше една од причините зошто генералите на руската армија можеби мораа да дојдат на линијата на фронтот. Можеби затоа што нормалните војници велат – ние не сакаме да го правиме тоа“, рече Стјуарт.

20:40 Украинска телевизија: Наша новинарка исчезна, веруваме дека ја држат Русите

Украинската телевизија Хромадске објави дека нивната новинарка Викторија Рошчина исчезнала на југоистокот на земјата. Тие веруваат дека ја држат руските сили. Последен пат беше слушнато за неа на 12 март, ден откако објави напис од градот Енерходар, кој беше окупиран од Русија, изјавиле тие.

20:00 Џонсон ја спореди војната во Украина со Брегзит, беше вербално нападнат: „Тој е национална срам“

Британскиот премиер Борис Џонсон во својот говор на Пролетната конзервативна конференција во Блекпул ја спореди руската инвазија на Украина со гласањето на британското население за напуштање на Европската Унија.

19:40 Киев и порача на Кина: Осудете го варварството во Украина

Украинското претседателство денеска ја повика Кина да му се придружи на Западот и да го осуди руското варварство, имајќи предвид дека Пекинг никогаш официјално не го критикувал рускиот напад врз Украина.
19:16 Русија предупредува: Украинските мини слободно пловат во Црното Море, можат да стигнат до Медитеранот

Русија денеска предупреди на мини поставени од украинските сили во Црното Море по почетокот на руската офанзива врз Украина, кои би можеле да испливаат до Босфорот, па дури и до Средоземното Море.

19:00 Пекинг го повика НАТО да го одржи ветувањето дека нема да се шири на исток

Кинескиот заменик-министер за надворешни работи Ле Гученг денеска наложи НАТО да се држи до, како што го нарече, „ветувањето дека нема да се шири на Исток“. Кинескиот функционер ги критикуваше далекусежните санкции на Западот против Русија поради инвазијата на Украина и рече дека главната причина за војната лежи во менталитетот на Студената војна и политичарите на моќ, објавија агенциите.

17:50 Околу 1,5 милиони деца ја напуштиле Украина од почетокот на руската инвазија, соопшти УНИЦЕФ

Околу 1,5 милиони деца ја напуштиле Украина од почетокот на руската инвазија и се изложени на висок ризик од трговците со луѓе, соопшти УНИЦЕФ. Илјадници други деца се раселени во земјата, додаваат тие.


17:30 Зеленски: Ако не ја запрете Русија сега, други агресори ќе започнат други војни

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, на својот официјален фејсбук профил објави шокантни слики од земјата


17:05 Трагедија во Луганск: Во нападите загинаа мајка и две деца

Според украинските медиуми, по гранатирањето во градот Рубижне во областа Луганск, загинала мајка со две деца. Третото дете е извлечено од урнатините и е во стабилна состојба.

16:45 Лавров: Тешко е сериозно да се сфати Зеленски, едно зборува, а друго прави

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека политичките активности на украинскиот претседател Володимир Зеленски тешко е да се сфатат сериозно, бидејќи, како што вели, неговите зборови се разликуваат од неговите дела.

16:25 Путин постави шест услови за почеток на преговори за завршување на војната

Рускиот претседател Владимир Путин во разговор со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изнел неколку услови за постигнување договор со Украина за прекин на огнот, изјави портпаролот на Ердоган, Ибрахим Калин во интервју за турскиот весник Хуриет, пренесува Си-Ен-Ен.

15:32 Путин е сосема здрав и во форма, Западот зборува глупости, порача Лукашенко

„Тој и јас не само што се среќаваме како шефови на држави, туку сме и во пријателски односи“, изјави белорускиот претседател. „Апсолутно сум запознаен со сите детали, колку што е можно, државни и лични“, додаде тој.

15:10 Се води голема битка за фабриката за челик

Има спротивставени извештаи за статусот на еден од клучните индустриски погони во Украина – фабриката за челик Азов во Мариупол.

Доцна во петокот, советник на украинската влада рече дека фабриката е во руски раце. Но, утринава баталјонот Азов, кој се бори во Мариупол, соопшти дека фабриката останала во нивни раце.

„Непријателот не стигна толку далеку во градот. [Украинската] морнарица, заедно со баталјонот Азов, заедно со полицијата, продолжуваат да го бранат градот и неговите цивили“, изјави членот на баталјонот Владислав Соболевски за украинската телевизија.

„Денес фабриката ‘Азов Стил’ е под наша контрола“, посочи тој, додавајќи дека низ градот во тек се воздушни напади.

Големата фабрика за челик се наоѓа веднаш источно од центарот на градот.

14:30 (Видео) Русите објавија снимка од уништувањето на подземен бункер со суперсоничен проектил

Руската армија денеска објави дека за првпат употребила суперсонични ракети во Украина, среде глобалната трка за набавка на вакво оружје, кое рускиот претседател Владимир Путин го нарекува непобедливо.

14:10 ОН потврдија дека се убиени најмалку 816 украински цивили

Според Канцеларијата за човекови права на ОН, потврдено е дека вкупно 816 украински цивили се убиени, а 1.333 се повредени од почетокот на руската инвазија на 24 февруари.

Но, ова се бројки до кои дојде персоналот на ОН, преку различни проверки. Се стравува дека бројот на загинати е многу поголем. Украинските власти соопштија дека илјадници луѓе биле убиени во војната.

13:40 Полска повикува на целосна блокада на трговијата со Русија

Полскиот премиер, Матеуш Моравјецки, ја повика ЕУ да воведе целосна забрана за трговија со Русија.

Моравјецки вели дека треба да се направи трговска блокада по морски и копнен пат што е можно поскоро, пишува „Ројтерс“.

13:00 Лукашенко: Направив сè за да спречам војна, но Западот ја принуди Украина

Белорускиот претседател Александар Лукашенко денеска изјави дека западните земји ја турнале украинската влада во војна, додавајќи дека Минск бил подготвен да испрати граничари на границата меѓу украинскиот регион Донбас и Русија, но Украина ја отфрлила иницијативата.

12:50 Деветмина загинати во гранатирање на предградијата на Запорожје

Девет лица загинаа, а 17 се ранети во петокот во гранатирање на предградијата на Запорожје во јужна Украина, изјави заменик-градоначалникот Анатолиј Куртиjев.

„Оттогаш, војската прогласи 38-часовен полициски час во Запорожје, кој беше нападнат од руските сили со минофрлачи, тенкови, хеликоптери и ракетни системи“, објави Куртиjев на својата веб-страница.

„Не излегувајте во ова време!“, предупреди тој. Претходно месецов беше гранатирана нуклеарната централа во близина на Запорожје, потсети заменик-градоначалникот.

12:43 Мариупол: Жестоките борби го отежнуваат спасувањето на луѓето скриени во разрушениот театар

Градоначалникот на Мариупол, Вадим Бојченко, рече дека уличните борби во центарот на градот го отежнуваат спасувањето на стотици луѓе заробени во подрумот на театарот што властите велат дека руската војска го гранатирала во средата.

„Има тенкови, артилериски оган и пукање од секакво оружје. Нашите сили прават се што можат за да ги задржат позициите во градот, но непријателските сили за жал се побројни од нашите“, нагласи тој.

Во меѓувреме, украински пратеник ги опиша условите во опколениот град како „средновековни“.

12:00 Да се ​​прогласи Путин за лудак е банализирање на војната, велат психолози

Од почетокот на руската инвазија на Украина, многу медиуми и објави на социјалните мрежи го доведуваат во прашање психолошкиот профил и менталното здравје на рускиот претседател Владимир Путин како можни клучеви за разбирање на одлуките и потезите на официјална Москва.

11:00 Украина очекува отворање на 10 хуманитарни коридори

Хуманитарен коридор за евакуации во Луганската област ќе биде отворен денеска, најави регионалниот гувернер Серхиј Гаидај.

„Договорен е хуманитарен коридор, денеска ќе се обидеме да ги евакуираме луѓето и да донесеме храна“, рече тој.

Всушност, станува збор за еден од десетте хуманитарни коридори за евакуација на граѓаните, за кои Украина се надева дека ќе бидат отворени денеска.

Ова го најави вицепремиерката, Ирина Верешчук.

10:03 Русите тврдат дека користеле хиперсонично оружје

Русија соопшти дека користела хиперсонично оружје за да уништи подземно воено складиште во западна Украина. Хиперсоничните проектили се брзо оружје што може да избегне откривање oд системите за противракетна одбрана.

09:36 Украинците тврдат дека убиле уште еден руски генерал

„Како резултат на нападот на непријателот, загина командантот на 8-та армија на Јужниот воен округ на вооружените сили на Руската Федерација, генерал полковник Андреј Мордивчев“.

Оваа информација не е потврдена, а ја објави украинската армија на својот официјален профил на „Твитер“.

09:17 Британски разузнавачки извештај: Русите се изненадени, принудени се на нова стратегија

Во последното ажурирање на разузнавачките информации, Министерството за одбрана на Велика Британија вели дека Русија била принудена да го промени својот оперативен пристап и сега спроведува стратегија за исцрпување.

09:10 Најмалку 40 украински војници убиени во Миколајив

Најмалку 40 украински војници загинаа по руски воздушен напад врз касарна во Миколајив, јавуваат локалните медиуми, на кои се повикува агенцијата АФП.

Градоначалникот на Миколајив, Александар Сенкевиќ, во петокот на „Фејсбук“ објави дека неколку села во регионот се окупирани и дека градот е под силен оган, нарекувајќи го тежок ден.

09:07 Поранешен британски премиер: На Путин треба да му се суди како на нацистите во Нирнберг

Поранешниот британски премиер, Гордон Браун, изјави дека Владимир Путин треба да се соочи со меѓународен суд за неговите постапки во Украина.

09:00 Зеленски до Русите: Замислете 14.000 мртви тела на стадион во Москва

Украинскиот претседател Володимир Зеленски утринава одговори на појавувањето на рускиот лидер Владимир Путин на стадионот во Москва со испраќање на мрачна порака.

Toj воедно истакна дека е време да се седне и разговара.

„Сакам сите да ме слушнат сега, особено во Москва. Време е да се сретнеме, да разговараме, да ги вратиме територијалниот интегритет и правдата за Украина, или Русија ќе се соочи со такви загуби што следните неколку генерации нема да можат да го поправат тоа“, порача Зеленски на „Фејсбук“, а пренесува Си-ен-ен.

Според него, акциите на руската армија ја влошуваат ситуацијата, а искрените разговори без одлагање се единствениот начин да се запре натамошната штета.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа

16-годишно момче избодено во училиште во Германија

Објавено пред

16-годишно момче е тешко повредено кога утрово околу 8 часот било избодено од тинејџер (17) во училиште во Нојкирхен-Влуин.

dobivaj vesti na viber

На нападот наводно му претходела вербална расправија.

Постариот ученик наеднаш извадил нож и го ранил 16-годишникот во горниот дел од телото.

Момчето итно било пренесено во болница, а лекарите велат дека неговата состојба е стабилна.

По прободувањето напаѓачот побегнал од училиштето, но полицијата брзо го лоцирала и го уапсила.

Според инспекторот, немало опасност по безбедноста на другите деца во училиштето.

Прикажи повеќе...

Европа

Во Англија извикал „Алах Акбар“ и убил случаен минувач: „Го направив тоа за луѓето од Газа“

Објавено пред

45-годишниот Ахмед Алид вчера беше прогласен за виновен за убиство и обид за убиство. На 15 октомври минатата година, барател на азил од Мароко со нож го уби 70-годишниот Теренс Карни во центарот на англискиот град Хартлпул. Тој претходно го избодел со нож својот заспан цимер Џавед Нури додека викал „Алах Акбар“.

dobivaj vesti na viber

Алид и рекол на полицијата дека сето тоа го направил „за луѓето од Газа“. Само осум дена пред да убие случаен минувач и да го рани својот цимер, милитантите на Хамас го нападнаа Израел. Алид се заколнал дека ќе убиел повеќе луѓе доколку имал митралез и друго оружје, изјави обвинителот Џонатан Сендифорд во Судот во Тесајд.

Алид делел куќа со други баратели на азил во североисточна Англија. Тој бил вознемирен што Нури го прифатил христијанството. Цимерите рекле дека Алид почнал да носи нож откако на телевизија видел прилог за настаните во Газа.

Прикажи повеќе...

Европа

Крим главна цел: Пентагон откри за што Украина ќе ги користи моќните ракети АТАКМС

Објавено пред

Министерството за одбрана на САД ја појасни целта за испорака на ракети со долг дострел во Украина, кои неодамна беа испорачани во тајност. Како што објави „Њујорк тајмс“, целта на испораката на американските ракети АТАКМС е да се зголеми притисокот врз Крим, кој беше анектиран од Русија по референдумот во 2014 година.

dobivaj vesti na viber

Крим го претставува центарот во кој се лоцирани голем број руски воздушни и копнени сили и кој досега, како што пишува американскиот дневен весник, „за нив бил релативно безбедно засолниште“. Ова го тврди анонимен американски функционер. Сепак, Пентагон одби да каже колку точно од овие проектили со дострел од 300 километри се испорачани на украинската страна.

Советникот за национална безбедност на Белата куќа, Џејк Саливан, претходно ја потврди испораката на овие ракети без да прецизира дали тие се модифицирани и имаат зголемен дострел.

Украинските сили веќе употребија АТАКМС, што претседателот Володимир Зеленски го потврди на 17 април, објавувајќи дека бил извршен напад врз воздухопловната база Џанкој, која се наоѓа на 165 километри од линијата на фронтот. Министерството за одбрана на Руската Федерација не ги коментираше овие наводи.

Американскиот дневен весник потсетува дека Украина првпат добила ракети АТАКМС во септември минатата година, но дека станува збор за верзија со половина дострел. Се шпекулираше дека Украина можеби користела американски ракети за да го урне кримскиот мост, што на почетокот на месецов го потврди и самиот претседател Зеленски, велејќи дека неговата влада „навистина сака да го уништи мостот на Крим“.

Тој е симбол на руската окупација и преку овој мост Русија испорачува воена опрема и ги снабдува војниците во Украина. Во неколку наврати досега мостот беше цел на украински напади.

– Мислам дека е вистинското време, а шефот (Бајден) донесе одлука дека е вистинско време да и го обезбеди на Украина оружјето неопходно за тековната борба. Тоа е добро осмислена и многу конструктивна одлука – изјави адмирал Кристофер Грејди, заменик командант на Здружениот генералштаб на американската армија.

Руската страна го осуди потегот на САД, а рускиот амбасадор во Вашингтон Анатолиј Антонов рече дека тоа „ја зголемува заканата за безбедноста на Крим, вклучително и Севастопол и другите руски градови“.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет14 часа

Кинескиот претседател со предупредување до Блинкен: „Вашингтон едно кажува друго прави“

„Вашингтон мора да престане „да кажува едно, а да прави друго“, како и да престане да го третира Пекинг како...

Македонија16 часа

„Не е законски да не е осигурана Клиниката, за тоа треба да преземе одговорност менаџментот“, кажа Демири

Министерот за здравство Илир Демири кажа дека штетата на Токсикологија е покриена, откако имаше хаварија со цевката за парно. „Клиничкиот...

Македонија17 часа

„Не е точно дека со ДУИ подготвуваме сценарио за бојкот на вториот круг на претседателските избори“, кажа Ковачевски

Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски кажа дека не е точно дека подготвуваат со ДУИ сценарио за бојкот на вториот круг...

Топ20 часа

Во тешка сообраќајна несреќа загина 20-годишник од Прилепско

Вчера во 12.16 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека на регионалниот пат Македонски Брод–Прилеп, кај село Новоселани, се случила...

Македонија20 часа

Маскиран со „фантомка“ влегол во казино во Лешок, репетирал автоматската пушка и украл 329.780 денари: притвор за 28-годишник

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 28-годишен жител на Непроштено, осомничен за...

Свет22 часа

Јенс Столтенберг: Украина се уште може да ја добие војната против Русија

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изјави дека Украина се уште може да победи во војната против Русија, но дека...

Свет22 часа

Израел е подготвен да прифати ослободување на помалку од 40 заложници, пишуваат медиуми

Израел е подготвен да го ублажи барањето од Хамас и да ослободи 40 заложници во замена за привремен прекин на...

Македонија22 часа

ВМРО-ДПМНЕ: Над 180.000 гласови предност се обврска за ВМРО-ДПМНЕ Македонија повторно да ја врати на народот

180.000 гласа разлика во корист на Силјановска Давкова и ВМРО-ДПМНЕ пред Пендаровски и СДС е порака дека народот сака промени...

Свет23 часа

Америка и испраќа на Украина скап пакет оружје, откриeно што може да има во него

Веќе во петок, САД би можеле да објават нов пакет оружје за помош на Украина во вредност од шест милијарди...

Регион23 часа

Лекари во Загреб вградиле мозочен стимулатор на маж со Паркинсонова болест : „Може да вози велосипед, да плива“

Уште еден голем успех на хрватските лекари. Тим хирурзи во болницата Дубрава прв во овој дел од Европа вгради мозочен...

Свет23 часа

Русите уапсија двајца нивни војници за грозоморни злосторства

Двајца руски војници се приведени под сомнение дека убиле пет лица во окупираниот дел од областа Херсон. Александар Осипов и...

Македонија1 ден

Ковачевски: Ќе продолжиме да се бориме за секој граѓанин и за европската иднина на Македонија

„Вчера граѓаните нѝ пратија силна порака и ние таа порака ја слушнавме. Но, се лажат сите кои мислат дека ќе...

Македонија1 ден

Јакимовски до Муцунски: Прв излегов и го признав поразот, а тие во алкохолизирана состојба едвај го прочитаа тоа што го напишале

„Колегата Тимчо Муцунски се подбивал со мојот резултат на овие претседателски избори, притоа обидувајќи се малку да биде вицкаст. Иако...

Македонија1 ден

Мицкоски до СДСМ и Ковачевски: Нека не ве чуди што ве снајде вчера

Мириса на промени, бранот започна и нема запирање. Она што го говорев кога дојдов тука пред некоја недела, стана вистина....

Македонија2 дена

Позитивна оценка за првиот круг од претседателските избори, забелешки за острата и негативна реторика од страна на ОБСЕ/ОДИХР

Првиот круг од претседателските избори беше конкурентен и гласачите можеа да направат информиран избор. Меѓународната набљудувачка мисија на ОБСЕ/ОДИХР во...

Македонија2 дена

Во прв круг за претседател е избран само Киро Глигоров со освоени 715.087 гласа, Силјановска-Давкова и Пендаровски вторпат одат во втор круг

По вчерашниот прв круг од седмите претседателски избори, Киро Глигоров остана единствениот претседател избран во прв круг од осамостојувањето до...

Топ2 дена

Маж од Радовиш со месеци сексуално вознемирувал малолетно девојче

Радовишанец со месеци силувал малолетничка Вчера, во Полициската станица Радовиш било пријавено дека 45-годишен жител на Радовиш во периодот од...

Македонија2 дена

Таткото на Вања ќе оди во куќен притвор, Врховниот суд му ја уважи жалбата

Врховниот суд ја уважи жалбата на таткото на убиената Вања Ѓорчевска. Со тоа укинат му е притворот и определени се...

Македонија2 дена

Ангелов за ДУИ: Со пушка дојдоа на власт, со пенкало да ги отераме на буништето на историјата

Колку и да е убедлива, победата нема да биде комплетна доколку ДУИ не биде срушена од власт, вели претседателот на...

Македонија2 дена

Стевчо собра повеќе потписи од гласови – поразот на Јакимовски главна тема на социјалните мрежи

Кандидатот за претседател на ГРОМ и актуелен градоначалник на скопската општина Карпош, Стевчо Јакимовски, на вчерашниот прв круг од претседателските...