Свет
Плотников: Нема конфликт меѓу Украина и Русија, тоа е војна на колективниот Запад против Русија
Нема конфликт меѓу Украина и Русија. Се одвива војна на колективниот Запад против Русија. Украина и Украинците се само инструмент во рацете на САД, нивните сојузници во НАТО и сојузниците од Азиско-пацифичкиот Регион.
Се очекуваше нова експлозија на насилство, особено по формирањето на новата израелска влада на Бенјамин Нетанјаху. Во новиот министерски кабинет беа вклучени и такви скандалозни радикални политичари, како Итамар Бен-Гвир и Безалел Смотрич, вели Николај Плотников, раководител на Научноаналитичкиот информативен центар на Институтот за ориентални студии на Руската академија на науките во интервју за „Политика“ коментирајќи ги последните настани во Газа по нападот на Хамас врз Израел и објавите за војна од страна на официјален Тел Авив.
„Израелците почнаа да спроведуваат агресивна политика за населување на Западниот Брег на реката Јордан. Благодарение на нивните напори, огромната територија на Палестина беше исчистена од Арапите. Палестинците почнаа да возвраќаат. Всушност, на овие територии од пролетта оваа година трае третата интифада.
Не знам по што се водеа раководството на Хамас и Исламскиот џихад во моментот. Според сите пресметки, според Хегеловата дијалектика, функционирал законот за премин на квантитетот во квалитет. Палестинците имаат исто право на живот како и другите народи“, вели тој.
„Да, Израел е против спроведувањето на одлуката на ОН за создавање две држави од првиот ден. Тој се согласува со зборови, но во реалноста не прави ништо.
Единствениот начин е да се спроведе одлуката на ОН за создавање две држави за два народа. Друго нема. Мора да се формира независна држава Палестина. Ако Израел не се согласи со ова, тогаш насилството ќе продолжи. Палестинците нема да ја прифатат политиката на Израел за освојување на нивните земји“, нагласува аналитичарот.
Додава дека треба да се претпостави дека преговарачкиот процес ќе биде прекинат. Според него, малку е веројатно дека Саудиска Арабија ќе ги предаде интересите на Палестинците.
„Сега ја гледаме консолидацијата на арапскиот свет. И нивното мислење за овој проблем не смее да се игнорира“, нагласува Плотников.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Маск подготвен да биде домаќин на изборната дебата на претседателските кандидати во САД
Американскиот претприемач и милијардер Илон Маск денеска објави подготвеност да биде домаќин на изборната дебата на кандидатите за претседател на САД, која се очекува да се одржи меѓу сегашниот и поранешниот американски претседател Џозеф Бајден и Доналд Трамп, со учество на независниот кандидат Роберт Кенеди Џуниор.
„Се разбира“, напиша Маск на својот профил на социјалната мрежа X, одговарајќи на прашањето на Кенеди дали тој ќе биде домаќин на дебатата.
Маск рече и дека смета оти во предизборните дебати треба да учествува независниот претседателски кандидат на изборите во САД, Роберт Кенеди Џуниор.
Свет
Руски беспилотни летала гаѓаа украинска енергетска инфраструктура, делови од земјата без електрична енергија
Руски беспилотни летала погодија електрани рано утринава, прекинувајќи ја струјата во некои делови од областа Суми во северна Украина, соопштија властите.
Во објава на комуникациската платформа Телеграм, регионалните власти соопштија дека беспилотните летала ги погодиле градовите Шостка и Конотоп, североисточно од Киев и во близина на границата со Русија. Воздухопловните сили на Украина соборија седум беспилотни летала користени во нападот, соопштија регионалните власти.
Украинската војска соопшти дека соборила 24 беспилотни летала лансирани од Русија во напад во текот на ноќта врз пет други региони на југот и на истокот на земјата.
Службите за итни случаи работат на враќање на струјата во три окрузи.
Пред нешто повеќе од една недела, руските сили ја преминаа границата и почнаа да навлегуваат во североисточниот регион Харков, а властите предупредија на трупање војници и можен напад врз соседниот регион Суми.
Европа
Норвешка ја призна палестинската држава
Владата на Норвешка денеска соопшти дека нордиската земја признава независна палестинска држава.
Норвешкиот премиер Јонас Гар Стор денеска изјави дека скандинавската земја донела одлука официјално да ја признае Палестина како држава.
Одлуката стапува на сила на 28 мај, објави АП.
„Не може да има мир на Блискиот Исток доколку не дојде до признавање“, рече норвешкиот премиер, додавајќи дека „Палестина има основно право на независна држава“.
Неколку земји од Европската унија во последните недели дадоа индикации дека планираат да ја признаат Палестина, бидејќи сметаат дека решението со две држави е клучно за траен мир во тој регион.
Норвешка, која не е членка на Европската унија, но најмногу ги следи одлуките на Брисел, долго време го поддржува решението со две држави, Израел и Палестина.