Свет
Пожар во нуклеарната централа „Запорожје“
Руските сили ја зазедоа нуклеарната централа „Запорожје“, во која претходно избувна пожар, соопштија украинските власти.
„Персоналот на електраната ја следи состојбата во блоковите“, изјавија локалните власти за медиумите, пренесува „Ројтерс“.
Зеленски ги обвини Русите дека сакаат да направат катастрофа како во Чернобил.
Меѓународната агенција за атомска енергија соопшти дека Украинците им рекле дека пожарот во електраната во Запорожје не влијаел на основната опрема и дека персоналот на централата ги презема сите мерки за да се ублажи штетата.
Пожарот настанал во делот каде што се обучуваат вработените.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
ОН: Израелскиот копнен напад врз Рафах може да доведе до масакр
Израелскиот копнеен напад врз Рафах ќе ги доведе во опасност животите на стотици илјади жители на Газа и ќе им нанесе огромен удар на хуманитарните напори низ палестинската енклава, соопшти Канцеларијата на ОН за координација на хуманитарни прашања (OCHA).
Израел се заканува дека ќе изврши копнен напад врз Хамас во Рафах, каде што се засолниле речиси милион луѓе.
„Тоа би можело да биде масакр на цивили и неверојатен удар за хуманитарните операции во целиот појас, бидејќи тие се управуваат претежно од Рафах“, рече портпаролот на OCHA, Јенс Лаерке на брифингот во Женева.
Хуманитарните активности од Рафах вклучуваат медицински клиники и пунктови за дистрибуција на храна и центри за неухранети деца, рече тој.
Претставник на Светската здравствена организација (СЗО) на истиот брифинг изјави дека е подготвен план за копнен напад, кој вклучува нова полска болница, но предупреди дека тоа нема да биде доволно за да се спречат големиот број на жртви.
„Тоа апсолутно нема да спречи значителни дополнителни смртни случаи“, рече Рик Пиперкорн, претставник на СЗО за палестинските територии.
Тој додаде дека е „многу загрижен“ што нападот ќе го затвори граничниот премин Рафах меѓу Појасот Газа и Египет, кој се користи за увоз на лекови и медицинска опрема.
Свет
(Видео) Камион без возач прегази најмалку 29 ученици на фестивал во Киргистан
Камион без возач прегази 29 ученици на фестивал во Киргистан.
Камионот што го користел продавач на сладолед ненадејно тргнал по удолницата и прегазил голем број ученици, од кои многумина биле свртени со грб.
Многумина успеале да побегнат, но 29 лица биле прегазени.
Осумнаесет деца на возраст од девет до 16 години се хоспитализирани, додека кај седум има опасност по живот.
Инцидентот го снимила камерата на дронот која го снимила моментот кога децата го држат големото знаме на Киргистан.
На видеото се гледа како камионот ненадејно се движи по удолницата и минува низ групи деца.
Полицијата покренала истрага, а според една од пријавите, возачот заборавил да ја повлече рачната сопирачка.
Европа
„Неприфатливо, нема да помине без последици“: Бербок ја обвини Русија за сајбер напад врз Германија, руски дипломати повикани на разговор
Германското Министерство за надворешни работи ги покани претставниците на руската амбасада на состанок во врска со наводниот руски сајбер напад врз Социјалдемократската партија на Германија (СПД) минатата година.
„Руски државни хакери ја нападнаа Германија во сајбер просторот“, соопшти министерката за надворешни работи Аналена Бербок при посетата на Австралија.
СПД во јуни 2023 година објави дека е-поштата на извршниот директор на СПД претходно биле цел на сајбер напад во јануари, пренесува „Велт“. Портпаролката на СПД истакна дека постои можност да имало одлив на податоци за време на рускиот напад.
„Денес јасно можеме да го припишеме овој минатогодишен напад на групата „АПТ28“, која е контролирана од руската тајна служба „ГРУ“. Ова е целосно неприфатливо и нема да помине без последици“, изјави Бербок.
Според податоците на германската канцеларија за заштита на уставот, групата „APT28“ е активна ширум светот, пред се во областа на сајбер шпионажата, најмалку од 2004 година. Во минатото, според Канцеларијата, оваа група водела дезинформации и пропагандни кампањи во сајбер просторот и е „меѓу најактивните и најопасните сајбер актери во светот“.
Германската федерална канцеларија за заштита на уставот исто така смета дека „АПТ28“ е дел од руската воена разузнавачка служба „ГРУ“, пишува „Велт“. Се вели дека групата е обвинета за голем сајбер напад врз Бундестагот во 2015 година, а подоцна и во САД за напад врз Демократската партија пред претседателските избори во 2017 година.
Според информациите на германската новинска агенција, истрагата на федералната влада ги вклучила сите германски тајни служби, вклучително и Канцеларијата за заштита на Уставот, Федералната разузнавачка служба и Воената контраразузнавачка служба. „Велт“ наведува дека нападот врз СПД бил дел од кампањата „АПТ28“ во неколку европски земји, која е насочена против владините служби и компаниите кои се занимаваат со снабдување со енергија, ИТ, вооружување или авијација.