Контакт

Daily news

САД: Демократите со тактика на бескрајни дискусии а републиканците со „нуклеарна опција“ во Сенатот, поради судијата Горсач

Објавено пред

Демократската опозиција во американскиот Сенат во четвртокот со тактиката на бескрајните расправи, ткн „филибастер“, го попречија републиканското мнозинство да го потврди конзервативецот Нил Горсач за судија на Врховниот суд, па републиканците покажаа подготвеност да посегнат по промената на процедурата позната како „нуклеарна опција“ за ден подоцна изборот на Горсач да може да биде потврден.

dobivaj vesti na viber

Таканаречената тактика „филибастер“ (опструкција, односно право на неограничена расправа по некое прашање) се состои од непрестајно говорење на сенатската говорница со што пратеникот спречува некој закон да биде ставен на гласање. Со тоа првпат во историјата на САД е блокиран изборот на функционер во највисоката судска инстанца, забележува агенцијата AFP.

Меѓутоа, со 55 наспроти 45 гласови, републиканците не успеаја да соберат ткн „супермнозинство“ од 60 гласови со коишто може да ја спречат тактиката на филибастер на пратениците од Демократската партија и да го потврдат судијата, па се одлучија на гласање на забрана на филибастер тактиката против кандидат на Врховниот суд, за што им е потребно просто мнозинство. Потоа во петок можат со просто мнозинство, за коешто имаат доволно гласови, да го потврдат изборот на Нил Гросач за судија во Сенатот.

Поради тоа, челникот на републиканското мнозинство Мич Мекконел се одлучи за сложената постапка на гласање со кој бојот на потребните гласови од 60 се намалува на 51. Таквата постапка се нарекува „нуклеарна опција“, бидејќи се смета за краен потег со кој се кршат традициите на Сенатот, пренесува агенцијата Reuters.

Самиот претседател Доналд Трамп го охрабри Мекконел да ја примени „нуклеарната опција“. „Тие се против овој кандидат, бидејќи се всушност против човекот кој го именуваше и против партијата којашто ја претставува“, изјави Мекконел.

Републиканците кои имаат мнозинство во Сенатот од 52 наспроти 48 пратеници најавија во четвртокот дека Горсач ќе биде потврден во петокот „на кој и да е начин“. Демократите се противат на именувањето на Горсач во Врховниот суд, што е доживотна должност.

„Тој ќе биде еден од најконзервативните судии во историјата на Врховниот суд. Кога кандидатот нема да добие доволно гласови, тогаш одговорот не лежи во промената на правилата, туку во промена на кандидатот. Прописот за 60 гласови претставува чувар на нашата демократија… и чувар против правосудниот екстремизам“, предупреди Чак Шумер, водач на демократите во Сенатот.

Против кратењето на дискусиите за именувањето на Горсач гласале 44 од 48-те демократски сенатори, што е повеќе од 41 глас потребен за блокирање на процедурата.

Американските медиуми забележуваат дека иако демократите се против промената на правилата и ги обвинуваат републиканците за присвојување на власта, всушност токму демократите првите посегнале по ткн „нуклеарна опција“ кога во 2013 година го контролираа Сенатот. Тогаш го забранија „филибастерот“ за кандидатите за извршната власт и сојузните судии освен за врховните, но дозволија за Врховниот суд и законодавството. Промената на правилата кои ги предлагаат републиканците задржуваат можност за „филибастери“ за законодавството.

Американскиот претседател Доналд Трамп на почетокот од февруари го именуваше конзервативецот Нил Горсач за деветти судија во Врховниот суд. Горсач (49) досега беше федерален судија во американската сојузна држава Колорадо, чијашто биографија и академски референци вклучуваат и диплома од Универзитетот Колумбија и Правна школа на Универзитетот Харвард.

Неговото именување треба да го потврди Сенатот, а таа потврда наидува на тешкотии како во случајот со кандидатот Мерик Гарланд на досегашниот демократски претседател Барка Обама, чија номинација беше отфрлена од републиканското мнозинство, кое образложи дека тогаш не е добар моментот, бидејќи се очекуваа претседателските избори.

Со изборот на Горсач би можело да се обнови конзервативното мнозинство во највисокиот суд на САД, кој со своите одлуки пресудува во спорни прашања како на пример абортусот, контрола на вооружувањето, смртната казна и верските права. Местото судија во Врховниот суд е празно од февруари 2016 година кога почина Антонин Скали, кој важеше за контроверзен судија. Скали имаше пофални зборови за Горсач, кого го нарекуваше „лав на законот“. Како и Скали, и Горсач е познат по остриот стил на пишување. Врховниот суд на САД има девет судии./крај/мф/сн

Daily news

Бислимовски – Лорковски: Реформите во енергетиката мора да продолжат

Објавено пред

Претседателот Марко Бислимовски, заедно со членовите и раководителите на секторите на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) остварија средба со Артур Лорковски, директорот на Енергетската заедница.

dobivaj vesti na viber

Реформите во енергетиката мора да продолжат, континуитетот е клучен – фокусот да се задржи на активностите поврзани со интегрирање на пазарите за електрична енергија, нивна транспарентност и интегритет, како и неопходните реформи на пазарот со природен гас, што ќе обезбедат фер пристап за сите учесници, согласно новите европски мрежни правила – се сложија соговорниците.

Претседателот Бислимоски му се заблагодари на директорот Лорковски за позитивниот наратив за работата на РКЕ при презентацијата на Извештајот за имплементација на законодавството на Енергетската Заедница за 2024 година за државава во Собранието.

„Во очекување на новиот Закон за енергетика, РКЕ во соработка со Министерството за енергетика континуирано работи на подготовка за имплементација на новиот енергетски пакет. Интегрираниот пристап помеѓу сите чинители досега покажа дека е клучен за квалитетна и успешна регулатива, која ќе биде основа за развој на енергетските пазари . Капацитетите со кои располагаме, професионалниот тим кој се гради со години наназад и овој пат може да одговори на сите предизвици кои претстојат. “ изјава Марко Бислимоски, претседател на РКЕ

Лорковски посочи дека Енергетска Заедница ќе остане партнер во понатамошните процеси и дека стојат на располагање за поддршка во делот на креирање на подзаконските акти, откако ќе се донесе новиот закон за енергетика. Процесот на транспонирање на ЕУ правилата е клучно за да осигура работата на РКЕ за стратешките прашања поврзани со обезбедување на сигурна, стабилна и континуирана испорака на енергија.

Прикажи повеќе...

Daily news

Измамници се претставувале како Бред Пит и навеле обожавателки да веруваат дека почнале романтична врска со него

Објавено пред

Во Шпанија уапсени се пет лица кои изнудиле 325.000 евра од две жени претставувајќи се како познатиот американски актер Бред Пит, соопшти денеска МВР на таа земја на својата официјална веб-страница.

dobivaj vesti na viber

Во текот на истрагата се покажа дека криминалците контактирале со своите жртви преку веб-страница за обожаватели на американскиот актер, ја добиле нивната доверба и ги навеле да веруваат дека почнале романтична врска со Бред Пит.

Потоа со лажно претставување ги натерале жртвите да инвестираат во комерцијални проекти.

Прикажи повеќе...

Daily news

Спаси жена што сакаше да скокне од мост, а со години бесплатно ги хранеше бездомниците: Џон Бон Џови ја враќа вербата во човештвото

Објавено пред

Познатиот рокер Џон Бон Џови пред десетина дена беше тема на сите светски медиуми кога убеди непозната жена да не скокне од мост. Овој потег не е единствениот што ја докажува неговата емпатија и хуманост кон луѓето што не ги познава.

dobivaj vesti na viber

Џон Бон Џови, американскиот музичар и фронтмен на познатиот бенд „Бон Џови“, на пешачкиот мост го снимал спотот за песната The People’s House кога од другата страна на оградата забележал жена.

На снимките од надзорните камери што ги сподели локалната полиција може да се види како Џон со член на својата екипа ѝ приоѓа на потресена жена. Потоа се потпрел на оградата и почнал да разговара со неа повикувајќи ја да се врати на безбедно по што ѝ помогнал да се прекачи преку оградата.

Бон Џови потоа ја прегрна и тие стоеја така околу една минута пред заедно да одат по мостот.

Полицискиот оддел Метрополитен во Нешвил го сподели видеото на нивниот канал на „Јутјуб“ и рече дека пејачот ѝ помогнал на очајна жена.

Секоја чест за Џон Бон Џови и неговиот тим што ѝ помогнаа на една жена на пешачкиот мост „Сејгенталер“ во вторникот вечерта.

„Бон Џови успеа да ја убеди да се симне од платформата на мостот на реката Камберленд на безбедно“, објави полицијата на платформата X.

Обожавателите на рокерот не беа изненадени од неговиот потег. Имено, тој во 2011 година основал непрофитна организација, односно синџир ресторани, каде што немало ценовници, а плаќањето на сметката било опционално.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија31 минута

Блокадите на границите не се решение, загубите ќе бидат големи, смета Стопанската комора

Проблемот со примената на правилото од 90/180 дена за професионалните возачи во товарниот патен транспорт (евиденцијата на влез и излез...

Македонија53 минути

Прекин на товарниот сообраќај на граничните премини, МВР ќе обезбеди непречен сообраќај за патничките возила и автобусите

Министерството за внатрешни работи – Оддел за гранични работи и миграција информира дека до МВР е доставена најава за одржување...

Македонија1 час

150 минимални плати чинат часовниците на Мицкоски, велат од СДСМ

„Премиерот Христијан Мицкоски се најде на врвот на листата на политичари од земји членки на НАТО со најскапи часовници“, велат...

Топ2 часа

Пијана со нож го прободела сопругот, а потоа го гребела по вратот и телото: жена од Хрватска осомничена за семејно насилство во Кавадарци

Основното јавно обвинителство Кавадарци поведе постапка против 30-годишна државјанка на Хрватска со привремен престој во Кавадарци, која е осомничена дека...

Македонија2 часа

Ново судење за пожарот во „Пулс“

Судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во кој загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени, треба да...

Европа2 часа

Зеленски: Кучето на Лукашенко има повеќе права од белорускиот народ

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Белорусија е сè уште принудена да постои како територија управувана од Русија, додавајќи дека...

Свет3 часа

(Видео) Градоначалникот на Њујорк снимен со лопата во рака

Њујорк, Њу Џерси и Конектикат прогласија вонредна состојба поради голема зимска бура што донесе обилни снежни врнежи во целиот регион....

Свет4 часа

(Фото) Зимска бура во САД: Најмалку седум мртви, стотици илјади без струја

Опасната зимска бура што ги зафати Соединетите Американски Држави усмрти најмалку седум лица и остави стотици илјади домови без електрична...

Свет15 часа

Ризик по животот: Човекот кој се искачи на Тајпеј 101 без заштита земал половина милион евра

Американскиот алпинист Алекс Хонолд изјави дека му е платен „смешно мал“ надомест за да се искачи на облакодер од 488...

Топ16 часа

Се претставил како инспектор, изнудил пари од жена за наводна сообраќајка, па бил фатен на граница

СВР Битола, во координација со Одделот за криминалистичка полиција при Бирото за јавна безбедност, поднесе кривична пријава до Основното јавно...

Топ17 часа

Пешак се бори за живот на Ургентен во Скопје , малолетник го удрил со автомобил

Малолетник со возило удрил во автомобил и пешак, кој се бори за живот во Ургентен цнетар во Скопје, информираа денеска...

Свет19 часа

Киев е без греење на минусни температури, Зеленски бара поддршка за воздушна одбрана додека

Украинскиот претседател Володимир Зеленски побара од сојузниците поголема поддршка за воздушна одбрана, бидејќи стотици згради во Киев се без греење...

Македонија23 часа

Безбеден град ќе казнува по 500 евра и една година без возачка за брзо возење

Министерството за внатрешни работи денеска во рамки на проектот „Безбеден град“ ќе спроведува активности за тестирање, калибрација и верификација на...

Македонија1 ден

Да беше жив Тоше Проески денес ќе полнеше 45 години

На денешен ден, 25 јануари 1981 година, е роден Тоше Проески, македонски пејач чиј музички опус и хуман ангажман го направија...

Македонија1 ден

АХВ за една година спровела над 125 илјади контроли и наплатила 618 илјади евра

Над 125 илјади инспекциски контроли од областа на безбедноста на храната и храната за животни, здравствената заштита и благосостојбата на...

Македонија1 ден

Денес може да се дарува крв во чест на хуманоста на Тоше Проески

Во рамките на традиционалните крводарителски акции на Црвениот крст на град Скопје и оваа година ќе се реализира крводарителска акција...

Македонија2 дена

Адвокатката на газда Деко од „Пулс“ бара надлежните да реагираат откако родителите на загинатите деца ја ставија на транспарент

Адвокатката Ивана Коцевска, која е бранител на прво и на третообвинетиот во процесот „Пулс“ денеска излезе со реакција, поради употреба...

Македонија2 дена

Семејствата на загинатите во „Пулс“ со порака: Правдата што доцни не е правда

„Правдата што доцни не е правда“ – ова беше пораката што денеска повторно одекна во Кочани, од блиските на загинатите...

Свет2 дена

Зеленски: Трилатералните разговори беа конструктивни

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека трилатералните разговори меѓу делегациите на Украина, Русија и САД во Абу Даби биле...

Топ2 дена

86-годишна жена од Виница измамена за 30.000 евра, лажен лекар ја довел во заблуда дека ќерката е повредена

Осумдесет и шестгодишна жена од Виница пријавила дека била жртва на телефонска измама во која останала без 30.000 евра, откако...