Свет
Трамп ѝ вети на CIA целосна поддршка, откако ѝ го чувал грбот
Американскиот претседател Доналд Трамп во саботата, се чини, ги надминал несогласувањата во Централната разузнавачка агенција (CIA), откривајќи им на нејзините припадници дека им го чувал грбот откако ја критикуваше разузнавачката агенција поради истрагата за наводното руско хакирање.
Во својата прва службена посета на CIA во својство на претседател, Доналд Трамп сакал да остави недвосмислен впечаток дека ја поддржува нејзината работа, иако неодамна остро ги критикуваше разузнавачки служби во САД опишувајќи ги нивните активностите и протекувањата на информациите за наводното собирање на компромитирачки материјали за него од руското разузнавање како однесувањето на нацистичка Германија.
„Многу малку луѓе би можеле да ја работат работата којашто вие ја вршите, и сакам да знаете стојам зад вас“, изјавил Трамп во седиштето на агенцијата во Ленгли, што било проследено со аплаузи и извици на одобрување.
Некои од аналитичарите пред неговиот говор тврдеа дека на Трамп ќе му биде потребна повеќе од една посета да ги поправи односите со разузнавачката заедница која остро ја напаѓаше пред својата инаугурација.
Трамп жестоко ги критикуваше извештаите на разузнавачките челници именувани од неговиот претходни Барак Обама, дека наводно рускиот претседател Владимир Путин наредил хакирање на Демократската партија за да му помогне да влезе во Белата куќа. Следеа недокажаните тврдења и дека Москва поседува компромитирачки информации за Трамп, по што уште еднаш ги обвини американските разузнавачки агенции за користење нацистички методи.
Во текот на својот говор во CIA,Трамп не ја споменал Русија, и истакнал дека кавгата со разузнавачката заедница ја создале медиумите, а новинарите ги нарекол „најнеискрените човечки битија на Земјата“, пренесува Reuters.
Заклучил дека борбата против џихадистичката Исламска држава треба да биде приоритет на оваа агенција, како и дека „радикалниот исламски тероризам“ дека треба да биде збришен./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Белгија издвојува девет милиони евра за украинската енергетска инфраструктура
Белгија ќе додели дополнителна помош од девет милиони евра за да придонесе за поправка на оштетената енергетска инфраструктура во Украина, најави белгиската министерка за развојна соработка, Каролин Генез.
„Преку ОН, Белгија ќе придонесе за поправка на енергетската инфраструктура околу градот Харков, кој сега секојдневно трпи бомбардирање од руската армија. Со воена поддршка, овие средства ќе помогнат да се изгради отпорноста на Украина“, рече министерот, пренесува RTBF.
Според неа, Белгија ќе одвои средства за поддршка на проекти во рамките на Програмата за развој на Обединетите нации, која е специјализирана за економски развој.
Свет
Генералното собрание на ОН го повика Советот за безбедност да ја прими Палестина за членка
Генералното собрание на Обединетите нации ги зајакна правата на Палестина во рамките на организацијата и повика таа да биде прифатена како членка, пренесува Би-Би-Си.
Палестина има статус на земја-набљудувач не-членка од 2012 година, што дозволува некои права помалку од полноправна членка.
За членството може да одлучува само Советот за безбедност на ОН.
САД неодамна ставија вето на кандидатурата за полноправно членство, но гласањето денска може да се смета како гест на поддршка за Палестинците.
Палестинскиот претседател Махмуд Абас ја поздрави резолуцијата, велејќи дека таа ги поддржува палестинските напори за уште едно гласање за ова прашање од страна на Советот за безбедност.
Свет
Шпанија, Ирска и Словенија ќе ја признаат Палестина на 21 мај
Шпанија, Ирска и Словенија планираат симболично да ја признаат Палестинската држава на 21 мај, изјави шефот за надворешна политика на ЕУ, Жозеп Борел.
Тој го потврди датумот во интервју за шпанското јавно радио, откако ирскиот јавен радиодифузен сервис РТЕ објави дека тоа е моментот кога сите три земји планирале да дејствуваат.
Словенечката влада вчера соопшти дека донела декрет за признавање на палестинска држава, што ќе биде внесен во нејзиниот парламент до средината на јуни.
Потоа, најверојатно ќе има повеќе нации што ќе го следат примерот бидејќи и Белгија одлучи да го стори тоа, додаде Борел.