Свет
Туристички брод потона во езеро во Колумбија
При потонувањето на туристички брод во езерото во колумбискиот град Гуатапе досега животот го загубија осум лица, јавува Агенцијата Анадолија.Од вооружените сили на Колумбија соопштија дека е пронајдено уште едно тело. Директорот на Цивилната заштита во Колумбија (УНГРД), Карлос Иван Маркез, соопшти дека сѐ уште трае акцијата за спасување на жртвите, во којашто се вклучени и нуркачи.
Според Маркез, последното пронајдено тело е на 63-годишна жена и е испратено на обдукција.
Туристичкиот брод потона на 25 јуни, во езерото кое се наоѓа на 80 километри од Меделин.
Од УНГРД претходно потврдија дека на бродот во времето кога потона се наоѓале вкупно 167 лица, а повеќето од нив беа спасени со брза реакција на малите чамци, кои пристигнаа на помош веднаш откако бродот почна да тоне.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Папата го предупредува Трамп додека тој го крши молчењето за „спиралата на насилство“
Папата го повика Доналд Трамп да ја запре „спиралата на насилство“ на Блискиот Исток „пред да стане непоправлива бездна!“
Папата Лав XIV му испрати силна порака на американскиот претседател додека зборуваше во Ватикан во неделата.
„Со длабока загриженост го следам она што се случува на Блискиот Исток и во Иран во текот на ова бурно време“, истакна Папата во својот говор.
Свет
Едно лице загина, а 32 се повредени во Кувајт
Министерството за здравство на Кувајт соопшти дека едно лице е убиено, а 32 се ранети „поради актуелните случувања во регионот“.
Повредените се лекуваат во болницата Ал-Адан, соопшти Министерството.
Свет
Масовно пукање во Америка, најмалку тројца мртви
Најмалку три лица се убиени, а 14 повредени во масовно пукање што се случи денеска во бар во Остин, Тексас, соопшти полицијата. Сите 14 повредени се однесени во болница, а тројца се во критична состојба.
Полицијата потврди дека осомничениот за нападот е убиен на местото на настанот во размена на оган со полицајците.
Властите сè уште не го објавија идентитетот на напаѓачот ниту коментираа за можен мотив за нападот.

