Свет
Украинските сили ја добија касетната муниција од САД
Вооружените сили на Украина добија касетна муниција, контроверзното оружје што Вашингтон му го вети на Киев дека ќе помогне во контраофанзивата против руската војска, соопштија официјални лица од двете земји.
„Штотуку го примивме (касетно оружје), сè уште не сме го користеле, но може радикално да ја промени ситуацијата на бојното поле“, изјави Олександр Тарнавски, командант на контраофанзивата во јужна Украина.
Американските власти минатата недела соопштија дека ќе го достават оружјето во Украина и покрај загриженоста за долгорочниот ризик за цивилите.
„Непријателот исто така разбира дека со добивањето на ова оружје ќе имаме предност“, рече Тарнавски додавајќи дека украинските сили нема да го користат тоа оружје во густо населените области.
Во Вашингтон, висок американски функционер, генерал-полковник Даглас Симс, им потврди на новинарите дека оружјето сега е во Украина. Најавата за испорака на касетно оружје предизвика критики од невладините организации и одредени земји во светот.
Ова оружје е забрането во многу земји, особено во Европа, потписнички на Конвенцијата од Осло од 2008 година. Во таа конвенција не се вклучени ниту САД, ниту Украина, ниту Русија.
И Берлин, и Париз и Лондон потсетија дека се против тој вид оружје и дека се потписници на конвенцијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Унгарија гласаше против резолуцијата за Сребреница: Сакаме да изградиме мир во регионот на Западен Балкан
Претставникот на Унгарија денеска соопшти дека таа земја гласала против резолуцијата за Сребреница и му се заблагодари на претседателот на Србија Александар Вучиќ за тоа што унгарската заедница секогаш може да смета на него.
„Унгарија ги осудува злосторствата и веруваме дека меѓународната заедница треба да биде обединета во оваа смисла. Ние сочувствуваме со жртвите на војната, нивните семејства и нивната несреќа. Сакаме да изградиме мир во регионот на Западен Балкан и внимателно ќе следиме за да избегнеме какви било ескалација и тензии“, рече таа.
Во оваа смисла, се поставува прашањето дали нацрт-резолуцијата е фокусирана на одржување на стабилноста во регионот или создава дополнителни поделби кои ќе отворат „стари рани“.
Регион
Додик: Според демократските принципи, резолуцијата за Сребреница пропадна
Претседателот на Република Српска Милорад Додик изјави дека, што се однесува до демократскиот свет и она што нè учат, резолуцијата за Сребреница денеска не доби мнозинство во Генералното собрание на ОН и таа пропадна.
„На гласањето видовме дека за резолуцијата гласаа 84 земји, што не е ниту огромно мнозинство“, нагласи Додик.
Повтори дека Владата на Република Српска го покренала прашањето за мирно одвојување од Федерацијата Босна и Херцеговина, бидејќи, како што истакна, нема причина после ова да останат и да живеат заедно во Босна и Херцеговина.
Регион
Вучиќ: Резолуцијата ќе донесе поделби не само во нашиот регион туку и во ОН
Српскиот претседател Александар Вучиќ на Генералното собрание на ОН во Њујорк изјави дека усвоената резолуција за Сребреница ќе предизвика поделби не само во регионот, туку и во Обединетите нации.
„Никогаш не се случило во Генералното собрание на ОН гласањето за прашањето за геноцидот да не се изгласа едногласно, ова се случува за прв пат затоа што некои луѓе сакаа да ја искористат својата голема политичка моќ и да ја политизираат оваа важна тема и тоа го направија. не е важно колку долго предупредувавме дека целиот процес треба да биде транспарентен и инклузивен, но тие не не послушаа“, рече Вучиќ.
Тој посочи дека за резолуцијата гласале 84 земји, додека останатите присутни не гласале за резолуцијата и дека таков чин нема да успее во ниту еден национален парламент.
„Ова е единственото место во светот каде што е усвоен ваков документ. Луѓето од некои земји ја истакнаа важноста на амандманот како нивен значаен придонес, но тоа беше само значаен придонес за поголема конфузија. Тие го направија тоа само за да го спасат образот“, рече Вучиќ.