Контакт

Daily news

Флин не објавил руски и турски уплати

Објавено пред

Поранешниот советник на американскиот претседател Доналд Трамп за национална безбедност, пензионираниот безбедносен генерал Мајлк Флин, во финансискиот извештај во февруари не објавил уплата од руската телевизиска мрежа RT и други компании поврзани со Русија, покажуваат документите коишто ги објави Белата куќа.

dobivaj vesti na viber

Генералот Мајкл Флин во финансискиот извештај кој го потпишал на 31-ви март, открил дека имал доходи од 1,3 милиони долари, коишто ги добил од 2014 година за работа за технолошки компании, политички групи, како и за јавни настапи, пишува весникот The New York Times.

Првата верзија на својата финансиска состојба Флин ја поднел во управата за етика на Белата куќа на 11-ти февруари, неколку дена откако беше принуден да се повлече од позицијата советник, поради контактите со рускиот амбасадор во САД Сергеј Кислјак, како член на тимот на Трамп пред овој официјално да ја преземе претседателската функција а затоа не го известил потпретседателот Мајк Пенс. Според The New York Times, тогаш Флин не ги открил имињата на компаниите, за кои имал настапи во јавноста.

Според запознаен извор на весникот The Washington Post, првата верзија од пријавата за приходите била предлог кој требала да мине низ вообичаената постапка за проверка и корекција. Тој процес бил прекинат поради оставката на Флин. Потоа службениците на Белата куќа побарале од него да ја заврши процедурата и да ги наведе сите организации, кои платиле за неговите говори.

Како што појаснува The Washington Post, меѓу изворите на неговите доходи се руската меѓународна телевизиска компанија RT (Russia Today), на чијашто 10-годишнина присуствувал во (Russia Today) и воздухопловната компанија „Волга-Днпер“, како и американска компанија која работи како филијала на „Лабораторијата Касперски“.

Со Флин, исто така, е поврзано и прашање за лобистички активности во полза на Турција, за која неговата фирма наводно добила 500.000 американски долари, пишува весникот.

Во извештајот не се наведува олку на Флин му било платено, но говорите се наведени во поглавјето под наслов „извори на надоместоци кои надминуваат 5.000 американски долари годишно“. Тие говори не се вклучени во извештајот кој Флин го потпишал електронски на 11.-ти февруари, а кој Белата куќа, исто така, го објави оваа сабота, забележува Reuters.

Несовпаѓањето со објавените уплати поврзани со Русија би можеле на генералот Флин да му создадат дополнителни правни проблеми.

Безбедносниот генерал кој беше тргнат од должноста во времето на претходниот американски претседател демократот Барак Обама, поднесе оставка по само 24 дена на должноста советник за национална безбедност во Белата куќа поради неговите контакти со руски функционери коишто според ткн „Логанов акт“ од XVIII век се забранети контакти со странски функционери за лица кои не се на функција и е дела од пошироката истрага за наводната руска вмешаност во претседателските избори во 2016 година во САД.

Американскиот претседател Доналд Трамп ја поддржа во петокот поддршката на својот поранешен советник за национална безбедност, пензионираниот генерал Мајкл Флин, да побара имунитет од кривичен прогон во замена за сведочење во истрагата на Конгресот за можни врски меѓу кампањата на Трамп и руската влада.

Мајкл Флин бара заштита од „неправеден прогон“, доколку сведочи пред комитетите за разузнавање на Сенатот и на Претставничкиот дом, изјави во четвртокот неговиот адвокат Роберт Келнер.

„Мајкл Флин би требало да бара имунитет, бидејќи ова е лов на вештерки (изговор за големиот изборен пораз) на медиумите и демократите, од историски размери!“, напиша претседателот Доналд Трамп на Twitter.

Сенаторот Ангус Кинг, член на сенатскиот Комитет за разузнавачката заедница, рече дека прерано за тоа да се разговара. Флин барањето го поднел пред десетина ден, изјави за Reuters неименуван владин функционер.

Сведочењето на Флин би можело да ги разјасни разговорите кои минатата година ги водел со рускиот амбасадор во САД, Сергеј Кислјак, додека бил советник во кампањата на Трамп./кра/мф/сн

(Фотографијата објавена на 15 февруари 2017, на која е рускиот претседател Владимир Путин (д), со познати американски личности, а до него е тогаш пензионираниот американски генерал потполковник Мајкл Флин (л), кои присуствуваат на 10-годишнината на RT во Москва, на 10-ти декември 2015 година. EPA/Michael Klimentyev/SPUTNIK/Kremlin pool)

Daily news

Бислимовски – Лорковски: Реформите во енергетиката мора да продолжат

Објавено пред

Претседателот Марко Бислимовски, заедно со членовите и раководителите на секторите на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) остварија средба со Артур Лорковски, директорот на Енергетската заедница.

dobivaj vesti na viber

Реформите во енергетиката мора да продолжат, континуитетот е клучен – фокусот да се задржи на активностите поврзани со интегрирање на пазарите за електрична енергија, нивна транспарентност и интегритет, како и неопходните реформи на пазарот со природен гас, што ќе обезбедат фер пристап за сите учесници, согласно новите европски мрежни правила – се сложија соговорниците.

Претседателот Бислимоски му се заблагодари на директорот Лорковски за позитивниот наратив за работата на РКЕ при презентацијата на Извештајот за имплементација на законодавството на Енергетската Заедница за 2024 година за државава во Собранието.

„Во очекување на новиот Закон за енергетика, РКЕ во соработка со Министерството за енергетика континуирано работи на подготовка за имплементација на новиот енергетски пакет. Интегрираниот пристап помеѓу сите чинители досега покажа дека е клучен за квалитетна и успешна регулатива, која ќе биде основа за развој на енергетските пазари . Капацитетите со кои располагаме, професионалниот тим кој се гради со години наназад и овој пат може да одговори на сите предизвици кои претстојат. “ изјава Марко Бислимоски, претседател на РКЕ

Лорковски посочи дека Енергетска Заедница ќе остане партнер во понатамошните процеси и дека стојат на располагање за поддршка во делот на креирање на подзаконските акти, откако ќе се донесе новиот закон за енергетика. Процесот на транспонирање на ЕУ правилата е клучно за да осигура работата на РКЕ за стратешките прашања поврзани со обезбедување на сигурна, стабилна и континуирана испорака на енергија.

Прикажи повеќе...

Daily news

Измамници се претставувале како Бред Пит и навеле обожавателки да веруваат дека почнале романтична врска со него

Објавено пред

Во Шпанија уапсени се пет лица кои изнудиле 325.000 евра од две жени претставувајќи се како познатиот американски актер Бред Пит, соопшти денеска МВР на таа земја на својата официјална веб-страница.

dobivaj vesti na viber

Во текот на истрагата се покажа дека криминалците контактирале со своите жртви преку веб-страница за обожаватели на американскиот актер, ја добиле нивната доверба и ги навеле да веруваат дека почнале романтична врска со Бред Пит.

Потоа со лажно претставување ги натерале жртвите да инвестираат во комерцијални проекти.

Прикажи повеќе...

Daily news

Спаси жена што сакаше да скокне од мост, а со години бесплатно ги хранеше бездомниците: Џон Бон Џови ја враќа вербата во човештвото

Објавено пред

Познатиот рокер Џон Бон Џови пред десетина дена беше тема на сите светски медиуми кога убеди непозната жена да не скокне од мост. Овој потег не е единствениот што ја докажува неговата емпатија и хуманост кон луѓето што не ги познава.

dobivaj vesti na viber

Џон Бон Џови, американскиот музичар и фронтмен на познатиот бенд „Бон Џови“, на пешачкиот мост го снимал спотот за песната The People’s House кога од другата страна на оградата забележал жена.

На снимките од надзорните камери што ги сподели локалната полиција може да се види како Џон со член на својата екипа ѝ приоѓа на потресена жена. Потоа се потпрел на оградата и почнал да разговара со неа повикувајќи ја да се врати на безбедно по што ѝ помогнал да се прекачи преку оградата.

Бон Џови потоа ја прегрна и тие стоеја така околу една минута пред заедно да одат по мостот.

Полицискиот оддел Метрополитен во Нешвил го сподели видеото на нивниот канал на „Јутјуб“ и рече дека пејачот ѝ помогнал на очајна жена.

Секоја чест за Џон Бон Џови и неговиот тим што ѝ помогнаа на една жена на пешачкиот мост „Сејгенталер“ во вторникот вечерта.

„Бон Џови успеа да ја убеди да се симне од платформата на мостот на реката Камберленд на безбедно“, објави полицијата на платформата X.

Обожавателите на рокерот не беа изненадени од неговиот потег. Имено, тој во 2011 година основал непрофитна организација, односно синџир ресторани, каде што немало ценовници, а плаќањето на сметката било опционално.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија10 минути

(Видео) Кузеска: За еден час пред Владата ќе започне протест за поголеми плати, нека се симне Мицкоски, нека ги погледне работниците кои едвај може да си ги прехранат семејствата

„Со владин авион и парите од граѓаните премиерот бил на Јадранско море. На одмор. Ова е срамна слика за една...

Македонија35 минути

Од јули директни летови од скопскиот аеродром до атрактивните дестинации Алгеро и Палермо во Италија

Меѓународниот Аеродром Скопје, управуван од ТАВ Македонија, подружница на ТАВ Аеродроми и членка на Групацијата АДП ја проширува својата мрежа...

Македонија1 час

„Сѐ е исто како во времето на Груевски, затоа и постојано одат со владиниот авион во Будимпешта по нови задачи и насоки“, велат од СДСМ

„55 дена нема одговор од Обвинителството за криминалните тендери, молчи и Државната комисија за спречување на корупција. Нема одговори за...

Македонија1 час

Денеска посебен режим на сообраќај во Скопје

Денеска со почеток од 11:00 часот од страна на Сојузот на синдикати на Македонија ќе биде одржан протест пред Владата...

Македонија2 часа

ВМРО-ДПМНЕ: Очекуваме Јавното обвинителство темелно и целосно да го расветли случајот со модуларната болница во Тетово

„Сведоштвата на поранешната обвинителка Лејла Кадриу отвораат сериозни прашања за причините и одговорноста за трагичниот настан во модуларната болница во...

Свет3 часа

Холандски министер: Не треба да го кажувам ова, но американските Ф-35 можат да се хакираат

Холандскиот министер за одбрана, Гијс Туинман, ја изненади јавноста тврдејќи дека софтверската независност за борбениот авион Ф-35 е можна, сугерирајќи...

Свет3 часа

Чешкиот претседател: Наивно е да се очекува брз мир во Украина

Чешкиот претседател Петр Павел изјави дека би било наивно да се очекува брз мировен договор меѓу Украина, Европа, Соединетите Американски...

Свет3 часа

Хилари Клинтон: Трамп го прикрива објавувањето на досиејата на Епстин, Бил и јас ќе сведочиме

Хилари Клинтон ја обвини администрацијата на претседателот Доналд Трамп за „прикривање“ во ракувањето со документите поврзани со покојниот сексуален престапник...

Европа3 часа

(Видео) Голем украински напад врз Русија: Гори рафинерија, пет аеродроми затворени

Синоќа, украински беспилотни летала нападнаа неколку локации во Русија, вклучувајќи ја и рафинеријата за нафта Илски во Краснодарскиот крај, каде...

Европа4 часа

Британија сака да ги забрани социјалните медиуми за лица под 16 години

Велика Британија би можела да воведе забрана за социјални медиуми за деца под 16 години уште оваа година, следејќи го...

Европа4 часа

Нова рунда мировни преговори меѓу Украина и Русија; Кремљ: Главното прашање е територијата

Претставници на Украина и Русија ќе се сретнат во Женева денес и утре на нова рунда мировни преговори со посредство...

Свет4 часа

(Видео) Пукање на хокеарски натпревар за млади во САД: има мртви и ранети

Во пукање на младински хокеарски натпревар во Потакет, во американската држава Род Ајленд, синоќа беа убиени две лица, а тројца...

Топ15 часа

40-годишниот прилепчанец пронајден починат: трагично заврши потрагата по Виктор Илиоски

Семејството и пријателите преку социјалните мрежи се збогуваат од Виктор Илиоски од Прилеп, кој последен пат бил виден во саботата...

Македонија15 часа

ССМ утре од 11 часот ќе ја блокира Владата: Ќе донесеме и одлука за генерален штрајк, видовме дека на маса не нè слушаат

Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) утре во 11 часот со 21 работник ќе ги блокира влезовите во Владата оти...

Македонија19 часа

Полицајци спасија жител на Македонска Каменица кој останал заглавен на тераса во пожар во неговата куќа

Полициски службеници спасија жител на Македонска Каменица, кој беше заглавен на тераса откако настана пожар во неговата куќа, соопшти МВР....

Македонија20 часа

Најкритични во Форино се куќите изградени на помалку од еден метар од коритото на Вардар, извести Црвениот крст

Волонтерските тимови на Црвениот крст се на терен во село Форино, каде по извршената проценка е утврдено дека најкритична точка...

Македонија21 час

(Видео) Филипче: Законот за високо образование е катастрофално лош, воведува владина контрола врз универзитетите

Сметаме дека предложените измени на Законот за високо образование се катастрофално лоши и наместо унапредување на квалитетот тие воведуваат владина...

Македонија22 часа

Евакуирани 250 лица по поплавите во Кичево, од нив три се бебиња, а 58 деца на возраст од 2 до 10 години

Во општина Кичево, како резултат на поплавите, се евакуирани и згрижени вкупно 250 лица. Од нив, 61 се деца –...

Македонија23 часа

Да не се потпаѓа на шпекулации, Македонија продолжува со дијалог, велат од Транспорт за проблемот со превозниците

Министерството за транспорт апелира да не се потпаѓа на шпекулации и секаков вид непроверени информации кои може да наштетат на...

Топ23 часа

25-годишник загина во сообраќајка на магистралниот пат Куманово–Крива Паланка

25-годишник загина во сообраќајна несреќа на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка, на место викано „Смилчинци“, општина Старо Нагоричане. Како што информираат...