Европа
Шведска подготви нови мерки против омикрон
Шведска подготви сет нови мерки поради сојот омикрон кои ќе стапат на сила в четврток. Три недели по воведувањето на барање за сертификати за вакцинација за јавни собири на повеќе од 100 луѓе и воведувањето одредени препораки на почетокот на декември, Шведска се заканува повторно да ги заостри епидемиолошките мерки под закана од ширење на видот омикрон, кој ги преплави нејзините скандинавски соседи Данска и Норвешка.
Сепак, спротивно на најавите во медиумите и во согласност со досегашната стратегија на пандемијата, премиерката Магдалена Андерсон објави само пакет препораки и релативно благи мерки кои нема да имаат големо влијание врз секојдневниот живот на граѓаните.
„ Се наоѓаме во нова ситуација. Затоа мораме да го правиме она што се очекува од нас и ќе ни биде потешко уште некое време. Дури и вакцинираните луѓе треба двапати да размислат како се однесуваат и да бидат особено внимателни“, вели таа.
Од четврток, на сите вработени во Шведска им се советува да работат од дома доколку е можно. На своите работни места треба да останат само вработените без кои бизнисот е невозможен. Имено, деловниот и јавниот транспорт во моментов се сметаат за водечки извори на инфекција. Сите јавни собири од 20 до 500 луѓе мора да имаат обележани места за учесниците, а за сите бројни собири, како што се натпревари и концерти, потребна е потврда за вакцинација.
Во трговските центри ќе има ограничен број луѓе кои ќе можат истовремено да престојуваат во одредени зони. Понатаму, во рестораните, баровите и клубовите дозволено е послужување само на маси, со најмногу осум лица во друштвото, а растојанието помеѓу масите мора да биде
најмалку еден метар.
Приватните собири во баровите се ограничени на 50 луѓе. Конечно, сите странци кои ќе влезат во Шведска ќе мора да направат негативен ПЦР тест, односно антигенските тестови повеќе нема да важат.
„ Размислуваме и за поширока употреба на сертификатите за вакцинација, но тоа ќе биде важно само кога повеќе луѓе ќе ја добијат третата доза“, рече Андерсон.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
16-годишно момче избодено во училиште во Германија
16-годишно момче е тешко повредено кога утрово околу 8 часот било избодено од тинејџер (17) во училиште во Нојкирхен-Влуин.
На нападот наводно му претходела вербална расправија.
Постариот ученик наеднаш извадил нож и го ранил 16-годишникот во горниот дел од телото.
Момчето итно било пренесено во болница, а лекарите велат дека неговата состојба е стабилна.
По прободувањето напаѓачот побегнал од училиштето, но полицијата брзо го лоцирала и го уапсила.
Според инспекторот, немало опасност по безбедноста на другите деца во училиштето.
Европа
Во Англија извикал „Алах Акбар“ и убил случаен минувач: „Го направив тоа за луѓето од Газа“
45-годишниот Ахмед Алид вчера беше прогласен за виновен за убиство и обид за убиство. На 15 октомври минатата година, барател на азил од Мароко со нож го уби 70-годишниот Теренс Карни во центарот на англискиот град Хартлпул. Тој претходно го избодел со нож својот заспан цимер Џавед Нури додека викал „Алах Акбар“.
Алид и рекол на полицијата дека сето тоа го направил „за луѓето од Газа“. Само осум дена пред да убие случаен минувач и да го рани својот цимер, милитантите на Хамас го нападнаа Израел. Алид се заколнал дека ќе убиел повеќе луѓе доколку имал митралез и друго оружје, изјави обвинителот Џонатан Сендифорд во Судот во Тесајд.
Алид делел куќа со други баратели на азил во североисточна Англија. Тој бил вознемирен што Нури го прифатил христијанството. Цимерите рекле дека Алид почнал да носи нож откако на телевизија видел прилог за настаните во Газа.
Европа
Крим главна цел: Пентагон откри за што Украина ќе ги користи моќните ракети АТАКМС
Министерството за одбрана на САД ја појасни целта за испорака на ракети со долг дострел во Украина, кои неодамна беа испорачани во тајност. Како што објави „Њујорк тајмс“, целта на испораката на американските ракети АТАКМС е да се зголеми притисокот врз Крим, кој беше анектиран од Русија по референдумот во 2014 година.
Крим го претставува центарот во кој се лоцирани голем број руски воздушни и копнени сили и кој досега, како што пишува американскиот дневен весник, „за нив бил релативно безбедно засолниште“. Ова го тврди анонимен американски функционер. Сепак, Пентагон одби да каже колку точно од овие проектили со дострел од 300 километри се испорачани на украинската страна.
Советникот за национална безбедност на Белата куќа, Џејк Саливан, претходно ја потврди испораката на овие ракети без да прецизира дали тие се модифицирани и имаат зголемен дострел.
Украинските сили веќе употребија АТАКМС, што претседателот Володимир Зеленски го потврди на 17 април, објавувајќи дека бил извршен напад врз воздухопловната база Џанкој, која се наоѓа на 165 километри од линијата на фронтот. Министерството за одбрана на Руската Федерација не ги коментираше овие наводи.
Pentagon reveals Ukraine’s targets for ATACMS missiles – NYT — (the usual baffling lack of retaliation threats from #Putin– instead just the usual bleating that ‘it’s impossible to justify’..Bring Stalin back to life please, Russia) https://t.co/8pi0Lx8tbt #CapeTown #SouthAfrica pic.twitter.com/ZtI5cG3r2m
— Peter Mayson (@theforeverman) April 26, 2024
Американскиот дневен весник потсетува дека Украина првпат добила ракети АТАКМС во септември минатата година, но дека станува збор за верзија со половина дострел. Се шпекулираше дека Украина можеби користела американски ракети за да го урне кримскиот мост, што на почетокот на месецов го потврди и самиот претседател Зеленски, велејќи дека неговата влада „навистина сака да го уништи мостот на Крим“.
Тој е симбол на руската окупација и преку овој мост Русија испорачува воена опрема и ги снабдува војниците во Украина. Во неколку наврати досега мостот беше цел на украински напади.
– Мислам дека е вистинското време, а шефот (Бајден) донесе одлука дека е вистинско време да и го обезбеди на Украина оружјето неопходно за тековната борба. Тоа е добро осмислена и многу конструктивна одлука – изјави адмирал Кристофер Грејди, заменик командант на Здружениот генералштаб на американската армија.
Руската страна го осуди потегот на САД, а рускиот амбасадор во Вашингтон Анатолиј Антонов рече дека тоа „ја зголемува заканата за безбедноста на Крим, вклучително и Севастопол и другите руски градови“.