Свет
Осуда за Грузиската телевизија за прикажување прилог за напад на Русија
Дипломати од западните земји се приклучија на критиките и осудата на лажниот ТВ прилог за нападот на Русија, со кој грузиската телевизија предизвика страв и паника.
Дипломати од западните земји се приклучија на критиките и осудата на лажниот ТВ прилог за нападот на Русија, со кој грузиската телевизија предизвика страв и паника.
На крајот на минатата недела телевизискиот канал Имеди ТВ, направи невиден гаф објавувајќи симулација на инвазија на руски тенкови и атентат на претседателот Михаил Саакашвили, претставувајќи го како главна вест.
По триесетминутниот прилог телевизијата објави дека настанот не е вистински.
Во симулацијата на инвазијата на Русија над Грузија, телевизиската станица користела снимки од руско-грузиската војна во 2008 година, како и делови од говорот на претседателот Дмитри Медведев и премиерот Владимир Путин.
Објавено е дека во “новиот напад“ има четворица убиени и шестмина ранети.
Имеди ТВ, објави извинување на гледачите поради невкусниот гаф, а извинување пристигна и од портпаролот на претседателот Саакашвили.
Според западните дипломати овој инцидент ја покажува независноста и одговорноста на грузиските медиуми во негативна светлина./крај/индекс/см
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
(Видео) Авион се запали на писта во Јужна Кореја, најмалку 120 мртви – објавена е снимка од несреќата
Најмалку 120 лица загинаа кога патнички авион се запали откако излета од пистата на аеродромот во јужнокорејскиот град Муан, соопшти Националната противпожарна агенција.
Несреќата се случила во неделата во 9:03 часот по локално време кога летот на Jeju Air од Бангкок со 175 патници и шест членови на екипажот слетувал на меѓународниот аеродром Муан на југозападот на земјата.
Horrifying footage emerging of a Jeju Air Boeing 737-800 (not a Max) with 175 onboard involved in a crash at Muan International Airport in South Korea — video shows the aircraft attempting a ‘belly landing’ (without its landing gear extended) before impacting the perimeter wall pic.twitter.com/C3JCUz8Iw8
— Alex Macheras (@AlexInAir) December 29, 2024
Авионот се излизгал од пистата при слетување, удрил во жичена ограда и ѕид и се запалил, објави Ројтерс.
Противпожарната служба предупреди дека бројот на жртви може да биде поголем бидејќи авионот е тешко оштетен. На фотографиите од јужнокорејските медиуми се гледаат остатоците од авионот во пламен и чад.
Опремата за слетување на Боинг 737-800 откажа, најверојатно поради удар на птица, шпекулира новинската агенција Јонхап. Пилотот наводно не успеал да слета при првиот обид, па се обидел да го подигне авионот и да слета повторно.
Портпаролот на Jeju Air рече дека тие сè уште собираат информации за несреќата. Боинг не одговори веднаш на барањето на Ројтерс за коментар за несреќата, а потоа изрази сочувство за починатите.
Horrifying footage emerging of a Jeju Air Boeing 737-800 (not a Max) with 175 onboard involved in a crash at Muan International Airport in South Korea — video shows the aircraft attempting a ‘belly landing’ (without its landing gear extended) before impacting the perimeter wall pic.twitter.com/C3JCUz8Iw8
— Alex Macheras (@AlexInAir) December 29, 2024
Свет
Турскиот и американскиот шеф на дипломатијата разговараа за соработка со новата сириска влада
Турскиот министер за надворешни работи денеска разговараше со американскиот државен секретар, Ентони Блинкен, за потребата од соработка со новата сириска администрација за да се обезбеди уредно завршување на преодниот период, соопшти турското министерство.
Во телефонски разговор, турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан му рекол на Блинкен дека Анкара нема да дозволи курдската милитантна група ЈПГ да ја користи Сирија како засолниште, откри портпаролот на Министерството.
САД и другите западни земји ја поддржуваат ЈПГ, додека Турција ја смета за терористичка организација.
За време на повикот, Блинкен ја истакнал потребата да се поддржи политичкиот процес предводен од Сирија, кој „ги поддржува човековите права и дава приоритет на инклузивната и репрезентативна влада“, се вели во соопштението на американскиот Стејт департмент.
Блинкен и Фидан разговараа и за мерките за зајакнување на турската и сириската безбедност против тероризмот, се додава во соопштението.
Свет
„Гаспром“ најави дека од 1 јануари ќе го запре извозот на гас во Молдавија
Рускиот енергетски гигант „Гаспром“ денеска објави дека од 1 јануари ќе го прекине извозот на гас во Молдавија поради неподмирениот долг на земјата, објави денеска Ројтерс.
Како што е најавено, компанијата го задржува правото да преземе какви било активности, вклучително и раскинување на договорот за снабдување со Молдавија.
Русија, преку Украина, ја снабдува Молдавија со околу две милијарди кубни метри гас годишно.
Гасот се дистрибуира во отцепениот регион Придњестровје, кој го користи гасот за производство на евтина енергија, која ја продава на остатокот од Молдавија.
Молдавија, која има 2,5 милиони жители, се подготвува за долги прекини на струја во наредниот период, откако Киев објави дека нема да го продолжи договорот за транзит со Гаспром.
Суспендирањето на испораките на Молдавија го означува почетокот на целосното запирање на извозот на руски гас преку Украина во Европа, бидејќи договорот за транзит на руски гас со Украина истекува на 31 декември.