Свет
Државата плаќа за неправедно апсење
Над двесте илјади евра по човек, или по 25.000 евра
за секој поминат ден во притвор, плус затезна камата за последните две години,
побарале двајца прилепчани како надомест за нематеријална штета за осумте дена
неосновано задржување во притвор.
Министерството за правда преплавено со барања за
надомест на штета за незаконско лишување од слобода
Над двесте илјади евра по човек, или по 25.000 евра
за секој поминат ден во притвор, плус затезна камата за последните две години,
побарале двајца прилепчани како надомест за нематеријална штета за осумте дена
неосновано задржување во притвор. Поранешниот генерален директор на прилепскиот
Мермерен комбинат, Никола Стефков, и финансиската раководителка Лидија
Младеновиќ во пролетта 2000 година, само една недела по притворањето биле
пуштени на слобода и против нив била запрена истрагата за даночно затајување.
Оттогаш, па сў досега, значи цели пет години, трае нивната правна битка против
државата, во кои тие се обидуваат да добијат надомест за предизвиканите душевни
болки, страдање, како и повредата на угледот и честа. Со пресудата на
највисокиот судска инстанција, Врховниот суд, која е донесена на 26 ноември,
случајот со двајцата прилепчани конечно доби судски епилог
Гордана Дувњак
Над двесте илјади евра по човек, или по 25.000
евра за секој поминат ден во притвор, плус затезна камата за последните две
години, побарале двајца прилепчани како надомест за нематеријална штета за
осумте дена неосновано задржување во притвор. Поранешниот генерален директор на
прилепскиот Мермерен комбинат, Никола Стефков, и финансиската раководителкаиnbsp;
Лидија Младеновиќ во пролетта 2000 година, само една недела по притворањето
билеиnbsp; пуштени на слобода и против нив била запрена истрагата за даночно
затајување. Оттогаш, па сў досега, значи цели пет години, трае нивната правна
битка против државата, во кои тие се обидуваат да добијат надомест за
предизвиканите душевни болки, страдање, како ииnbsp; повредата на угледот и
честа.
Со пресудата на највисокиот судска инстанција,
Врховниот суд, која е донесенаиnbsp; на 26 ноември, случајот со двајцата
прилепчанииnbsp; конечно доби судски епилог. Државата, поточно Министерството
за правда е должно да им исплати по 200.000, односно 150.000; но не евра,
туку денари, бидејќи Врховниот суд проценил дека побараниот износ е енормно
висок. Претходно, и Апелациониот суд во Скопје ја преполовил првобитната сума
на четири милиони денари за Стефков, а 3 милиони денари за Милутиновиќ. Но,
врховните судии сметале дека второстепениот судиnbsp; направил погрешна процена
и оти претрпениот страв не може да биде посебна основа за утврдување надомест
на нематеријална штета.
Во образложението на тужбеното барање надомест,
двајцата невино притворени ги навеле околностите под кои биле лишени од
слобода, а особено условите во кои биле држени во истражен затвор.
Ексдиректорот Стефков на 14 април 2000 година бил на службено патување во
Скопје, кога пред наплатната рампа во Петровец било сопрено неговото возило од
службени лица на МВР, кои му ставиле лисици и го спровеле во СВР-Прилеп. Истиот
ден во канцеларијата на Милутиновиќ, како што се наведува во тужбата, насилно
влегле службени лица на МВР, кои со полициско возило ја однеле во полиција.
Тужителите сметаат дека поминатите 8 дена во притвор биле крајно недолични и
понижувачки, а дополнителен стрес за Милутиновиќ било и тоа што се наоѓала во
иста ќелија со женско лице притворено за дрога. Нивниот случај добил огромен
публицитет во медиумите, а во написите тие биле прикажани како криминалци, што
според нив, влијаело на целиот нивен натамошен живот, бидејќи им предизвикал
огромни проблеми, губење на работното место, како и големи непријатности за
семејствата.
Случајот со прилепските директори, за жал, не е
осамен.
Во Министерството за правда информираатиnbsp; дека
само по основа на неоправдано осудени лица, неосновано или незаконито
лишени од слобода, оваа година имаат добиено 63 барања. Во 2001 година тој број
изнесувал 49, во 2002 – 78,иnbsp; во 2003 биле поднесени 85 барања, а минатата
година била рекордна со 110 поднесоци за надомест на нематеријална штета.
Во ресорното министерствоиnbsp; нагласуваат дека до
лани предвидениот Буџет за оваа намена изнесувал само два милиона денари, што е
недоволно за надоместување на штетата на еден тужител, бидејќи има и такви кои
побаруваат и по пет милиони денари. Оваа година, износот во Буџетот за оваа
намена е зголемен на пет милиони денари, но иако вредноста е двојно зголемена,
средствата се недоволни.
"Министерството за правда не сака да прави
селективен пристап и доколку не се постигне спогодба со оштетната страна, тие
се упатуваат правдата да ја бараат пред надлежен суд", вели портпаролката
на Министерството за правда, Убавка Матовска. Таа нагласува дека стасуваат и
судски пресуди, но поради немање доволно средства доаѓа до присилна наплата од
сметката на Министерството, поради што се принудени да прават пренамени на
средства. Таму очекуваат дека до крајот на годинава ќе им бидат симнати од
сметка уште девет милиони денари.
Анализата на Министерството за правда покажала дека
постои голема неусогласеност во судската практика во поглед на пресудените
износи на средства. Во Основниот суд Скопје 1, најниско досудениот износ
изнесува 500.000 денари за 101 ден во притвор, а највисоко досудена сума
еиnbsp; 1.200.000 денари за 23 дена, што во првиот случај изнесува 4.950иnbsp;
денари за еден ден, а 52.173 денари во вториот случај. Во Гевгелија,
најнизокиnbsp; пресуден износ е 30.000 денари, а највисок 236.111 денари за
еден ден затвор. Во Струмица тој сооднос варира од 5.500иnbsp; до 58 139
денари, во Битола од 9.090 до 29.850; денари, во Основниот суд Скопје 2
најниско пресуден ден изнесува 598 денари, а најскапо платен ден е 12.121
денар.
Поради ваквите проблеми со неуедначената судска
практика, Министерството за правда веќе остварило контакти со првите луѓе на
Врховниот суд, како и со трите апелациони суда. Наедно, Министерството за
правда побарало од Министерството за финансии повторна корекција во буџетската
ставка за оваа намена.
Судиите се категорични дека е тешко да се
воспостави некаква судска практика, бидејќи, како што велат, секој предмет е
различен и треба да се разгледува од случај до случај. Но, не е ли време,
подобро да се направи процена пред некој да се упати во притвор, зашто која е
таа цена што може да надомести баремиnbsp; еден ден поминат зад решетки на
невин човек?
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Ана Брнабиќ за 2 јуни распиша локални избори во 66 единици на локалната самоуправа
Претседателката на српското собрание Ана Брнабиќ распиша избори за 2 јуни во 66 единици на локалната самоуправа, бидејќи Националното собрание неодамна со две третини ги усвои измените на Законот за локални избори.
Изборите во овие локални самоуправи ќе се одржат на ист ден со изборите за советници во Градското собрание на Белград, односно на 2 јуни годинава.
„Среќна сум што испративме силна порака од парламентот до сите наши граѓани дека како нивни избрани сме способни да разговараме и да постигнеме договор и покрај сите наши разлики“, рече Брнабиќ по објавата.
Европа
Уапсен украински министер
Украинските антикорупциски тела денеска го уапсија министерот за земјоделство Микола Солски. Судот на министерот му изрече превентивна мерка притвор во траење од 60 дена, до 24 јуни. Сепак, Солски ќе биде ослободен од притвор доколку плати кауција од 75,7 милиони гривни (околу 1,7 милиони евра).
Обвинителството побара притвор поради ризик од попречување на истрагата, влијание врз сведоци и бегство. Тие истакнаа дека Солски во текот на вонредната состојба неколку пати ја минувал границата.
Адвокатот одговори дека Солски ја преминал границата поради службени патувања, освен во еден случај кога заминал на договорено отсуство. Тој се осврна и на тоа дека Солски како функционер може да патува во странство само со согласност на премиерот. Тој исто така изјави дека нема докази дека Солски би можел да се меша во истрагата или да влијае на сведоците.
Солски вчера понуди оставка откако беше осомничен за вмешаност во незаконско стекнување државно земјиште. Обвинителите тврдат дека Солски бил фатен дека поседува државно земјиште во вредност од 291 милион гривни и дека се обидел да добие друго земјиште во вредност од 190 милиони гривни.
Солски ги негира обвиненијата, за кои обвинителите велат дека се однесуваат на настани од 2017 до 2021 година, пред да стане министер за земјоделство во март 2022 година. Солски е еден од најбогатите функционери во администрацијата на претседателот Володимир Зеленски.
Ако плати кауција, ќе мора да ја предаде својата обврзница на властите и нема да му биде дозволено да разговара со други осомничени и сведоци во случајот.
Свет
Хаос на факултетите ширум Америка: апсењата на студенти продолжуваат поради антиизраелските протести
Стотици американски студенти се уапсени низ американските кампуси додека полицијата ги задушува антиизраелските протести со кои се бара повлекување на Израел од Појасот Газа.
108 студенти беа уапсени на протест во Бостон во американската држава Масачусетс, а 93 беа уапсени на протест на приватниот универзитет во Јужна Калифорнија во Лос Анџелес, додека 28 студенти беа уапсени на Универзитетот Емори во Атланта во американската држава Џорџија. , соопшти полицијата, пренесува Си-ен-ен.
На Универзитетот Колумбија во Њујорк, епицентарот на демонстрациите, студентите рекоа дека нема да се разотидат додека факултетот не се согласи да ги прекине врските со израелските академски институции. Студентите од другите кампуси имаат слични барања, а во протестите учествуваат и Палестинци, Арапи, Евреи и муслимани, според Си-ен-ен.
Полицијата во Бостон во четвртокот наутро насилно ги отстрани шаторите поставени од студентите на колеџот Емерсон, при што уапси 108 од нив, објавија медиумите. На видеото може да се видат студенти како се штитат со раце и користат чадори за да и се спротивстават на полицијата.
Уште 93 студенти беа уапсени во средата навечер за време на протестите на Универзитетот во Јужна Калифорнија, соопшти полицискиот оддел во Лос Анџелес. Полицијата соопшти дека едно лице е уапсено под сомнение за напад со оружје, но не соопшти детали за инцидентот.
Студентите исто така протестираат од минатиот четврток во Технолошкиот институт во Масачусетс, Универзитетот во Тексас во Остин, Универзитетот во Мичиген, Универзитетот во Ново Мексико, Беркли, Јеил и Харвард, според Си-ен-ен.