Контакт

Свет

Најмалку 60 повредени на првиот ден трки со бикови во Памплона

Објавено пред

Првото трчање со бикови во Памплона годинава траеше малку повеќе од две минути, но доволно долго за да се избројат 60 повредени, јавија шпанските гласила

dobivaj vesti na viber

Првото трчање со бикови во Памплона годинава траеше малку повеќе од две минути, но доволно долго за да се избројат 60 повредени, јавија шпанските гласила.

Според болнички извори во традиционалната трка со бикови денеска нема сериозно повредени, туку се работи главно за гребаници и модрици.

Овој опасен спектакл ќе трае до 14 јуни, до кога ќе се одржат уште седум трки со бикови по тесните улички на Памплона.

Луѓето и биковите тешки и до 600 килограми, мораат да претрчаат 825 метри.

Од почетокот на овој фестивал во 1911 година досега загинале 15 учесници, а секоја година се повредени десетици луѓе./крај/ста/мп



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет

(Видео) Иран утрово испали ракети кон Израел: стотици повредени, повеќе од 70 во болница

Објавено пред

Најмалку 240 лица беа ранети во иранските ракетни напади утрово, објави Асошиејтед Прес, повикувајќи се на израелското Министерство за здравство.

dobivaj vesti na viber

Четири лица се сериозно повредени, додека огромното мнозинство се полесно повредени, вклучувајќи повеќе од 70 лица во болницата Сорока во јужниот град Бершеба. Чад се издигаше од болничкиот комплекс додека службите за итни случаи ги евакуираа пациентите.

Двајца лекари изјавија за АП дека ракетата ја погодила болницата речиси веднаш откако се огласиле сирените, предизвикувајќи силна експлозија што ја слушнале од безбедносната соба. Лекарите зборуваа под услов на анонимност бидејќи не биле овластени да зборуваат со медиумите.

Болницата Сорока претрпе голема штета. Директорката Шломи Кодеш претходно изјави дека неколку одделенија се целосно уништени, а десетици луѓе – пациенти и медицински персонал – се повредени во болницата, главно од скршено стакло и урнати тавани.

Паралелно со овој напад, ракета погоди и облакодер во Рамат Ган, недалеку од центарот на Тел Авив, каде што, според сведоците, експлозијата уништи локална пицерија и ги искрши прозорците на десетици околни згради.

Нападите предизвикаа негодување кај израелската јавност, а израелскиот министер за здравство Уриел Бусо изјави дека нападот врз болницата е „гнасно воено злосторство“ и дека Иран „преминал црвена линија“.

Прикажи повеќе...

Свет

Кина му испрати порака на Трамп за Иран: „Ова особено се однесува на големите сили“

Објавено пред

Кинескиот претседател Кси Џинпинг повика на деескалација на конфликтот меѓу Иран и Израел, а во разговор со рускиот претседател Владимир Путин испрати речиси отворена порака до американскиот претседател Доналд Трамп, кој моментално размислува за вклучување на САД во војната, објави Си-ен-ен.

dobivaj vesti na viber

Според кинеското Министерство за надворешни работи, Кси рекол дека „меѓународната заедница, особено големите сили кои имаат посебно влијание врз страните во конфликтот, треба да работат на деескалација на ситуацијата, а не обратно“. Иако не ги спомена конкретно САД, пораката јасно беше насочена кон Вашингтон.

За време на разговорите, Кси повика на итно прекин на огнот, повикувајќи ги двете страни да ги запрат нападите, но „особено Израел“.

„Страните во конфликтот, особено Израел, треба да го прекинат огнот што е можно поскоро за да се спречи понатамошна ескалација и решително да се избегне прелевање на војната“, му рекол Кси на Путин, според кинески извештај.

Кремљ соопшти дека двајцата лидери ги осудиле нападите на Израел врз Иран, а Путин повторно понудил Русија да ја игра улогата на посредник. Кси ја поддржа иницијативата.

„Путин ја потврди подготвеноста на Русија, доколку е потребно, да преземе евентуална посредничка улога. Кинескиот лидер ја изрази својата поддршка за таквата иницијатива, верувајќи дека таа би можела да придонесе за деескалација на сегашната исклучително напната ситуација“, изјави советникот на Кремљ, Јуриј Ушаков.

Прикажи повеќе...

Свет

Ердоган: Нетанјаху го надмина Хитлер

Објавено пред

Од

Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, вчера се осврна на конфликтот на Блискиот Исток, нагласувајќи дека Иран има право да се брани, објави Анадолу.

dobivaj vesti na viber

„Сосема е природно, легитимно и законско Иран да се брани од израелската бандитска насилничка сила и државен тероризам“, рече Ердоган за време на состанокот на парламентарната група на Партијата за правда и развој (АК) во главниот град Анкара.

Неговите изјави доаѓаат во време на ескалација на конфликтот меѓу Израел и Иран. Нагласувајќи ја сериозноста на конфликтот, Ердоган го осуди и израелското раководство:

„Нетанјаху одамна го надмина тиранинот Хитлер во злосторството геноцид. Се надеваме дека нивната судбина нема да биде иста“.

„Правиме сè што можеме за да ја запреме нехуманата агресија врз Газа, Сирија, Либан, Јемен и Иран“, додаде тој.

„Крвта на масакрирани цивили, убиени бебиња и деца не само што ги испрска рацете и лицата на оние кои ја поддржуваат израелската ароганција, туку и на оние кои молчат“, истакна тој.

Ердоган потврди дека Турција останува будна.

„Внимателно ги следиме израелските терористички напади врз Иран. Сите наши институции се во состојба на готовност поради потенцијалните последици од овие напади врз Турција“, изјави тој.

„Нашата нација може да биде мирна. Владата е целосно посветена на заштитата на интересите, мирот, единството и безбедноста на Турција. Подготвени сме и се подготвуваме за секој можен негативен развој и сценарио“, заклучи турскиот претседател.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

(Видео) Клековски: Експерт за ампутации од Словенија ќе дојде за третман на повредените во Кочани кои имаат ампутирани прсти

Грижата за повредените во пожарот во Кочани ќе биде долгорочна, ќе трае онолку години колку што ќе имаат потреба и...

Свет2 часа

Нетанјаху во ракетираната болница: Мојот син мораше двапати да ја откаже свадбата поради тревогата

Израелскиот премиер, Бенјамин Нетанјаху, им се обрати на новинарите пред болницата Сорока во Бершеба, која претходно беше погодена од иранска...

Македонија3 часа

(Видео) Филипче: ВМРО-ДПМНЕ има изгубено 100 илјади гласа досега

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, вечерва укажа на, како што рече, драматичниот пад на поддршката за ВМРО-ДПМНЕ, економскиот колапс и...

Македонија3 часа

(Видео) Тепачка меѓу советници во Општина Кочани

Советници денеска се степаа на седницата на Советот на Општина Кочани. Како што објави Радио Кочани на паузата настанал хаос...

Македонија3 часа

(Видео) Мургашанска од СДСМ: Димитриевски ме тужи затоа што јавно го обелоденив неговиот криминал

Откога му ги откривме сите скандали на Максим Димитриевски, откога јавно проговоривме за сите сомнежи за коруптивни шеми со парцели...

Македонија4 часа

Се закануваат оние што правеа упад и тепаа, вели Мицкоски по најавите за штрајк на контролорите на летање поради партиски вработувања

Партиските вработувања и трупањето несуштински кадри во услови кога нема доволно контролори на летање, според премиерот Христијан Мицкоски, не е...

Македонија5 часа

(Фото) По седум години, повторно се отвори етнокомплексот „Македонско село“

По седум години, денес се отвори етнокомплексот „Македонско село“. Премиерот Христијан Мицкоски рече дека Скопје добива уште едно туристичко место,...

Македонија6 часа

Неексплодирана артилериска граната пронајдена кај Калишта, ДЗС апелира да не се поместуваат вакви убојни средства

Неексплодирано убојно средство од минатите војни е пронајдено кај село Калишта при изведба на градежни работи во близина на кампот...

Македонија7 часа

Грција ќе екстрадира македонски државјанин, кој се сомничи за убиство на пензионер во Германија

Апелациониот суд во Солун даде „зелено светло“ за екстрадиција во Германија на македонски државјанин обвинет за грабеж, а потоа и...

Македонија8 часа

Владата: Педесетина училишта ќе добијат фотоволтаични системи

Владата соопшти кај 50. училишта во Македонија ќе се постават фотоволтаични системи во текот на летниот период. Ова се случува...

Свет8 часа

Израел нападна ирански нуклеарен реактор

Израелската армија го нападна нуклеарниот реактор во Арак (т.н. тип на тешка вода), западно од Техеран, објавија иранските државни медиуми...

Свет9 часа

(Видео) Иран погоди болница во Израел со балистичка ракета

Болницата Сорока во Бершева на југот на Израел утринава соопшти дека зградата била погодена со проектил при ирански ракетен напад...

Економија9 часа

Инженерите повикаа да престане фактурирањето врз основа на измислена потрошувачка за струја: „Регулаторната ја штити ЕВН“

Здружението Инженери на Македонија повторно се огласи по претставката што ја поднесе на 29 мај кога во сила стапи новиот Закон...

Македонија18 часа

ПРП терапијата за пациентите од пожарот во „Пулс“ е достапна во Кочани, нема да мора да патуваат до Скопје

Десет лица повредени во трагедијата во „Пулс“, за првпат во болницата во Кочани, биле третирани со ПРП терапија (плазма збогатена...

Топ23 часа

Сообраќајна расправија причина за бодењата со нож во Чаир, повредени тројца меѓу кои и малолетник

Скопското обвинителство победе постапка против 18-годишно момче за инцидентот што се случи синоќа во Чаир. Од тука информираа дека постапка...

Македонија23 часа

Одбраната побара ослободителни пресуди за Кешишев, Манев, Видевски и Ѓорчевски за убиствата на Вања и Панче

Одбраната побара ослободителни пресуди за Влатко Кешишев, Велибор Манев, Боре Видевски и Александар Ѓорчевски за убиствата на Вања и Панче....

Свет1 ден

(Видео) Нов напад на Израел врз Иран

Израелската армија соопшти дека Техеран повторно е нападнат. Израелските одбранбени сили (ИДФ) објавија дека нивните воздушни сили напаѓаат воени цели...

Македонија1 ден

Преспанци ќе добијат можност сами да предложат како да се уредат 30 локации на кои досега на диво трупаа ѓубре

Купишта ѓубре безмалку на секоја улица и силна смрдеа ги пречекуваат и оние малкумина туристи што ќе одлучат да ја...

Македонија1 ден

Новиот министер за хаосот со паркингот на Клинички: Имаме идеи, сè уште немаме решение

Краткорочно имаме идеи, сè уште немаме решение, но работиме на тоа и веруваме дека за кратко време ќе бидете известени,...

Македонија1 ден

Молк од државата за барањата за отстранување на новиот хотел на Горица, реагира „Фронт 21/42“

Законите не важат во Охридскиот Регион. Прекршувајќи го и Законот за постапување по претставките и предлозите, по претставката со која...