Свет
Русите откриле култ за оргии со малолетници

Руската полиција околу 100 члена на култот кој организирал сексуални оргии со малолетници во Оренбург, пренесува Ворлд њуз.
Руската полиција околу 100 члена на култот кој организирал сексуални оргии со малолетници во Оренбург, пренесува Ворлд њуз.
Водачот на групата Вјачеслав Весењин е психијатар кој неколку години работел во болница во Оренбург и со групата уапсени, учествувал во оргиите и снимал видео клипови.
Некои медиуми објавиле видео снимка на која се гледа како деца рецитираат вулгарни стихови пред возрасни лица кои се смеат.
Култот според информациите на полицијата има 150 членови од кои 12 малолетници, од кои повеќето живееле во куќата на водачот Весењин.
При апсењето, полицијата запленила повеќе од 500 фотографии./крај/ми
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Медведев: Затворањето на небото над Украина би значело војна со НАТО

По изјавите на полскиот министер за надворешни работи, Радослав Сикорски, дека НАТО размислува за затворање на небото над западна Украина поради честите напади со руски беспилотни летала, првата остра реакција дојде од Русија.
Заменик-претседателот на рускиот Совет за безбедност, Дмитриј Медведев, предупреди дека воспоставувањето зона на забрането летање над Украина и овластувањето на земјите од НАТО да соборуваат руски беспилотни летала би значело директен конфликт меѓу НАТО и Русија.
„Сериозно, спроведувањето на провокативната идеја на Киев и другите идиоти за создавање „зона на забрането летање над Украина“ и дозволување на земјите од НАТО да соборуваат наши беспилотни летала значи само едно: војна на НАТО со Русија“, напиша Медведев на својот Телеграм канал, коментирајќи ја изјавата на Сикорски.
Медведев, исто така, забележа дека „моќната европска иницијатива „Источна стража““ повеќе го забавила отколку што го исплашила. „Се чини дека ова е сè што останало од „коалицијата на оние што се подготвени“, истакна тој.
Тој се осврна и на посетата на естонскиот министер за одбрана Хано Певкур на Киев, додавајќи: „Колку е помала земјата, толку нејзините лидери се посклони кон агресија и глупост“.
Оваа изјава претставува прв отворен одговор на Москва на најавите на НАТО за потенцијално затворање на дел од украинскиот воздушен простор и дополнително ги разгорува тензиите во регионот, укажувајќи на можност за директна конфронтација со сојузниците од Алијансата, според написите во светските медиуми.
Фото: принтскрин
Свет
Лукашенко: Имаме сè за да му нанесеме неподнослива штета на агресорот

Одговорот на Белорусија во случај на директна закана ќе биде молскавично брз, Минск има сè што е потребно за да му нанесе незамислива штета на потенцијален агресор, изјави претседателот на земјата, Александар Лукашенко, во интервју за руските медиуми.
„Секако, го следиме развојот на ситуацијата на западните граници.
Во случај на директна закана, ќе одговориме со молскавично брзина на секој што ќе стапне на белоруска земја. Ако преминат од зборови на дела, ќе имаме со што да возвратиме.
Имаме што е потребно за да му нанесеме неприфатлива штета на агресор. Не им советувам да го тестираат тоа“, нагласи белорускиот лидер.
Лукашенко, исто така, оцени дека непријателската политика на Западот кон Русија и Белорусија не се менува, туку прераснува во отворено агресивна.
Според него, ваквите изјави се лицето на општата политика на Западот кон Белорусија и Русија.
„Најтажно е што оваа политика не се промени.
Поминаа 80 години од крајот на Втората светска војна, а таму, на Запад, тие сè уште ги сметаат нашите земји и нашиот братски сојуз за закана.
НАТО брзо ја вооружува Европа, а Полска и балтичките земји измислуваат наводно заштитни мерки за да им угодат на своите господари.
Една од нив е повлекување од Конвенцијата од Отава и деминирање на границата со Белорусија“, нагласи Лукашенко.
Во исто време, според него, сојузот меѓу Белорусија и Русија е тестиран со текот на времето и сè додека двете земји градат заедничка иднина, тие не можат да го прекинат.
Кога станува збор за решавање на ситуацијата во Украина, белорускиот претседател изјави дека нема алтернатива на мировните преговори за конфликтот, мора да се земат предвид интересите на сите страни, пренесува Спутник.
Лукашенко заклучи дека дијалогот мора да биде отворен и почитуван.
Фото: принтскрин
Свет
Беспилотно летало соборено над зградата на полската влада во Варшава

Безбедносните служби неутрализираа беспилотно летало што леташе над владините згради во центарот на Варшава, а двајца белоруски државјани се уапсени, објави вечерва полскиот премиер Доналд Туск.
„Службата за владина безбедност штотуку неутрализираше беспилотно летало што леташе над владината зграда и над палатата Белведер“, објави Туск на Икс. „Белведер“ е една од официјалните резиденции на полскиот претседател.
„Двајца белоруски државјани се уапсени“, додаде Туск. „Полицијата истражува“.
Инцидентот се случи во време кога Полска е во состојба на зголемена готовност откако група руски беспилотни летала влегоа во воздушниот простор на земјата минатата недела, анализираат медиумите во регионот.
Туск предупреди тогаш дека тоа е „најблиску што сме дошле до отворен конфликт од Втората светска војна“.
Фото: принтскрин