Свет
Со поткуп се купувале социјални станови
Дваесетина незадоволни граѓани тврдат дека при неодамнешната распределба на 40-те социјални стана во Кратово имало многу неправилности и дека некои од добитниците до стан дошле со поткуп.
НЕЗАДОВОЛНИ ГРАЃАНИ ВО КРАТОВО ТВРДАТ
Дваесетина незадоволни граѓани тврдат дека при неодамнешната распределба на 40-те социјални стана во Кратово имало многу неправилности и дека некои од добитниците до стан дошле со поткуп. Овие наводи ги потврдуваат и надлежните во локалната власт, кои сметаат дека некои семејства добиле социјални станови, а поседувале викендички, деловен простор и луксузни автомобили.
– На мојата колешка, за да се заврши работата и да се најде на списокот за стан, и биле побарани 1.000 евра. Таа одбила да го исплати бараниот износ и остана без станот – изјави соговорничка, која сака да остане анонимна, но ако е потребно вели дека ќе сведочи со име и презиме.
Незадоволните граѓаните и локалната власт бараат преиспитување на ранг-листите за доделување на становите.
– Кога се распиша конкурсот, ни беше речено дека предност ќе имаат млади брачни двојки и самохрани мајки со деца до 12 години. Ги исполнувам сите услови, но стан не добив – вели Весна Цекова, самохрана мајка на две малолетни деца.
Незадоволна е и Виолета Јакимовска, која била одбиена.
– Становите се со големина од 30 до 100 квадратни метри. За мене и моите две деца побарав стан од 30-ина квадрати. Од пред неколку години сум прогласена за технолошки вишок во "Силекс". Едното дете ми е со тежок хендикеп и живеам одвоено од мажот – се жали Јакимовска.
Одбиен бил и Владо Боризовски, курир во локалната самоуправа, кој вели дека 25 години живее како потстанар во куќа што се распаѓа.
Тројцата соговорници се дел од одбиените граѓани, кои со 20-ината потписи се обратиле за помош и до градоначалникот на Кратово, Мите Андонов.
– До мене и до Советот на Општината пристигна барање за преиспитување на постапката. Се согласувам со овие незадоволни граѓани и ќе бараме од надлежното министерство да се преиспита распределбата на социјалните станови во Кратово – вели Андонов. (Т.С.)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Украина ги повлекува тенковите Абрамс од борба: Пет од нив веќе се уништени во руските напади
Украина ги повлече од борбата тенковите Абрамс М1А1 испратени до неа од САД, делумно затоа што нападите со руски беспилотни летала ја попречија работата на тие тенкови и затоа што тие се цел на напади, изјавија за АП двајца американски воени претставници.
Засега, тенковите се преместени од првите линии на фронтот, а САД ќе соработуваат со Украинците за да најдат нова тактика за користење на тие тенкови, изјавија заменик-претседателот на Здружениот генералштаб, адмирал Кристофер Грејди и неименуван претставник на одбраната.
САД одобрија испраќање 31 тенк Абрамс во Украина во јануари 2023 година, откако украинските власти побараа нивна испорака, тврдејќи дека тенковите, кои чинат по околу 10 милиони долари, се од витално значење за пробивање на руските борбени линии.
Оттогаш фронтот значително се промени, особено поради употребата на руски извидувачки беспилотни летала, што им отежна на украинските сили да ги заштитат тенковите Абрамс од руски напади, бидејќи беспилотните летала брзо ги откриваат, наведува АП.
Агенцијата додава дека пет од 31 тенк Абрамс веќе се уништени во руските напади.
Свет
Јенс Столтенберг: Украина се уште може да ја добие војната против Русија
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изјави дека Украина се уште може да победи во војната против Русија, но дека сојузниците ќе мора повеќе да се ангажираат за Киев да ја добие поддршката што ја вети Алијансата.
Во четвртокот, на состанокот на непрофитната организација „Атлантски мост“ во Берлин, Столтенберг рече дека членките на НАТО сега треба да го претворат она што и го ветија и обврзаа на Украина во итна испорака на оружје и муниција, објави Киев Индипендент.
„Во последните месеци, членките на НАТО не ја дадоа поддршката што ја ветија“, рече Столтенберг.
Свет
Во Аргентина откриен нов вид диносаурус
Аргентинските палеонтолози објавија дека откриле нов вид диносаурус, наречен Chakisaurus nekul, кој живеел пред околу 90 милиони години во областа на денешна Патагонија.
Chakisaurus nekula е тревојаден диносаурус со средна големина, а фосилот е пронајден во природниот резерват Пуебло Бланко, во јужната провинција Рио Негро, каде што претходно биле пронајдени бројни остатоци од други диносауруси, цицачи и риби.
Се смета дека најголемиот чакисаурус достигнал големина од три метри во должина и 70 сантиметри во висина, а новите студии покажуваат дека овој тип на диносаурус трчал брзо и имал невообичаено закривена опашка, наведува Ројтерс.