Свет
Се обеси пироманот од Кисела Вода
Вчераутро се случија две самоубиства во Истра‘ниот затвор "Скопје" во населбата Шуто Оризари
Вчераутро се случија две самоубиства во Истра‘ниот затвор "Скопје" во населбата Шуто Оризари
Гагарин Зенделовиќ и Орхан Незири се обесиле во иста затворска ќелија
ЉУБИША СТАНКОВИЌ
ГОРАН АДАМОВСКИ
Човекот што го подметна пожарот во скопската населба Кисела Вода минатиот март, Гагарин Зенделовиќ, во кој загинаа четири лица вчера час и половина по полноќ се обеси во ќелијата на притворското одделение во затворот во Шуто Оризари. Во трагедијата на Зенделовиќ му се приклучил другиот осуденик од заедничката ќелија, Орхан Незири – тој се обесил во истовреме заедно со пироманот кој зави во црно четири семејства од Македонија. Директорот на Управата за извршување санкции, Костадинчо Ефремов, ни ја потврди оваа информација, но за други детали поврзани со овој настан тој не сакаше да говори, поради тоа што е почната истрагата. Терата на двајцата скопјани се предадени за обдукција во Институт за судска медицина во Скопје.
Ништо повеќе нема ни во соопштението испратено до медиумите, освен што се наведува за кои кривични дела Зенделовиќ и Незири ја извршувале казната. На 1 ноември минатата година во Основниот суд Скопје 2, Зенделовиќ беше осуден на 14 години затвор, а му беше одредена и мерка: задолжително психијатриско лекување. Со пресудата тој беше задолжен да ги обесштети и станарите од зградата А 4 на улицата "Ѓорѓи Сугаре" во скопската населба Кисела Вода со 4,3 милиони денари, но и да ги надомести трошоците за судската постапка. Гагарин Зенделовиќ остана запаметен во македонската јавност по необјаснивото подметнување на пожарот на 23 март лани кое ја шокира Македонија. Во големиот пожар загинаа студентките од Битола и Струмица Катерина Наковска (26) и Ива Витанова (20), и Божица Ќурковиќ (70) и Борис Кралевски (77) од Скопје, а десетина други се лекуваа од затруеност од густиот чад.
Од Управата за извршување санкции потврдуваат дека од судот е добиено решение со кое на Занделовиќ му бил продолжен притворот на уште три месеци, односно до правосилноста на пресудата.
Незири бил притворен поради тешка кражба, односно бил донесен од КПУ"Идризово" каде што издржувал друга затворска казна, бидејќи имал повторување на постапка. За Незири е потврдено дека три пати се обидел да се самоубие, но дека неговите намери биле спречувани од вработените во затворот, а за неговите суицидни намери бил извесетен и надлежниот суд.
За една година ова е петто самоубиство што се случило во македонските затвори. Имено, три самоубиства се случија во истражниот затвор "Скопје", а две во КПУ "Идризово". Во истиот период шестмина други починаа од природна смрт, а уште едно лице беше убиено.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Отруено бебе во Србија: по грешка наместо вода, во шишето имало бензин
Вистинска драма се одвивала денес во градинка во општина Блаце, бидејќи осумнаесетмесечно бебе имало проблеми, односно аспирација. Брзата помош веднаш реагирала, пренесуваат медиумите во соседството.
Под ознаката итно, во придружба на педијатар, бебето е префрлено во Општата болница Прокупље, а потоа оттаму во Клиничкиот центар во Ниш.
Според првичните информации, најверојатно бабата на детето по грешка сипала медицински бензин во шишето со вода.
Според информациите од одредени медиуми, се сомнева дека симптомите на труење биле откриени за време на престојот на детето во групата од градинка.
Според првичните информации, најверојатно бабата на детето по грешка сипала медицински бензин во шишето со вода.
Имено, медиумите тврдат дека тоа започнало поради шише со вода, но овие тврдења не се потврдени.
Свет
Фон дер Лајен повторно го преживеа гласањето недоверба во ЕП
Предлогот за гласање недоверба на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, не ја доби потребната поддршка на пленарната седница на Европскиот парламент, која се одржува во Стразбур оваа недела. Гласањето беше емитувано во живо на официјалната веб-страница на парламентот.
Според официјалните резултати, 165 европратеници гласаа за иницијативата, 390 гласаа против, додека 10 европратеници беа воздржани. Така, убедливото мнозинство против предлогот уште еднаш ја потврди стабилната поддршка на актуелната претседателка на Европската комисија во рамките на најголемите политички групи во Европскиот парламент, пренесуваат медиумите.
Ова беше трето гласање недоверба на Урсула фон дер Лајен, а иницијативата ја покрена парламентарната група Патриот. Како главна причина, тие го наведоа противењето на одлуката на Европската унија да потпише договор за слободна трговија со „Меркосур“, кој, според нив, носи ризици за европското земјоделство и економските интереси на поединечните земји-членки.
И претходните два обида за гласање недоверба на Европската комисија, започнати минатата година, завршија со неуспех. Тие предлози не успеаја да обезбедат ниту четвртина од гласовите во Европскиот парламент, иако трите најголеми парламентарни фракции континуирано ја поддржуваа Фон дер Лајен.
Иако иницијативата повторно беше отфрлена, дискусијата што следеше по неа покажа дека поделбите во Европскиот парламент, особено во однос на трговската политика и односите со надворешните партнери, сè уште се изразени и ќе останат една од клучните теми во наредниот период.
Свет
Рутe: НАТО мора да ја зајакне безбедноста на Арктикот
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денес изјави дека рамковниот договор за Гренланд што го договорил со американскиот претседател Доналд Трамп имплицира дека сојузниците на НАТО ќе мора да ја зајакнат безбедноста во арктичкиот регион.
Руте на маргините на Светскиот економски форум во швајцарскиот град Давос изјави дека првите резултати од зголемената безбедност на Арктикот ќе бидат видливи оваа година, пренесува Ројтерс.
„Ќе се собереме во НАТО со нашите високи команданти за да разработиме што е потребно. Не се сомневам дека можеме да го направиме тоа доста брзо. Секако се надевам за 2026 година, се надевам дури и на почетокот на 2026 година“, рече Руте.
Тој истакна дека сега е до командантите на НАТО да ги разработат деталите за дополнителните безбедносни барања и дека е сигурен дека членките на НАТО, кои не се блиску до Арктикот, исто така ќе сакаат да придонесат.
Руте рече дека за време на разговорот со Трамп, темата за експлоатација на критични минерали во Гренланд не била покрената.
Според него, напорите за зајакнување на безбедноста на Арктикот нема да влијаат на ресурсите за поддршка на Украина во нејзината војна со Русија.
Тој истакна дека конкретните преговори за Гренланд ќе продолжат меѓу Соединетите Американски Држави, Данска и Гренланд, кој е автономна данска територија.
Руте рече дека разговарал со Трамп и за тоа како да се обезбеди безбедноста на седумте арктички земји и како може да се осигура НАТО да го обезбедува Арктикот.
„Разговаравме како да се осигураме дека Русите и Кинезите нема да добијат пристап до економијата на Гренланд или во воена смисла“, додаде Руте, објави Танјуг.

