Свет
Милиони отишле на компензации, аванси и патувања
Во периодот кога директор на скопски "Паркови и зеленило" беше сегашниот амбасадор во Канада Сашко Насев, од јавното претпријатието се одлеале милиони со компензации, незаконски набавки на опрема и за аванси, утврдил Државниот завод за ревизија.
РЕВИЗИЈА НА РАБОТАТА НА "ПАРКОВИ И ЗЕЛЕНИЛО" ВО ВРЕМЕТО НА ПЕНОВ
Во периодот кога директор на скопски "Паркови и зеленило" беше сегашниот амбасадор во Канада Сашко Насев, од јавното претпријатието се одлеале милиони со компензации, незаконски набавки на опрема и за аванси, утврдил Државниот завод за ревизија. Парите се одлеале спротивно на законите за облигациони односи и за финансиско работење и без одлука на надлежни органи. Државниот завод за ревизија утврдил дека во јули 2000 година "Паркови и зеленило" потпишувал повеќекратна компензација од 5,5 милиони денари со фирмата "Го-Импекс". Парите на "Го-Импекс" и биле исплатени врз основа на претходни вложувања во летниот диско-клуб "Кабрио" откако бил раскинат договорот со нив за изнајмување на клубот. Ревизорите утврдиле дека вработени во "Паркови и зеленило" без презентирана веродостојна документација од "Го-Импекс" процениле оти вложувањата во "Кабрио" изнесуваат приближно 158 илјади тогашни германски марки.
"Со непочитување на одредбите, на претпријатието му е нанесена материјална штета, а на "Го-Импекс" му е овозможена противправна имотна корист", пишува во ревизорскиот извештај. За предметот во тек е судски процес по пријава на Управата за јавни приходи.
"Паркови и зеленило" заклучно со 31 декември 2002 година прикажало набавка на ограда во вредност од над 1.5 милиони денари. Оградата била поставена во забавниот парк со кој располага "Луна" ДООЕЛ – Скопје а "Паркови и Зеленило" е единствен содружник. Оградата била набавена без одлука за вложување во друга фирма. Ревизорите и во овој случај утврдиле дека се пречекорени овластувањата на одговорните лица, а на претпријатието му е нанесена штета од над 1.5 милиони денари.
Во 2004 година на фирмата "МБ Флораскоп" ДОО Скопје и е исплатен аванс од 169 илјади денари за набавка на цвеќе. Парите биле исплатени без склучен договор, спротивно на законот за облигациони односи. До денот на ревизијата, не се вратени парите, ниту е испорачано цвеќето. Претпријатието во оваа "зделка" извисило за 169 илјади денари.
Во конечниот извештај на Државниот завод за ревизија за финансиските извештаи за 2004 година на "Паркови и зеленило" се вели дека за трошоци за службени патувања во странство биле потрошени 276.000 денари. Парите биле потрошени без одлука на надлежен орган, спротивно на Уредбата за издатоци за службени патувања и селидби во странство. Според ревизорите, не само што 269 илјади денари се незаконски и ненаменски потрошени, туку се узурпирани и надлежностите на надлежни органи.
Ревизорите утврдиле дека директорот Насев го оштетил претпријатието со над 16 милиони денари во склучувањето на договори за изградба на административно деловни простории и станови со скопските градежни фирми "Зимекс" и "Конартис", за што вчера пишуваше "Дневник".
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Здравствено предупредување во Велика Британија поради студеното време
Четиридневно здравствено предупредување поради студеното време е на сила во Велика Британија од денес, а Метеоролошката служба предупреди на снег и мраз.
Предупредувањето на Агенцијата за здравствена безбедност на Велика Британија ги опфаќа централните и северните области на земјата и трае до понеделник во 8 часот наутро, објавува „Sky News“.
Метеоролошката служба објави дека арктичката морска воздушна маса донесе постудени услови и издаде жолто ниво на предупредување за снег и мраз.
Оваа состојба ја опфаќа практично цела Шкотска и поголемиот дел од северна Англија.
„На локациите над 200 метри во Шкотска и северна Англија може да се видат 2-5 см снег, но на локациите над 300 метри може да се видат двојно повеќе, дури и до 10 см“, изјави главниот прогнозер на Метеоролошката служба, Џејсон Кели.
Утре низ целата земја се предвидува утро со мраз и температури под нулата, а на некои места се очекува сув ден, прв од почетокот на годината, имајќи ја предвид големата количина на врнежи од почетокот на јануари.
Северна Ирска, исто така, го забележа највлажниот јануари во последните 149 години, според „Скај њуз“.
Метеоролошката служба најави дополнителни дождови, силни ветрови и снег во северните области.
Европа
Данска ќе обезбеди четири борбени авиони Ф-35 за мисијата на НАТО во Арктикот
Данска ќе обезбеди четири борбени авиони Ф-35 за мисијата на НАТО „Арктички стражар“, изјави данскиот министер за одбрана Троелс Лунд Поулсен.
НАТО во среда објави дека ја започнал мисијата за зајакнување на своето присуство на Арктикот, како дел од напорите за намалување на тензиите во рамките на алијансата предизвикани од желбата на американскиот претседател Доналд Трамп да ја преземе контролата врз Гренланд од Данска.
„Нашиот придонес (со борбени авиони Ф-35) го зајакнува целокупното присуство во регионот и ја нагласува улогата на Данска како активен сојузник на Арктикот и Северниот Атлантик“, рече Поулсен во соопштението.
Министерот им рече на новинарите пред Минхенската безбедносна конференција дека очекува и САД да придонесат во мисијата на НАТО.
НАТО започна со планирање на мисијата откако Трамп и генералниот секретар Марк Руте се сретнаа во Давос минатиот месец. По таа средба, Трамп ги повлече заканите за царини за европските земји и ја исклучи употребата на сила за преземање на контролата врз Гренланд.
Руте и Трамп се согласија во Давос дека НАТО треба да преземе поголема одговорност во Арктикот, со оглед на руските и кинеските амбиции во областа.
Свет
Зеленски потпиша: Украина воведува санкции за 91 брод од руската „флота во сенка“
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, потпиша указ за спроведување на одлуката на Советот за национална безбедност и одбрана за воведување санкции врз 91 брод кои се дел од таканаречената руска „флота во сенка“, објави Канцеларијата на претседателот на Украина.
Канцеларијата забележува дека Русија ги користела овие бродови за транспорт на нафта и нафтени деривати од руските пристаништа до трети земји, пренесува Укринформ.
Како што е наведено, ова е направено со заобиколување на санкциите на Европската Унија, Г7 и други земји, што е потврдено од резултатите од мониторингот во Црното, Црвеното и Балтичкото Море.
Санкцираните бродови пловеле под знамињата на околу 20 земји, наведува Укринформ, додавајќи дека само едно од нив било руско, а другите биле знамињата на Панама, Либерија, Камерун, Барбадос, Маршалските Острови, Хонг Конг, Сиера Леоне, Тонга, Палау, Гвинеја, Коморите, Бахамите, Индонезија, Малави, Гвинеја-Бисао, Џибути, Гвајана и Есватини.
„Украина ќе им обезбеди релевантни информации на овие земји, а исто така ќе соработува со партнерите за понатамошна синхронизација на санкциите во нивните јурисдикции. Од оваа листа на бродови, 27 веќе се под санкции од партнерите – САД, Велика Британија, Швајцарија и Европската Унија. Работата за воведување санкции за преостанатите 64 ќе продолжи“, забележува публикацијата.
Кабинетот на претседателот нагласува дека воведувањето санкции врз „флотата во сенка“ е приоритет, бидејќи овозможува да се изврши притисок врз секој што транспортира руска нафта и со тоа ѝ помага на Русија да добие средства за финансирање на војната против Украина.
„Танкерите на „флотата во сенка“ се клучна алатка за заобиколување на санкциите за нафта, па затоа нивната идентификација и воведувањето санкции против нив мора да се изврши брзо и без исклучок. Секој таков брод мора да се смета за елемент на финансирање на руската воена машинерија“, рече Владислав Власјук, советник и комесар на претседателот за политика на санкции, пренесува Танјуг.

