Свет
Помлади мажи плаќаат за секс со возрасни проститутки
Проституцијата цвета во годината кога парламентарците најавија легализирање
Проституцијата цвета во годината кога парламентарците најавија легализирање
Бројките велат дека биле приведени над 100 девојки за забава, а добар дел од нив заработиле прекршочна пријава
Проституцијата можеби и не ги доживува "ѕвездените мигови", но со неколку настани го привлече вниманието на љубопитната јавност. Проститутки фатени на дело, девојки во салон за убавина нудат еротски масажи, малолетнички имаат секс со мажи во "есента на животот", па "лесни девојки" над 60 години, тоа е само дел од сижето за проституцијата во изминататите петнаесетина месеци. Ниту судските органи не беа заобиколени, па така една ослободителна пресуда за трговија со луѓе предизвика големо интересирање. Тој судски процес (барем засега) заврши во тетовскиот Основен суд, а друг е во почетна фаза во скопска "единица".
Сето ова се случува во годината кога дел од македонските парламентарци побараа легализација на најстариот занает во светот. Додека не се случи тоа, полициските акции во станови, на улици и на тротоари ќе бидат редовна појава. Што се однесува до бизнисот, очигледно дека цвета. Бројките велат дека над 100 девојки за забава биле приведени, а добар дел од нив заработија прекршочна пријава. Нивните шефови би требало кривично да одговараат за посредување при вршење проституција, но нивните сметки се совршено јасни. Речиси во сите случаи откриени лани се покажа дека повеќе од половина од тарифираната цена за услугата им припаѓаше ним, а помалиот дел на жените што ги заработиле парите. Поднесените полициски пријави најчесто се губеа по судските ходници.
Полицијата изврши десетина акции во Скопје со цел да открие и да спречи проституција. Кругот околу Македонската радио телевизија, кој важи за главно собиралиште во градот, кога е во прашање проституцијата, константно беше чешлан од полициските службеници. Вкупно дваесетина девојки беа фатени на дело на задните автомобилски седишта или, пак, во околните грмушки. Приведените девојки, главно, се на возраст од 18 до 35 години. Имаат завршено само основно училиште и потекнуваат од сиромашни семејства. За својот труд наплаќаат од 300 до 1.000 денари. Цената варира во зависност од атрактивноста на девојките и желбите што ги има клиентот.
Сепак, факт е дека девојките по информативниот разговор во полициската станица се враќаат на улица и така пак до наредното приведување.
И додека тука може да стане збор за условна фриволност, полицијата откри неколку случаи на присилување на проституција. Во почетокот на август
беше откриено дека двајца кумановци киднапирале 21-годишна жена и нејзината петгодишна ќеркичка. Ја транспортирале во куќа во Штип, каде што сопственикот ја принудувал на проституција и Ј се заканувал дека ќе посегне по животот на нејзината ќеркичка. Заточеништвото траело 18 дена, а потоа девојката успеала да избега и случајот да го пријави во најблиската полициска станица.
Шеснаесетгодишна девојка од Штип била присилена да има сексуални односи со триесетина мажи. Четирите лица што ја принудуваа на проституција завршија во притвор. Подведувачите Ј наоѓале муштерии, се договарале за цена што се движела од 1.500 до 3.000 денари и откако ќе се завршела работата, договорената сума ја делеле на половина.
Кон средината на декември голем скандал ја потресе прилепската јавност. Седумдесет и тригодишниот М.В. од Мажучиште, Прилепско, ги користел сексуалните услуги на малолетничка од Струга. Четиричлена група од Прилеп ја натерале седумнаесетгодишната стружанката на секс со дедо, а заработувачката да ја делеле. Малолетничката договорила цена од 1.500 денари, а откако завршиле работа, се договориле за наредна средба. Но, наредната вечер му се јавила по телефон и го замолила, најпрво, да Ј ги испрати парите по такси. Дедото го направил тоа, но девојката повторно не дошла во неговиот дом. Четворицата прилепчани го посетиле и му се заканиле дека ќе им кажат сў на родителите на девојката ако не им даде пари. Револтиран од тоа, дедото го пријавил случајот во полиција.
Само за десетина дена полицијата во два стана во Скопје реализира речиси идентични акции. Најпрво, во стан во близина на Железничката станица во Скопје беа фатени три проститутки додека имале секс со четворица клиенти. Интересно, две од проститутките биле на возраст од 45, односно 49-годишна возраст. Соседите се жалеа дека во станот од утро до мрак имало врвулица од мажи. Организатор на проституцијата бил сопственикот на станот. Тој ги пазарел муштериите за 1.300 денари, од кои 300 за задржувал за себе.
Поневеројатна беше втората – "чаирска" акција. Имено, полицајците на дело фатија две проституки во поодминати години во сексуален однос со пет мажи. "Девојките" стари 63, односно 49 години, наплатувале по 500 денари. Макро била 58-годишна скопјанка. Таа, всушност, требала да Ј биде негувателка на 91-годишната сопственичка на станот. Но, наместо да се грижи за неподвижната и слепа бабичка, организирала оргии. Уште поневеројатно е тоа што оваа појава траела десетина години. Станарите во зградата неколкупати се јавувале во полиција за да информираат за тоа што се случува во нивното соседство, но полицијата била глува на нивните барања.
Дваесет и четиригодишна девојка од Демир Капија, сопственичка на нелегален салон за убавина "Њу фејс", сместен во најмен стан во Скопје, беше осудена на шест месеци, бидејќи трите вработени девојки, од кои две малолетни, ги принудувала да им врши еротска масажа на клиентите. Девојките, од кои две велешанки и една кумановка, биле принудени да ги вршат услугите за паричен надомест од 2.000 денари на час. Сопственичката на "Њу фејс" за себе задржувала о 1.500 денари.
За разлика од неа, сопственикот на угостителскиот објект "Ориентал ас" во тетовското село Жеровјане, веќе доби ослободителна пресуда. Тетовскиот суд не утврди дека Али Арифи (35) е сторител на кривично дело шверц со емигранти. Тој беше обвинет дека во својот локал прифатил пет бугарски државјанки, кои ги вработил како танчарки, иако не поседувале уредни документи.
Годинава двата поголеми секс-скандала се случија во Штип и во Струга. Најпрво штипската полиција ја уапси "мадам Васка", која водела дневник за сите клиенти на своите девојки. Таа запишувала сў за своите штитенички, а таа нејзина навика го преплаши речиси половина град, стравувајќи дека нивното име ќе излезе од црниот тефтер на нивната сограѓанка.
Пред неколку дена беше откриено дека 71-годишна стружанка издавала соба во својата куќа, која всушност била легло на проституција. Полицијата фати на дело 20-годишна девојка во моментите додека им давала сексуални услуги на двајца мажи. Старицата негирала дека станува збор за проституција, а тоа го тврделе и тројцата секс-партнери. Сепак, истрагата покажа дека клиенти Ј платиле на девојката по 1.000 денари.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Здравствено предупредување во Велика Британија поради студеното време
Четиридневно здравствено предупредување поради студеното време е на сила во Велика Британија од денес, а Метеоролошката служба предупреди на снег и мраз.
Предупредувањето на Агенцијата за здравствена безбедност на Велика Британија ги опфаќа централните и северните области на земјата и трае до понеделник во 8 часот наутро, објавува „Sky News“.
Метеоролошката служба објави дека арктичката морска воздушна маса донесе постудени услови и издаде жолто ниво на предупредување за снег и мраз.
Оваа состојба ја опфаќа практично цела Шкотска и поголемиот дел од северна Англија.
„На локациите над 200 метри во Шкотска и северна Англија може да се видат 2-5 см снег, но на локациите над 300 метри може да се видат двојно повеќе, дури и до 10 см“, изјави главниот прогнозер на Метеоролошката служба, Џејсон Кели.
Утре низ целата земја се предвидува утро со мраз и температури под нулата, а на некои места се очекува сув ден, прв од почетокот на годината, имајќи ја предвид големата количина на врнежи од почетокот на јануари.
Северна Ирска, исто така, го забележа највлажниот јануари во последните 149 години, според „Скај њуз“.
Метеоролошката служба најави дополнителни дождови, силни ветрови и снег во северните области.
Европа
Данска ќе обезбеди четири борбени авиони Ф-35 за мисијата на НАТО во Арктикот
Данска ќе обезбеди четири борбени авиони Ф-35 за мисијата на НАТО „Арктички стражар“, изјави данскиот министер за одбрана Троелс Лунд Поулсен.
НАТО во среда објави дека ја започнал мисијата за зајакнување на своето присуство на Арктикот, како дел од напорите за намалување на тензиите во рамките на алијансата предизвикани од желбата на американскиот претседател Доналд Трамп да ја преземе контролата врз Гренланд од Данска.
„Нашиот придонес (со борбени авиони Ф-35) го зајакнува целокупното присуство во регионот и ја нагласува улогата на Данска како активен сојузник на Арктикот и Северниот Атлантик“, рече Поулсен во соопштението.
Министерот им рече на новинарите пред Минхенската безбедносна конференција дека очекува и САД да придонесат во мисијата на НАТО.
НАТО започна со планирање на мисијата откако Трамп и генералниот секретар Марк Руте се сретнаа во Давос минатиот месец. По таа средба, Трамп ги повлече заканите за царини за европските земји и ја исклучи употребата на сила за преземање на контролата врз Гренланд.
Руте и Трамп се согласија во Давос дека НАТО треба да преземе поголема одговорност во Арктикот, со оглед на руските и кинеските амбиции во областа.
Свет
Зеленски потпиша: Украина воведува санкции за 91 брод од руската „флота во сенка“
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, потпиша указ за спроведување на одлуката на Советот за национална безбедност и одбрана за воведување санкции врз 91 брод кои се дел од таканаречената руска „флота во сенка“, објави Канцеларијата на претседателот на Украина.
Канцеларијата забележува дека Русија ги користела овие бродови за транспорт на нафта и нафтени деривати од руските пристаништа до трети земји, пренесува Укринформ.
Како што е наведено, ова е направено со заобиколување на санкциите на Европската Унија, Г7 и други земји, што е потврдено од резултатите од мониторингот во Црното, Црвеното и Балтичкото Море.
Санкцираните бродови пловеле под знамињата на околу 20 земји, наведува Укринформ, додавајќи дека само едно од нив било руско, а другите биле знамињата на Панама, Либерија, Камерун, Барбадос, Маршалските Острови, Хонг Конг, Сиера Леоне, Тонга, Палау, Гвинеја, Коморите, Бахамите, Индонезија, Малави, Гвинеја-Бисао, Џибути, Гвајана и Есватини.
„Украина ќе им обезбеди релевантни информации на овие земји, а исто така ќе соработува со партнерите за понатамошна синхронизација на санкциите во нивните јурисдикции. Од оваа листа на бродови, 27 веќе се под санкции од партнерите – САД, Велика Британија, Швајцарија и Европската Унија. Работата за воведување санкции за преостанатите 64 ќе продолжи“, забележува публикацијата.
Кабинетот на претседателот нагласува дека воведувањето санкции врз „флотата во сенка“ е приоритет, бидејќи овозможува да се изврши притисок врз секој што транспортира руска нафта и со тоа ѝ помага на Русија да добие средства за финансирање на војната против Украина.
„Танкерите на „флотата во сенка“ се клучна алатка за заобиколување на санкциите за нафта, па затоа нивната идентификација и воведувањето санкции против нив мора да се изврши брзо и без исклучок. Секој таков брод мора да се смета за елемент на финансирање на руската воена машинерија“, рече Владислав Власјук, советник и комесар на претседателот за политика на санкции, пренесува Танјуг.

