Свет
Директорско место за 400 евра
директори треба да платат по 400 евра за да посетуваат часови, иако претходно им било кажано дека подготовката била спонзорирана од УСАИД
ИЗЛАЖАНИ ПРОФЕСОРИ
Професорите во основите и во средните училишта кои се пријавиле на конкурсот за обука за директори треба да платат по 400 евра за да посетуваат часови, иако претходно им било кажано дека подготовката била спонзорирана од УСАИД
Професорите во основите и во средните училишта кои се пријавиле на конкурсот за обука за директори треба да платат по 400 евра за да посетуваат часови. Но тие велат дека во конкурост кога се пријавувале никаде не стоело дека обуката ќе треба сами да си ја платата. Професорите тврдат дека им било кажано дека подготовката била спонзорирана од УСАИД и дека тие можеби ќе партиципираат само со некоја симболична сума. Со измените на законската регулатива, без положен испит кандидатите не можат да станат директори.
"Откако не информираа дека сме ги исполнуваме условите моравме да платиме сите по 500 денари за административни тошоци. Толку пари само за едно ливче што ни го испратија на домашна адреса, а се пријавија околу 1.000 кандидати. Откако ги дадовме тие пари ни кажаа пак, дека сега ќе треба да платиме по 400 евра за обуката", реагираат професорите. "Ние зимаме плата по 200 евра. Кој од нас може да плати толку многу. Направија тој што има пари да плати да стане директор. Тој што нема ништо", објаснуваат кандидатите. Тие велат дека сумата од 400 евра е превисока зашто со тие пари тие не добиваат надградба во образованието.
"Никаде во конкурсот не стоеше дека обуката е бесплатна", вели Константин Петковски претседател на Комисијата за полагање на испит за директори. "Бесплата беше само обуката за сегашните директори. Но ние со законот сме обврзани вакви конкурси да распишуваме двапати годишно. Обуката ќе ја прават три акредитирани установи и тие си ја формираат цената", кажува Петковски.
Тој објаснува дека на конкурсот биле пријавени 1.000 кандидати, а од нив 850 ги исполниле условите. Останатите немале завршено високо образование, или, пак, имале помалку од 5 години работно искуство во образованието.
Подготовката за полагање на директорски испит може да ја организираат Филолошкиот факултет и Американ колеџот од Скопје, како и Техничкиот факултет во Битола.
"До петокот потврди подигнаа 120 кандидати. За две недели Комисијата повторно ќе распише конкурс за организирање обука", вели Петковски. (Р.Ф.)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Здравствено предупредување во Велика Британија поради студеното време
Четиридневно здравствено предупредување поради студеното време е на сила во Велика Британија од денес, а Метеоролошката служба предупреди на снег и мраз.
Предупредувањето на Агенцијата за здравствена безбедност на Велика Британија ги опфаќа централните и северните области на земјата и трае до понеделник во 8 часот наутро, објавува „Sky News“.
Метеоролошката служба објави дека арктичката морска воздушна маса донесе постудени услови и издаде жолто ниво на предупредување за снег и мраз.
Оваа состојба ја опфаќа практично цела Шкотска и поголемиот дел од северна Англија.
„На локациите над 200 метри во Шкотска и северна Англија може да се видат 2-5 см снег, но на локациите над 300 метри може да се видат двојно повеќе, дури и до 10 см“, изјави главниот прогнозер на Метеоролошката служба, Џејсон Кели.
Утре низ целата земја се предвидува утро со мраз и температури под нулата, а на некои места се очекува сув ден, прв од почетокот на годината, имајќи ја предвид големата количина на врнежи од почетокот на јануари.
Северна Ирска, исто така, го забележа највлажниот јануари во последните 149 години, според „Скај њуз“.
Метеоролошката служба најави дополнителни дождови, силни ветрови и снег во северните области.
Европа
Данска ќе обезбеди четири борбени авиони Ф-35 за мисијата на НАТО во Арктикот
Данска ќе обезбеди четири борбени авиони Ф-35 за мисијата на НАТО „Арктички стражар“, изјави данскиот министер за одбрана Троелс Лунд Поулсен.
НАТО во среда објави дека ја започнал мисијата за зајакнување на своето присуство на Арктикот, како дел од напорите за намалување на тензиите во рамките на алијансата предизвикани од желбата на американскиот претседател Доналд Трамп да ја преземе контролата врз Гренланд од Данска.
„Нашиот придонес (со борбени авиони Ф-35) го зајакнува целокупното присуство во регионот и ја нагласува улогата на Данска како активен сојузник на Арктикот и Северниот Атлантик“, рече Поулсен во соопштението.
Министерот им рече на новинарите пред Минхенската безбедносна конференција дека очекува и САД да придонесат во мисијата на НАТО.
НАТО започна со планирање на мисијата откако Трамп и генералниот секретар Марк Руте се сретнаа во Давос минатиот месец. По таа средба, Трамп ги повлече заканите за царини за европските земји и ја исклучи употребата на сила за преземање на контролата врз Гренланд.
Руте и Трамп се согласија во Давос дека НАТО треба да преземе поголема одговорност во Арктикот, со оглед на руските и кинеските амбиции во областа.
Свет
Зеленски потпиша: Украина воведува санкции за 91 брод од руската „флота во сенка“
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, потпиша указ за спроведување на одлуката на Советот за национална безбедност и одбрана за воведување санкции врз 91 брод кои се дел од таканаречената руска „флота во сенка“, објави Канцеларијата на претседателот на Украина.
Канцеларијата забележува дека Русија ги користела овие бродови за транспорт на нафта и нафтени деривати од руските пристаништа до трети земји, пренесува Укринформ.
Како што е наведено, ова е направено со заобиколување на санкциите на Европската Унија, Г7 и други земји, што е потврдено од резултатите од мониторингот во Црното, Црвеното и Балтичкото Море.
Санкцираните бродови пловеле под знамињата на околу 20 земји, наведува Укринформ, додавајќи дека само едно од нив било руско, а другите биле знамињата на Панама, Либерија, Камерун, Барбадос, Маршалските Острови, Хонг Конг, Сиера Леоне, Тонга, Палау, Гвинеја, Коморите, Бахамите, Индонезија, Малави, Гвинеја-Бисао, Џибути, Гвајана и Есватини.
„Украина ќе им обезбеди релевантни информации на овие земји, а исто така ќе соработува со партнерите за понатамошна синхронизација на санкциите во нивните јурисдикции. Од оваа листа на бродови, 27 веќе се под санкции од партнерите – САД, Велика Британија, Швајцарија и Европската Унија. Работата за воведување санкции за преостанатите 64 ќе продолжи“, забележува публикацијата.
Кабинетот на претседателот нагласува дека воведувањето санкции врз „флотата во сенка“ е приоритет, бидејќи овозможува да се изврши притисок врз секој што транспортира руска нафта и со тоа ѝ помага на Русија да добие средства за финансирање на војната против Украина.
„Танкерите на „флотата во сенка“ се клучна алатка за заобиколување на санкциите за нафта, па затоа нивната идентификација и воведувањето санкции против нив мора да се изврши брзо и без исклучок. Секој таков брод мора да се смета за елемент на финансирање на руската воена машинерија“, рече Владислав Власјук, советник и комесар на претседателот за политика на санкции, пренесува Танјуг.

