Контакт

Свет

На штипскиот обвинител пак ќе му се суди

Објавено пред

Врховниот суд на Македонија ја укина пресудата од една година затвор за основниот јавен обвинител во Штип, Александар Наков, кој беше осуден за примање поткуп.

dobivaj vesti na viber

ВРХОВНИОТ СУД ЈА УКИНА ПРЕСУДАТА ОД ЕДНА ГОДИНА ЗАТВОР ЗА АЛЕСКАНДАР НАКОВ

Врховниот суд на Македонија ја укина пресудата од една година затвор за основниот јавен обвинител во Штип, Александар Наков, кој беше осуден за примање поткуп.

Наков побарал вонредно преиспитување на пресуда. Врховниот суд во својата одлука образложил дека не се согласува со утврдената фактичка состојба на Основниот суд во Кочани и на Апелациониот суд во Штип, кој ја потврдил пресудата на кочанскиот суд за една година затвор. Двата суда погрешно ги ценеле доказите, па заради тоа и двете пресуди ги укинува и ги враќа на повторно судење во Основниот суд во Кочани.

 

На 2 март лани Републичкото јавно обвинителство спроведе постапка за утврдување на дисциплинска одговорност. По три месеци тој беше разрешен од функцијата иако првостепената пресуда не беше правосилна ниту беше потврдена од Апелациониот суд во Штип.

 

На судењето Наков изјавуваше дека целиот процес е монтиран и дека тој воопшто не барал пари од Сашко Андонов. Тој го пријавил Наков дека наводно му побарал мито од 1.300 евра ако сака да го заташка случајот со неговата сообраќајна несреќа. Во 2004 година Андонов имал сообраќајка со автомобил што го управувал неговиот син. На Андонов му било сугерирано само да ја плати штетата за возилото бидејќи во сообраќајката тој бил виновен. Основниот суд во Кочани не ја прифатил изјавата на сведок, другар на Андонов, кој му кажувал дека некој од штипското обвинителство му сугерирал барањето пари за сообраќајката да го пријави како барање за поткуп. Исто така, Наков изјавувал дека тој не можел да има влијание кога во неговото обвинителство се реферирало за сообраќајката бидејќи тој тогаш бил на службен пат за Италија и тоа со Републичкиот јавен обвинител Александар Прчевски.

 

Една година подоцна, Прчевски, преку Одделението за криминалитет спроведе кривична одговорност на Наков и за негово разрешување од функцијата. Наков вели дека се уште не ја добил пресудата од Врховниот суд но ја прочитал. Од Апелациониот суд во Штип ја потврдуваат одлуката. Наков вели дека на Освнониот суд во Кочани со оваа одлука му е дадена само можност судот да си ја корегира грешката. Тој се уште размислува што ќе превземе во врска со неговото разрешување, останување без работа и без плата. Ќе чека правосилност на одлуката.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет

Нуклеарните преговори на САД со Иран без голем напредок

Објавено пред

Разговорите меѓу САД и Иран во Женева завршија без голем напредок како конечен договор, потврди лице запознаено со состанокот, иако имаше некои индикации дека двете страни постигнале напредок, објави CNN.

dobivaj vesti na viber

Според медиумот, медијаторите се согласиле за понатамошни технички разговори меѓу двете земји следната недела.

Двете страни влегоа во денешните разговори очекувајќи детално да разговараат за нуклеарната програма на Иран, при што претставниците на претседателот Доналд Трамп поставија цврсти барања на Техеран да не му биде дозволено да збогатува нуклеарен материјал.

За време на паузата во разговорите, двете страни направија некои мали промени во своите почетни позиции, според друго лице запознаено со преговорите, сигнал дека преговорите се сериозни.

Се очекуваше Стив Виткоф и Џаред Кушнер да ги информираат Трамп и другите високи претставници на Белата куќа по завршувањето на разговорите, кои беа поделени на утрински и попладневни сесии.

Не е јасно кој од американската страна ќе присуствува на планираните технички разговори следната недела. Виткоф и Кушнер не вклучија технички експерти во неодамнешните рунди преговори.

Прикажи повеќе...

Свет

Фајненшл тајмс: Менталната состојба на Трамп е ризик за целиот свет

Објавено пред

Во колумна за Фајненшл тајмс, уредникот Едвард Лус пишува дека менталната состојба на американскиот претседател Доналд Трамп е глобален ризик.

dobivaj vesti na viber

Иако таканареченото правило на Голдвотер им советува на американските психијатри уште од 1970-тите години јавно да не го проценуваат менталното здравје на политичарите, Лус истакнува дека дури и без професионална дијагноза, на многумина им се чини дека односот на Трамп со реалноста станува сè понестабилен.

Неговите преостанати почитувани бранители тврдат дека Трамп само ги „трола“ своите противници и намерно ги провоцира либералите, но Лус оценува дека таквото објаснување звучи сè помалку убедливо. Особено е загрижувачки, пишува тој, што Трамп ја подготвува американската армија за можни конфликти на Блискиот Исток, а не е во можност јасно да ги дефинира целите. При проценката на геополитичките ризици, верува Лус, психолошката состојба на Трамп мора да се земе како сериозен фактор.

Самиот факт дека Трамп често кажува лаги не значи автоматски дека е ирационален. Сепак, проблемот се јавува ако тој почне да верува во сопствените лаги – а околината му помага во тоа. Многу странски лидери се обидуваат да го „управуваат“ со ласкање. Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, на пример, го опиша како „татко“ кој го штити семејството. Дури и ако не верува во тоа, целта, сугерира Лус, е да се поттикне егото на Трамп со цел да се омекнат неговите одлуки. Ризикот е дека таквото ласкање само ќе ја продлабочи неговата склоност кон фантазии.

Речиси и да нема луѓе во администрацијата кои отворено би му противречеле. Членовите на кабинетот се натпреваруваат во пофалби. Министерката за правда Пам Бонди го нарекува најголемиот претседател во историјата на САД. Министерот за трговија Хауард Латник зборува за „златното доба“ создадено од Трамп. Министерот за одбрана Пит Хегсет ја опиша една воена операција како „најмоќниот напад во светската историја“. Лус забележува дека во таква средина е тешко да се очекуваат реални проценки, особено кога станува збор за чувствителни прашања како Иран.

Лус ги смета повиците на либералите за активирање на 25-тиот амандман, со кој претседателот би можел да биде отстранет поради некомпетентност, за илузија, бидејќи таквата постапка би морала да ја иницира потпретседателот со поддршка на кабинетот – и тешко е да се замисли дека Џ.Д. Венс би му го свртел грбот на Трамп.

Сепак, Трамп се соочува со ограничувања. Врховниот суд неодамна ги поништи повеќето од неговите тарифи, предизвикувајќи го неговиот гнев, дури и кај судиите што самиот ги назначи. Отпор доаѓа и од Федералните резерви, каде што претседателот Џером Пауел ја брани независноста на централната банка. Инфлацијата расте, а монетарната политика останува надвор од целосна контрола на Трамп.

Јавното мислење не е ниту во негова корист, особено поради суровата имиграциска политика и активностите на федералната служба ICE, кои предизвикуваат отпор во граѓанското општество и во пониските судови.

Лус заклучува дека Трамп на крајот се повлекува кога ќе наиде на силен отпор. Но, тоа важи само ако ги разбира границите на моќта. Најголемата опасност, предупредува авторот, лежи во средина која му кажува што сака да чуе, наместо што треба да знае.

Прикажи повеќе...

Свет

Хилари Клинтон: Не се сеќавам дека некогаш сум се сретнала со Епстин

Објавено пред

Хилари Клинтон денес изјави пред конгресниот комитет дека не се сеќава дека некогаш се сретнала со покојниот сексуален престапник Џефри Епстин и дека нема информации да сподели за неговите криминални активности.

dobivaj vesti na viber

„Не се сеќавам дека некогаш сум се сретнала со господин Епстин. Никогаш не сум летала со неговиот авион, ниту сум ги посетила неговите острови, домови или канцеларии. Немам што да додадам на тоа“, рече 78-годишната Клинтон во изјава пред Комитетот за надзор на Претставничкиот дом. Таа и нејзиниот сопруг, поранешниот демократски претседател Бил Клинтон (79), првично одбија да сведочат пред комитетот, но попуштија кога пратениците поднесоа обвиненија за непочитување на судот, објави „ХИНА“.

Бил Клинтон треба да сведочи пред комитетот утре. Пред сослушувањето, претседателот на Комитетот за надзор Џејмс Комер од Кентаки, републиканец, негираше дека истрагата е партиски напад врз претседателскиот ривал на Трамп во 2016 година, истакнувајќи дека неколку демократи исто така инсистирале Клинтонови да сведочат.

Тој додаде дека комисијата ќе се обиде да дознае повеќе за каков било контакт што можеби го имала со Епстин, неговата вмешаност во хуманитарната работа на Клинтонови и каков било однос што можеби го имала со затворената соработничка на Епстин, Гислен Максвел.

Името и сликите на Бил Клинтон се појавуваат во документи поврзани со истрагите за Епстин. Сепак, самото споменување не значи ништо. Поранешниот претседател постојано негираше каква било незаконитост во врска со неговото познанство со Епстин, објави ДПА.

Со години, Епстин управуваше со синџир на злоупотреба во кој десетици млади жени и малолетници беа жртви. Финансиерот од Њујорк имаше одлични врски во американското високо општество. Почина во својата затворска ќелија во 2019 година, пред да биде осуден, пренесуваат агенциите.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија7 часа

Сиљановска-Давкова: „Извозот на мозоци“ остава длабоки лузни, најдобрите си заминуваат поради недостиг на правдата при вработувањето и напредувањето

Претседателката на државата, Гордана Сиљановска -Давкова денеска присуствуваше на презентацијата на проектот „Партнерства за вештини за одржливи и праведни модели...

Македонија12 часа

Таравари поднесе тужба за клевета против Изет Меџити

Претседателот на поделената Алијанса за Албанците, Арбен Таравари, преку својот адвокат, Aбидин Абдули, вчера поднесе тужба за клевета во Основниот...

Македонија13 часа

Мицкоски: Јас бев најнапаѓан човек од Артан Груби, на Прочка се креваа дронови над куќата на мојата сестра

На денешната седница за пратенички прашања претседателот на Владата, Христијан Мицкоски беше прашан за актуелната тема во јавноста со апсењето...

Македонија14 часа

Цвеќе во помен на Борис Трајковски – 22 години од авионската несреќа

Делегација предводена од претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, членови на политички партии, семејството денес оддадоа почит во помен на трагично загубените животи...

Македонија15 часа

Мицкоски до Филипче: Со тоа што ги напаѓате пензионерите, само потврдувате дека сте мекото ткиво на политичката сцена

Мене ми е жал што не ја научивте лекцијата, и удирате повторно по група на луѓе кои што за време...

Македонија16 часа

„Блокадафест“ пред влезот на Усје, целодневен протест со музичка програма

Утре со почеток од 15 до 23 часот ќе се одржи целодневен протест пред влезот на фабриката Усје. „Со нас...

Европа16 часа

Орбан му пиша на Зеленски: Четири години нè туркате во војната меѓу Украина и Русија

Унгарскиот премиер Виктор Орбан објави „отворено писмо“ до украинскиот претседател Володимир Зеленски на Икс, обвинувајќи го дека четири години се...

Македонија17 часа

ВЛЕН: Кој од ДУИ му се заканува на Артан Груби?

„Ништо повеќе не е исто како порано. Почнува внатрешната пресметка во Мала Речица. Од една страна се Али Ахмети со...

Регион17 часа

Дачиќ на респиратор, состојбата е сè уште многу сериозна: „Прерано е за било какви прогнози“

Српскиот министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ беше хоспитализиран вчера поради пневмонија и неговата состојба е оценета како многу сериозна....

Свет17 часа

Продолжуваат преговорите за крај на војната во Украина: Трамп му наредил на американскиот тим да се обиде да го спречи убивањето

Американскиот претседател Доналд Трамп му наредил на американскиот преговарачки тим за разговори за завршување на војната во Украина да се...

Македонија18 часа

Претседателот на Албанија, Бајрам Бегај во официјална посета на Македонија

Претседателот на Албанија, Бајрам Бегај, од денес до сабота престојува во официјална посета на земјата. Бегај денеска ќе се сретне...

Македонија18 часа

„Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби и дали поранешните функционери на СДС се исплашени од неговите искази“, прашува ВМРО-ДПМНЕ

„Соработката и партнерството на СДС со екс вицепремиерот Артан Груби излезе на површина. СДС со години молчеа и го толерираа...

Македонија18 часа

„Дури ни Груби првично не се пожалил на безбедносен ризик – ДПМНЕ преку АНБ и МВР без проценка го испратија дома“, велат од Левица

„Фарсата на ДПМНЕ и Артан Груби оди дотаму што, првично, дури ни самиот Груби не пријавил дека се чувствува небезбедно....

Регион19 часа

(Видео) Вучиќ утрово го посети Дачиќ: Неговата состојба е нешто подобра

Српскиот претседател Александар Вучиќ утрово, на пат кон Казахстан, објави дека го посетил министерот за внатрешни работи Ивица Дачиќ и...

Свет19 часа

Клинтонови ќе сведочат за врските со Епстин по заканата со санкции

Четвртина век по напуштањето на Белата куќа, Бил и Хилари Клинтон се само неколку часа од нова правна пресметка со...

Свет19 часа

(Видео) Бројот на жртви во поплавите во Бразил се искачи на 46: потрагата по исчезнатите е во тек

Бројот на жртви од катастрофалните поплави во бразилската држава Минас Жераис се искачи на 46, соопштија пожарникарите во среда. Поплавите...

Регион21 час

„Следните 72 часа се клучни“: Се огласи доктор од клиниката каде што се лекува Дачиќ

Српскиот вицепремиер и претседател на Социјалистичката партија на Србија, Ивица Дачиќ, вчера беше хоспитализиран на Клиниката за пулмологија на Клиничкиот...

Регион21 час

Ивица Дачиќ итно хоспитализиран, во тешка состојба

Српскиот министер за внатрешни работи и вицепремиер Ивица Дачиќ вчера вечер беше хоспитализиран со билатерална пневмонија, тој е во сериозна...

Македонија1 ден

Уставниот суд: Нема постапка за пензиите, запрена за Кривичниот законик

По 5. седница на Уставниот суд, претседателот Дарко Костадиновски и судијата проф. Осман Кадриу информираа за одлуките по предмети од...

Македонија1 ден

Преживеаните музичари од „Пулс“ сведочеа дека не виделе кој ги наместил и активирал прскалките кобната ноќ: „Пожарот почна на рефренот, тргнав кон врата која беше заклучена“

Со опис на првите искри, паниката и стампедото во кое животот го загубија 63 лица, денеска продолжи судењето за пожарот...