Свет
Илир со секретарката на конференција во Мароко
На Конгресот за експанзија на аеродромите што од неделата до денес се одржува во мароканскиот град Маракеш, воздухопловната власт за претставуваат директорот Мехмеди и неговата секретарка
ВОЗДУХОПЛОВНАТА ВЛАСТ ЛЕТА ВО ДВОЈКИ
На Конгресот за експанзија на аеродромите што од неделата до денес се одржува во мароканскиот град Маракеш, воздухопловната власт за претставуваат директорот Мехмеди и неговата секретарка
На Меѓународниот конгрес за експанзија на аеродромите во Мароко, директорот на Управата за цивилна воздушна пловидба на Македонија, Илир Мехмеди, ја однесол и својата секретарка да ги следи излагањата. Ни земал никого од стручните кадри. Секретарката се уште нема решение за работа туку 5-6 месеци работи со договор за дело како техничка секретарка.
Конгресот се одржува од 9 до 11 април во мароканскиот град Маракеш. Тоа е средба од висок ранг на која учествуваат директори на аеродроми и на воздухопловни власти и се разговара на многу теми – за конструкцијата и безбедноста на аеродромите, за менаџментот на воздушниот сообраќај и контролата на летање, за опремата и сервисите на аеродромите, за терминалите и информативната технологија поврзана со аеродромите. "Конгресот нуди можност за средба лице в лице на водечките меѓународни снабдувачи со менаџерите во аеродромската индустрија. Дводневниот настан има и воркшопови и можности за поврзување на учесниците со 200 високи претставници на аеродромите од цел свет", стои во прес – материјалите за Конгресот во Маракеш.
"Можеше да земе некој од директорите на сектори, не знам какво фајде има да оди секретарката", коментираа вчера вработени во Управата.
Секретарката имала завршено високо образование, неколку години живеела во САД, па добро говори англиски, велат во Управата. (А.С.)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Пленковиќ, хрватскиот премиер кој доби трет мандат најави прва седница за понеделник
Откако хрватскиот Сабор вчера ја поддржа 16. Влада на Република Хрватска, а третата предводена од лидерот на Хрватската демократска заедница (ХДЗ) Андреј Пленковиќ, тој во изјава за медиумите рече дека првата седница на новата Влада ќе биде во понеделник и најави продолжување на посветената работа во интерес на хрватскиот народ.
„Благодарам на мнозинството во хрватскиот Сабор што ни ја укажа довербата да станеме Влада на Република Хрватска по трет пат и ние, како што правевме претходните осум години, посветено ќе работиме во интерес на хрватскиот народ, сите наши сограѓани, економијата, врската меѓу татковината и иселениците Хрвати и да спроведеме програма врз основа на која ја добивме довербата на хрватските гласачи“, рече Пленковиќ откако Собранието гласаше за неговата трета Влада
Тој им се заблагодари на сите партнери кои ја поддржаа Владата.
Пратениците во хрватскиот Сабор вчера гласаа за доверба на новата влада на премиерот Андреј Пленковиќ.
За доверба на Владата гласаа 79 пратеници, против беа 61 пратеник, а еден беше воздржан.
Свет
Убиени тројца странски туристи и еден Авганистанец
Вчера од вооружени лица во централен Авганистан се убиени тројца странски туристи и еден Авганистанец, а четворица странски државјани и тројца Авганистанци се ранети, соопшти талибанското Министерство за внатрешни работи.
Според светските агенции не е позната националноста на туристите, ниту кој го извршил нападот за кој што се уапсени четири лица.
Свет
Рјабков: Русија нема доверба во НАТО
Геополитичките проекти со НАТО сега се невозможни, Москва нема доверба во Алијансата и кај нас предизвикува политичка и емотивна одбивност, изјави денеска рускиот заменик министер за надворешни работи Сергеј Рјабков.
„Геополитички дизајн од секаков вид со НАТО е невозможен. НАТО не е пандан способен за преговори, тоа е групација во која не само што немаме ни најмала доверба, туку ни предизвикува политички и, дури би рекол, емотивна одбивност“, рече Рјабков во интервју за ТАСС.
Тој посочи дека Русија ќе работи со оние „кои се подготвени да преговараат на еднаква основа“.
„Големиот евроазиски простор, концептите на евроазиската безбедност, се она што доаѓа во центарот на вниманието на архитектонските проекти во однос на политиката и геополитиката. Според нас, тоа е она на што пред се треба да се фокусираме“, посочи Рјабков.