Свет
Антикорупциската комисија се ниша
Становите на Груевски и неговата мајка ја поделија институцијата за борба против корупцијата, претседателот Маневски демантира
Становите на Груевски и неговата мајка ја поделија институцијата за борба против корупцијата, претседателот Маневски демантира
Случајот со становите на семејството Груевски ја разниша компактноста на Антикорупциската комисија. Прогласувањето амнестија за лидерот на ВМРО-ДПМНЕ во име на институцијата која треба да се справува со корупцијата ги поделила членовите кои немале единствени гледишта за истото прашање, дознаваме неофицијално од извори блиски до ова тело. Некои од нив дури се заканиле и со оставки, бидејќи не биле задоволни од презентираниот став дека Антикорупциска е ненадлежна да утврдува со кои средства мајката на Груевски купила три стана
КАТИЦА ЧАНГОВА
Случајот со становите на семејството Груевски ја разниша компактноста на Антикорупциската комисија. Прогласувањето амнестија за лидерот на ВМРО-ДПМНЕ во име на институцијата која треба да се справува со корупцијата ги поделила членовите кои немале единствени гледишта за истото прашање, дознаваме неофицијално од извори блиски до ова тело. Некои од нив дури се заканиле и со оставки, бидејќи не биле задоволни од презентираниот став дека Антикорупциска е ненадлежна да утврдува со кои средства мајката на Груевски купила три стана.
Анонимни извори тврдат дека ова мислење го застапувале само двајца од седумтемина членови, Михајло Маневски и Слаѓана Тасева, дека некоја неодредена страна застапувал Драган Малиновски, а контра биле Вања Михајлова, Јован Трпеновски, Сами Асани и Нервет Хисмани. Неофицијално се тврди дека во Антикорупциска не се задоволни од настапите на Михајло Маневски, кој од моментот на назначувањето за претседател, наводно, го уривал авторитетот и дигнитетот на Комисијата. Иако нема директна потврда, извесно е дека многу скоро, на посебна седница, Државната комисија за спречување на корупцијата ќе проговори на тема: начинот на одлучување.
Наспроти ова, првиот човек на Антикорупциска, Маневски, демантира какви било неусогласени ставови во Комисијата. "Одлуката за становите на семејството Груевски беше едногласно донесена. За тоа има записник. За секој предмет Комисијата формулира мислење со консензус за кое членовите не гласаат. Што значи, немало ситуација на гласање или на прегласување. Многу работи почнаа со случајот на Груевски, но тврдам дека го завршивме најодговорно и најпрофесионално. Вложивме многу труд, а во постапувањето бевме сериозни и објективни", изјави вчера претседателот на Државната комисија за спречување на корупцијата, Михајло Маневски. Тој рече дека немале седница на која разговарале за начинот на работа на Комисијата ниту, пак, планираат такво нешто.
Иницијалната каписла за нарушување на внатрешните односи во Комисијата била токму одлуката како да се постапи со имотната состојба на Груевски. Факт е дека претседателот Михајло Маневски повеќе пати беше повикуван од владејачкиот СДСМ да го отвори анкетниот лист на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ. Партиски извори велат дека Маневски долго време тактизирал и одбегнувал да се занимава со ова прашање. Поради таквиот однос од премиерот Владо Бучковски заработи несекојдневна етикета дека "се однесувал како да е експозитура на ВМРО-ДПМНЕ, а не како претседател на Антикорупциска комисија". Маневски не излезе пред јавноста да каже што заклучиле за "случајот Груевски". Тоа Ј го препушти на Тасева. Таа, пак, ја искористи приликата за да ја обвини Управата за јавни приходи за неажурно работење со анкетните листови, како и за тоа дека ниту еден случај не добил завршница. Експресно врати директорката на УЈП, Петра Митева, која ги обвини антикорупционерите дека се однесувале пристрасно, бидејќи не сакале да ја видат очигледната злоупотреба на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ. Затоа најави дека против Никола Груевски ќе поднесе кривична пријава за становите.
Маневски беше и на тапет во Собранието, на седницата посветена на пратеничките прашања. И тоа за истата тема: богатството на Груевски, броено низ станови. Одговорност од Антикорупциската во таа пригода побараа пратениците од власта, револтирани затоа што Михајло Маневски не дошол на седницата иако бил уредно поканет. Координаторот на пратеничката група на СДСМ, Јани Макрадули, се посомнева дека Маневски свесно отсуствува, бидејќи не сакал да одговори на прашања за својата сопруга Филимена Маневска и за имотната состојба на Груевски. На Маневски му беше забележано дека бил избран за член на Антикорупциската по предлог на ВМРО-ДПМНЕ и дека во последно време давал политички интервјуа.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Пленковиќ, хрватскиот премиер кој доби трет мандат најави прва седница за понеделник
Откако хрватскиот Сабор вчера ја поддржа 16. Влада на Република Хрватска, а третата предводена од лидерот на Хрватската демократска заедница (ХДЗ) Андреј Пленковиќ, тој во изјава за медиумите рече дека првата седница на новата Влада ќе биде во понеделник и најави продолжување на посветената работа во интерес на хрватскиот народ.
„Благодарам на мнозинството во хрватскиот Сабор што ни ја укажа довербата да станеме Влада на Република Хрватска по трет пат и ние, како што правевме претходните осум години, посветено ќе работиме во интерес на хрватскиот народ, сите наши сограѓани, економијата, врската меѓу татковината и иселениците Хрвати и да спроведеме програма врз основа на која ја добивме довербата на хрватските гласачи“, рече Пленковиќ откако Собранието гласаше за неговата трета Влада
Тој им се заблагодари на сите партнери кои ја поддржаа Владата.
Пратениците во хрватскиот Сабор вчера гласаа за доверба на новата влада на премиерот Андреј Пленковиќ.
За доверба на Владата гласаа 79 пратеници, против беа 61 пратеник, а еден беше воздржан.
Свет
Убиени тројца странски туристи и еден Авганистанец
Вчера од вооружени лица во централен Авганистан се убиени тројца странски туристи и еден Авганистанец, а четворица странски државјани и тројца Авганистанци се ранети, соопшти талибанското Министерство за внатрешни работи.
Според светските агенции не е позната националноста на туристите, ниту кој го извршил нападот за кој што се уапсени четири лица.
Свет
Рјабков: Русија нема доверба во НАТО
Геополитичките проекти со НАТО сега се невозможни, Москва нема доверба во Алијансата и кај нас предизвикува политичка и емотивна одбивност, изјави денеска рускиот заменик министер за надворешни работи Сергеј Рјабков.
„Геополитички дизајн од секаков вид со НАТО е невозможен. НАТО не е пандан способен за преговори, тоа е групација во која не само што немаме ни најмала доверба, туку ни предизвикува политички и, дури би рекол, емотивна одбивност“, рече Рјабков во интервју за ТАСС.
Тој посочи дека Русија ќе работи со оние „кои се подготвени да преговараат на еднаква основа“.
„Големиот евроазиски простор, концептите на евроазиската безбедност, се она што доаѓа во центарот на вниманието на архитектонските проекти во однос на политиката и геополитиката. Според нас, тоа е она на што пред се треба да се фокусираме“, посочи Рјабков.