Свет
Израелската војска влезе во Џенин
Израелските сили за безбедност навлегоа во градот Џенин и уапсија осум палестински активисти.
Израелските сили за безбедност навлегоа во градот Џенин и уапсија осум палестински активисти. Според израелските служби, уапсени се вмешани во производство на ракети и минофрлачи за напади врз израелски градови. Операцијата, во која полесно е ранет еден израелски војник, е една од ретките на Западниот брег, откако Израел и Палестинците во февруари “де факто“ објавија примирје./макфакс/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Нетанјаху му подари на Трамп златен пејџер
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху му подари на американскиот претседател Доналд Трамп златен и обичен пејџер, објави израелскиот Канал 12.
Тоа е симболичен подарок со оглед на тајната операција што ја десеткуваше милитантната група Хезболах. „Тоа беше одлична операција“, рече Трамп.
За возврат, американскиот претседател му подари на Нетанјаху фотографија од нив двајца, со натпис: „На Биби, големиот лидер“.
Потсетиме дека во септември минатата година, илјадници пејџери што ги користеа оперативците на Хезболах низ Либан ненадејно експлодираа, убивајќи и ранувајќи десетици луѓе. Еден ден подоцна, стотици воки-токи, исто така, експлодираа, при што загинаа и беа повредени уште многу луѓе.
Нападите, кои брзо му се припишуваа на Израел, дојдоа додека Израел ја засили контраофанзивата против Хезболах поддржан од Иран.
Свет
(Видео) Трамп, опкружен со деца, потпиша забрана за трансродовите жени во женскиот спорт
Американскиот претседател Доналд Трамп потпиша извршна наредба за забрана на трансродовите жени да се натпреваруваат во женски спортови. Регулативата содржи насоки, прописи и правни толкувања, а Трамп ја потпиша опкружен со деца.
Републиканците велат дека ова ја враќа правичноста кон спортот. Регулативата, која стапува на сила веднаш, во голема мера ги опфаќа средните училишта, универзитетите и масовниот спорт. Голем број спортски управни тела, вклучително и пливање, атлетика и голф, веќе им забранија на трансродовите жени да се натпреваруваат во женски спорт на елитното ниво доколку поминале низ машки пубертет.
BREAKING: Pres. Trump signs an executive order banning transgender athletes from participating in women's sports. https://t.co/nrACqVTkKU pic.twitter.com/l8w44cmH4L
— ABC News (@ABC) February 5, 2025
Регулативата го овластува Министерството за образование да испита како образовните институции го спроведуваат, законот на САД кој забранува полова дискриминација во образовните програми финансирани од федерално ниво.
„Ако дозволите мажи да влезат во женски спортски тимови или ги окупираат вашите соблекувални, ќе бидете под истрага за прекршување на законот и ќе го ризикувате вашето федерално финансирање“, објасни Трамп.
Претставник на администрацијата на Трамп потврди дека Соединетите Држави ќе направат се што можат за да ги спречат трансродовите жени да се натпреваруваат против жени на натпреварите на Меѓународниот олимписки комитет што се одржуваат на американско тло.
Трамп прецизираше дека регулативата ќе важи и за Олимписките игри во Лос Анџелес во 2028 година. Белата куќа соопшти дека оваа регулатива е во согласност со желбите на американскиот народ и ќе обезбеди правичност за жените во спортот, како и нивна безбедност.
Свет
По САД и Аргентина најави напуштање на СЗО
Аргентина ќе ја напушти Светската здравствена организација (СЗО) поради неадекватното управување со пандемијата на Ковид-19, изјави денеска портпаролот на десничарскиот претседател Хавиер Милеј, пренесува ДПА.
„Претседателот нареди повлекување од СЗО поради длабоките разлики во врска со управувањето на СЗО, особено за време на пандемијата на ковид-19“, изјави Мануел Адорни, мислејќи на воведувањето на повеќемесечен карантин во Аргентина за време на владеењето на претходната левичарска влада.
Оваа одлука следи две недели откако претседателот Доналд Трамп ја најави американската одлука да ја напушти оваа здравствена организација на првиот ден од неговиот втор мандат.
На почетокот на пандемијата во 2020 година и Јужна Америка, како и Аргентина, воведе многу строги мерки за сузбивање на ширењето на коронавирусот.
Полициски час беше во сила подолго отколку во речиси која било друга земја на светот и, во некои случаи, луѓето можеа да излегуваат од своите домови само за неопходни набавки и лекарски прегледи.