Свет
Унгарците во игра за државниот пакет во „Телеком“
По одлуката на Владата да ги продаде акциите во телекомуникациската компанија
По одлуката на Владата да ги продаде акциите во телекомуникациската компанија
Унгарците ќе го поскапуваат телефонот, а власта ќе биде со врзани раце
"Маѓар телеком", односно унгарски "Матав", како што до неодамна беше називот на компанијата, може да биде еден од потенцијалните купувачи на пакетот акции кои државата планира да ги продаде од "Македонски телекомуникации". Унгарците, кои се доминантни сопственици на "Телеком" имаат апсолутно право, како и секој друг заинтересиран, да се појават на Берза и да одлучат да купат пакет во износ од 9,9 отсто државни акции. Но, дали тоа навистина ќе се случи, треба да одлучи врвот на "Маѓар телеком". Засега, ваквата можност не ја коментираат унгарските раководители на "Македонски телекомуникации". Во случај раководството да донесе позитивна одлука, на тој начин тие ќе ја зацврстат и онака сигурната позиција во компанијата, бидејќи тие и сега го имаат контролниот пакет. Зголемениот број акции автоматски претпоставува и повеќе унгарски претставници во Бордот на директори, органот кој практично управува со "Телеком". Со своите два отсто акции што ќе ги задржи, Владата нема да има свој човек во Бордот, така што ќе нема никаква контрола и влијание во управувањето, како и врз одлуките што ќе ги носат идните акционери. Унгарците како доминантен сопственик ќе можат без консултација со власта да ги зголемуваат цените на услугите. Во тој случај, Владата ќе биде немоќна да реагира, бидејќи нема систем на контрола. Регулацијата на цените единствено останува во рацете на Агенцијата за електронски комуникации, како регулаторно тело. Златната акција што останува во рацете на државата ќе Ј даде единствено можност за присуство на Годишното акционерско собрание.
Ако Владата инкасира минимум 274 милиони евра во својата каса од продажбата на 45 отсто акции во "Телеком", тогаш што добиваат граѓаните? Високи владини извори, кои инсистираат на анонимност, велат дека освен државата која ќе кешира огромна сума пари, граѓаните нема да видат некое големо фајде. Поевтинување на импулсот тешко дека ќе има, а повеќе од сигурно е дека цената на телефонските услуги ќе одат нагоре.
Министерот за економија пред два дена најави интересирање за купување на државните акции во "Македонски телекомуникации" пројавиле неколку стратегиски инвеститори. Но, се поставува прашањето кој е нивниот интерес да инвестираат по околу 50 милиони евра за пакет од 9,9 отсто акции во "Телеком", кога се знае дека конците во компанијата и натаму ќе ги влече "Маѓар телеком", како доминантен сопственик. Оној што ќе купи пакет-акции ќе добие едно место во Бордот на директори со право на одлучување. А, тоа едно место е важно, но не и клучно, бидејќи одлуките во основа ќе ги носат Унгарците. Тие ќе одлучуваат за инвестициската програма, деловната политика и, на крајот на краиштата, ќе решаваат дали годишната добивка ќе ја поделат на акционерите или не. Сепак, токму добивката е она што го интересира секој акционер, особено оние кои допрва ќе инвестираат во купувањето на акциите. Нивниот интерес ќе биде насочен кон што побрзо враќање на инвестицијата, која и не може да се врати набрзина. Според наши извори од телекомуникациската компанија, се претпоставува дека сумата од 50 милиони евра што би ја платил новиот акционер за пакет-акции би се исплатила за околу десетина години. Период што е прилично долг, така што воопшто не е исклучена варијантата за ова време некои од новите акционери и да се одлучат за препродавање на својот удел.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Макрон: Русија е значително ослабена од конфликтот
Францускиот претседател, Емануел Макрон, тврди дека Русија всушност е значително ослабена од конфликтот.
Според него, Русија влегла во рецесија, станала целосно зависна од Кина, има демографски проблем и се соочува со воен неуспех.
Макрон нагласи дека Европејците сега станаа „единствениот извор на воено финансирање“ за Киев, алудирајќи на Соединетите Американски Држави, кои побараа од Европа да ги засили своите напори.
Тој верува дека не може да се постигне мировен договор меѓу Украина и Русија без учество на Европејците.
„Ние ќе бидеме дел од решението и треба да бидеме дел од решението“, рече Макрон. Тој додаде дека токму тоа е причината зошто неговата канцеларија неодамна воспостави контакт со Москва.
foto/Depositphotos
Свет
Тројца скијачи загинаа во лавина на француските Алпи
Тројца скијачи загинаа откако беа однесени од лавина во луксузниот француски алпски скијачки центар Вал д’Изер, изјави за новинарите Седрик Боневие, задолжен за патеките на одморалиштето.
Боневие рече дека една жртва е француски државјанин, додека другите се странци.
Тој додаде дека инцидентот се истражува.
Медиумските извештаи велат дека инцидентот се случил надвор од пистата.
Се чини дека една од жртвите била зафатена од лавина високо на планинската падина, додека другите двајца биле во група од пет скијачи, вклучувајќи и професионален водич, пониско од планината каде што не можеле да ја видат катастрофата што се приближува.
Не е познато што ја предизвикало лавината, рече Боневие.
Метео Франс, националната метеоролошка служба, во четвртокот го стави подрачјето под црвена тревога поради ризик од лавини.
фото/Depositphotos
Свет
Трамп: Орбан никогаш нема да ги разочара големите луѓе на Унгарија
Претседателот на САД, Доналд Трамп, попладнево ја повтори својата поддршка за унгарскиот премиер Виктор Орбан пред парламентарните избори во Унгарија, само неколку часа откако германскиот канцелар Фридрих Мерц остро го критикуваше унгарскиот лидер за неговите критики за неговата поддршка за Украина.
Во објава на неговата социјална мрежа Truth Social, Трамп го нарече Орбан „вистински силен и моќен лидер кој има докажана евиденција за постигнување феноменални резултати“.
„Тој неуморно се бори за својата голема земја и народ и ги сака, исто како што јас ги сакам Соединетите Американски Држави“, рече Трамп.
Тој, исто така, истакна дека Орбан вредно работи за да ја заштити Унгарија, да ја развие економијата, да создаде работни места, да ја промовира трговијата, да ја запре нелегалната имиграција и да обезбеди закон и ред. Трамп, исто така, се осврна на односите меѓу двете земји за време на неговото претседателствување.
„Односите меѓу Унгарија и Соединетите Американски Држави достигнаа нови височини на соработка и спектакуларни достигнувања под мојата администрација, во голема мера благодарение на премиерот Орбан“, напиша тој.
Трамп, исто така, ја изрази својата желба да продолжи соработката „за да можат двете наши земји да продолжат да напредуваат по овој извонреден пат кон успех“.
Тој потсети дека го поддржал Орбан на изборите во 2022 година. „Бев горд што го поддржав Виктор за реизбор во 2022 година и ми е чест што го правам тоа повторно“.
„Виктор Орбан е вистински пријател, борец и победник и ја има мојата целосна и комплетна поддршка за реизбор како премиер на Унгарија. Тој никогаш нема да ги разочара големите луѓе на Унгарија“, заклучи Трамп.
фото/епа

