Свет
Попчевска не сака да биде жртвено јагне
Тужениот не поднесе барање за ревизија на меѓупресудата, ниту на крајот ја обжали пресудата, вели судијката Снежана Попчевска
Тужениот не поднесе барање за ревизија на меѓупресудата, ниту на крајот ја обжали пресудата, вели судијката Снежана Попчевска
Без основа сум посочена како жртвено јагне и жигосана како несовесен и нестручен судија што прави грешки и во работата, со што ми се прави штета на угледот, рече вчера Снежана Попчевска, судијка од Основниот суд 1 во Скопје. Таа го водеше предметот и ја донесе пресудата за исплата на 727.800 евра отштета во случајот „Бачило“.
Попчевска тврди дека постапувала законски, совесно, стручно, дека не направила ниту еден пропуст и дека никој не и’ вршел притисок при одлучувањето.
– Долго се воздржував од изјави, чекајќи надлежните органи да заземат став за мојата работа во овој случај. Независно од постапката пред надлежните органи, решив да дадам изјава од правна гледна точка за случајот што траеше 4 години – објасни Попчевска на вчерашната прес-конференција.
Таа рече дека предметот го добила според редовниот распоред на работа во судот и дека првото рочиште го закажала по еден и пол месец. За разлика од мислењето на граѓанскиот оддел на Врховниот суд, судијката рече дека тужбата била уредна и дека во неа биле приложени писмени докази и предложени сведоци. Откако ги извела сите докази и ги сослушала тројцата овчари на оштетениот Иснифарис Џемаили, донесла меѓупресуда дека постои основа за исплата на отштета за овците, коњите, ждребињата и за сирењето што, според оштетениот, биле уништени при гранатирање од хеликоптери на Министерството за одбрана. Таа потврди дека Џемаили не се појавил ни на едно рочиште бидејќи имал застапник. Таа не сметала дека е потребно тој да се сослуша, а тоа не го барал ни тужениот во спорот. Судијката потврди дека во предметот немало фотодокументација од местото на настанот. Министерството преку јавниот правобранител се жалело на меѓупресудата при што било доставено известување дека дента над тој регион летале само невооружени хеликоптери што пренесувале трупи. Апелацискиот суд во Скопје ја потврдил меѓупресудата, а писмениот допис од министерството го отфрлил бидејќи не биле доставени други докази со кои би се потврдило тврдењето.
– Значи тричлен судски совет на второстепениот суд утврдил дека нема повреди во првостепената постапка, дека правилно била утврдена фактичката состојба, а материјалното право правилно применето. Потоа беше поднесена иницијатива за покренување барање за заштита на законитоста до Јавниот обвинител. По разгледувањето на предметот, обвинителството го отфрлило барањето. Тужениот можел по ова да поднесе барање за ревизија, но не го направил тоа – рече Попчевска.
Судијката ја продолжила постапката со вештачење на причинетата штета и на изгубената корист од уништувањето на стоката. Вештачењата на пазарната цена на стоката и на изгубената корист ги вршеле Агенцијата за вештачење „Ексик“ и Земјоделскиот факултет.
Судијката рече дека постоела разлика во висината на цените на едно грло стока во двете вештачења, но Џемаили ги прифатил пониските цени. Тужителот Џемаили барал околу 26 милиони денари отштета, но судијката дел од тужбеното барање одбила и му досудила околу 25 милиони денари.
По жалба на министерството преку јавното правобранителство, скопскиот Апелациски суд ја укинал оваа пресуда и дал упатство да се отстранат разликите на цените за трите вида добиток и на еден килограм сирење и каматата да не се пресметува од денот на поднесувањето на тужбата.
– Ми се забележува што каматата на штетата сум ја пресметала од денот на поднесувањето на тужбата, а не од правосилноста на пресудата. Но, во законот за облигациски односи пишува дека каматата се пресметува од денот на настанокот на штетата – рече Попчевска.
Пресудата потоа им била доставена на странките, но никој не ја обжалил.
– Значи немало незадоволни страни. Не сум направила никаков пропуст и критиките се неоправдано упатени кон мене. Во овој суд работам речиси 30, а на граѓанската област 20 години – рече судијката. (Н.Н.С.)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Британските разузнавачи: Русите се’ побрзо напредуваат во Украина
По заземањето на источноукраинскиот град Авдијевка, руските трупи напредуваат побрзо во областа, објави денеска британското Министерство за одбрана во своето секојдневно известување.
„Руските копнени сили навлегоа и создадоа тесен коридор на украинска територија со цел да влезат во градот Очеретин, приближно 15 километри северно од центарот на Авдијивка“, пишува на профилот на Министерството за одбрана.
Оцеретин во областа Доњецк имал околу 3.500 жители пред почетокот на војната.
И по заземањето на Авдијивка во средината на февруари, Русите се уште сметаат дека освојувањето на таа област е една од клучните операции, оценува британското Министерство за одбрана.
„Иако претрпуваат големи загуби, многу е веројатно дека руските копнени сили се во позиција континуирано да ги гаѓаат украинските позиции во областа и дека презеле контрола врз неколку помали населби“, додаваат тие.
Украина се брани од руската инвазија повеќе од две години. Британското Министерство за одбрана редовно објавува информации за напредокот на војната. Москва го обвинува Лондон за ширење дезинформации.
Европа
16-годишно момче избодено во училиште во Германија
16-годишно момче е тешко повредено кога утрово околу 8 часот било избодено од тинејџер (17) во училиште во Нојкирхен-Влуин.
На нападот наводно му претходела вербална расправија.
Постариот ученик наеднаш извадил нож и го ранил 16-годишникот во горниот дел од телото.
Момчето итно било пренесено во болница, а лекарите велат дека неговата состојба е стабилна.
По прободувањето напаѓачот побегнал од училиштето, но полицијата брзо го лоцирала и го уапсила.
Според инспекторот, немало опасност по безбедноста на другите деца во училиштето.
Европа
Во Англија извикал „Алах Акбар“ и убил случаен минувач: „Го направив тоа за луѓето од Газа“
45-годишниот Ахмед Алид вчера беше прогласен за виновен за убиство и обид за убиство. На 15 октомври минатата година, барател на азил од Мароко со нож го уби 70-годишниот Теренс Карни во центарот на англискиот град Хартлпул. Тој претходно го избодел со нож својот заспан цимер Џавед Нури додека викал „Алах Акбар“.
Алид и рекол на полицијата дека сето тоа го направил „за луѓето од Газа“. Само осум дена пред да убие случаен минувач и да го рани својот цимер, милитантите на Хамас го нападнаа Израел. Алид се заколнал дека ќе убиел повеќе луѓе доколку имал митралез и друго оружје, изјави обвинителот Џонатан Сендифорд во Судот во Тесајд.
Алид делел куќа со други баратели на азил во североисточна Англија. Тој бил вознемирен што Нури го прифатил христијанството. Цимерите рекле дека Алид почнал да носи нож откако на телевизија видел прилог за настаните во Газа.