Свет
Папата повика на измирување на христијаните и еврејскиот народ
Папата Бенедикт XVI од историскиот рид Небо, каде според Библијата Господ на Мојсеј му ја покажал Светата земја, утринава повика на измирување на христијаните и Евреите. Ова е прва посета на Папата на некоја арапска земја
На вториот ден од посетата на Бенедикт XVI на Јордан, Pапата во саботата се искачи на ридот висок 840 метри „Старата традиција на аџилак на светите места не’ потсетува на неразделната врска на Црквата и еврејскиот народ“, рекол Папата.Претходно Папата на педесетината свештеници кои ги посетил им се обратил на арапски со поздравот „Ес сеалму алејкум“ (Нека ве следи мир).По престојот на Небо и разгледувањето на црквата подигната таму во 4-от век, Бенедикт XVI треба да отпатува за градот Мадаба, каде ќе постави темели на универзитет.Посетата на Папата на Јордан започна вчера, а е во рамките на осумдневната негова посета на Светат земја која предвидува посета на Израел и на палеситнските територии.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Најмалку 60 лица се повредени во судир на воз и локомотива во Буенос Аирес
Најмалку 60 лица се повредени кога патнички воз се судрил со локомотива и празен вагон во главниот град на Аргентина, Буенос Аирес, соопштија локалните власти.
Пожарникарите, полицијата и брзата помош се на терен и помагаат да се префрлат повредените патници во болниците, објави Ројтерс.
Во судирот првиот вагон од патничкиот воз излета од шините и беше оштетен.
Свет
Најмалку 50 луѓе загинаа во поплавите во Авганистан
Најмалку 50 лица загинаа во Авганистан во поплави по обилните дождови во северната провинција Баглан, изјави портпаролот на Министерството за внатрешни работи, Абдул Матен Кание.
Тој посочи дека бројот на жртви може да се зголеми, пренесе Ројтерс.
Кание рече дека има поплави во повеќе од пет области во Баглан по обилните дождови и на некои домаќинства им е потребна итна помош.
Тој додаде дека за вечерва се предвидуваат две силни невремиња.
„Министерството за внатрешни работи испрати екипи и хеликоптери во областа, но поради недостиг на светла за ноќно гледање во хеликоптерите, операцијата можеби нема да биде успешна“, рече тој.
Најмалку 33 лица загинаа, а 27 се повредени во силните поплави предизвикани од сезонските дождови во средината на април во Авганистан.
Поплави во април го погодија главниот град Кабул и неколку провинции низ земјата.
Свет
САД најавуваат нов пакет помош од 400 милиони долари за Украина
Соединетите Американски Држави денеска ќе објават нов пакет помош од 400 милиони долари за Киев, кој ќе вклучува ракети за системите „Патриот“ и борбените возила на пешадијата „Бредли“, пишува „Политико“, повикувајќи се на неименувани американски претставници.
„Во петок САД ќе објават нов пакет воена помош за Украина во вредност од 400 милиони долари“, пишуваат медиумите.
Политико наведува дека пакетот ќе вклучува ракети „Патриот“ и „Стингер“, пешадиски борбени возила „Бредли“, оклопни транспортери МРАП и противтенковски системи „Јавелин“.